Славка Манева
Славка Манева (Скопје, 2 февруари 1934 - Скопје, 8 јануари 2010[1]) — македонска писателка.[2]
Славка Манева | ||
Родена | 2 февруари 1934 Скопје | |
---|---|---|
Починала | 8 јануари 2010 Скопје | (возр. 75)|
Националност | Македонка | |
Занимање | писателка |
Животопис
уредиРодена во Скопје на 2 февруари 1934. Завршила студии по книжевност на скопскиот Философски факултет. Работела како професор по македонски јазик и литература во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Пишува поезија и проза за деца подолг период. Досега се објавени книгите:
- „Свирипиле“,
- „Џиџа“,
- „Камчето на сакањето“,
- „Волшебниот лифт“,
- „Готварски сказни“,
- „Виножитото што пее“,
- „Од дедо Марковото торбуле“,
- „Приказни без крај“,
- „Куќата на божилакот“.
Во библиотеката „Јунаци и јунаштва“ печатени се книгите „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Има подготвено и преведено антологија на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеќе антологиски избори кај нас.
За книгата сказни „Ѕвездени перничиња“ добитник е на награда „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија. Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година[1].
Творештво
уреди- Свирипиле
- Џиџ
- Камчето на сакањето
- Волшебниот лифт
- Готварски сказни
- Виножитото што пее
- Од дедо Марковото торбуле
- Приказни без крај
- Куќата на божилакот
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Последен збор Славка Манева“. Утрински Весник. 9 јануари 2010. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 149.