29 јануари
датум
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
29 јануари — 29-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 336 денови до крајот на годината (337 во престапна).
Настани:
1573 | Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“. |
1963 | Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница. |
1973 | Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент. |
Родени:
1843 | Вилијам Макинли — претседател на САД. |
1860 | Антон Павлович Чехов — руски раскажувач и драмски писател. |
1866 | Ромен Ролан — француски раскажувач, романописец, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. |
1892 | Ернст Љубич — германско-американски режисер. |
1905 | Барнет Њуман — американски сликар. |
1924 | Лујџи Ноно — италијански композитор. |
1934 | Бранко Миљковиќ — српски и југословенски поет. |
1945 | Том Селек — американски глумец. |
1965 | Доминик Хашек — чешки хокеар. |
1966 | Ромарио — бразилски фудбалер и политичар. |
1969 | Саша Обрадовиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер. |
1976 | Карстен Крон — холандски велосипедист. |
1980 | Иван Класниќ — хрватски фудбалер. |
1981 | Јордан Георгиевски — македонски фудбалер. |
1985 | Марк Гасол — шпански кошаркар. |
1997 | Јусуф Јазиџи — турски фудбалер. |
Починале:
1962 | Фриц Крајзлер — австриско-американски композитор и виолинист. |
1992 | Иван Дојчинов — борец во Шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на „Партизанска споменица 1941“. |
1992 | Вили Диксон — американски блуз-музичар. |
2005 | Ефраим Кишон — израелски писател, сценарист и режисер. |
2013 | Буч Морис — американски џез-музичар. |
2016 | Жак Ривет — француски режисер. |
2019 | Џејмс Инграм — американски поп-пејач. |