Алберто Палоски (роден на 4 јануари 1990) — италијански фудбалер, напаѓач на СПАЛ.

Италија Алберто Палоски
Лични податоци
Роден на 4 јануари 1990(1990-01-04)(34 г.)
Роден во Бреша, Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб СПАЛ СПАЛ
Број 43
Младинска кариера
Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Милан Милан 7 (2)
2008–2011 Парма Парма 57 (16)
2011Џенова Џенова 12 (2)
2011 Милан Милан 0 (0)
2011–2016 Кјево Кјево 144 (42)
2016 Свонзи Сити Свонзи Сити 10 (2)
2016- Аталанта Аталанта 13 (0)
2017-2021СПАЛ СПАЛ 59 (9)
2020Каљари Каљари 7 (0)
2021-2023Сиена Сиена 53 (17)
Репрезентација
2006–2007 Италија Италија 17 9 (4)
2007–2008 Италија Италија 19 11 (4)
2008 Италија Италија 20 1 (0)
2008– Италија Италија 21 29 (9)
* Ажурирано на: 13 мај 2012
** Ажурирано на: 4 јуни 2012

Кариера

уреди

Својата фудбалска кариера ја започнал во младата школа на Милан. Во сезоната 2007/08 дебитирал за првата екипа на ФК Милан. Во периодот од 2008 до 2010 година настапувал на ФК Парма, каде во 2011 година бил преотстапен на Џенова. По крајот на сезоната 2010/11, тој се вратил во Милан.

Кјево

уреди

На 8 август 2011, Палоски му се приклучил на Кјево на заем, откако тимот од Верона откупил половина од неговиот договор. Тој го направил своето деби во жолта-синиот дрес на 18 септември 2011 во првенствен натпревар против Парма кој завршил со пораз на неговиот тим со 2-1; Палоски се појавил како замена во текот на првото полувреме на местото на Серџо Пелисије и постигнал гол во 79-тата минута за моментални 1-1, но во 90-тата минута Себастијан Џовинко со својот втор гол на натпреварот им донел победа на домаќините. Во својата прва сезона за Кјево одиграл 36 натпревари постигнувајќи 6 гола. На крајот на сезоната Кјево и Милан се договориле за продолжување на заемот на играчот до крајот на сезоната 2012-2013 сезона.

Надворешни врски

уреди