19 јануари
датум
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2023 |
19 јануари — 19-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 346 денови до крајот на годината (347 во престапна).
Настани:
1419 | Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија. |
1806 | Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж. |
1853 | Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим. |
1861 | Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД. |
1899 | Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет. |
1915 | Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето. |
1945 | Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900. |
1966 | Индира Ганди станала премиер на Индија. |
1969 | Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на Вацлавскиот плоштад во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет. |
Родени:
Починале:
1526 | Изабела — данска кралица. |
1576 | Ханс Закс — германски поет, мајстор-пејач, драматург и деец на реформацијата |
1938 | Бранислав Нушиќ — српски комедиограф, сатиричар и критичар. |
1998 | Карл Перкинс — американски кантри-пејач. |
2000 | Хеди Ламар — австриско-американска глумица. |
2002 | Вава — бразилски фудбалер. |
2004 | Мирослав Павловиќ — српски и југословенски фудбалер. |
2006 | Вилсон Пикет — американски соул-пејач. |
2016 | Еторе Скола — италијански режисер. |
Празници:
* | Водици (Богојавление). |