Наставник
Наставник[1][2], учител[3][4] или професор[5][6], архаично даскал[7][8] — личност која воспитува ученици (деца) и студенти (возрасни). Улогата на наставникот е во многу случаи формална и еднолична, се изведува во училиште или друго место каде се изведува формално воспитание. Во многу земји личноста која сака да стане наставник мора прво да се стекне со специфицирани професионални квалификации или акредитации од универзитет или факултет. Во овие професионални квалификации може да биде вклучено и изучувањето на педагогијата, наука за воспитанието. Наставниците, како и останатите професионалци, би требало да го продолжат своето образование по стекнувањето квалификации, процес познат како постојан професионален развој. Наставниците може да користат план за наставен час за да го забрзаат учењето на наставните содржини кои се предвидени во наставниот план.
Одделенски и предметни наставници
уредиРаботата во училиштата се организира по систем на класни/одделенски и предметни наставници.
Системот на класни наставници се спроведува во помладите класови на основното училиште, а се состои во тоа еден наставник да ги обучува сите наставни предмети пропишани по наставен план. Додека постои таков систем на постојани класни наставници, таквиот наставник може да ги води своите ученици од I до IV клас, иако класните наставници можат и да се специјализираат за поедини класови ако за тоа постои објективна можност во училиштето и субјективна желба на наставникот.
Прв степен на основното училиште
уредиВо помладите класови можен е системот на класни наставници поради тоа што има помалку наставни предмети, помал е бројот неделни наставни часови, интензитетот на обработка на наставните содржини сѐ уште не е толку длабок да би требало посебна стручна специјализација по наставни предмети. Освен тоа, тој систем му овозможува на наставникот внимателно да ги воведе учениците во школувањето кое после тоа ќе трае долго, да го запознае секој ученик во интензивниот развоен период, да организира поеластичен начин на работа адекватен на психофозичките одлики на учениците на таа возраст.
Среден степен на основното училиште
уредиНа средниот степен на основно училиште се зголемува бројот на предмети, почнува диференцијација и посебно проучување на подрачјето на природата и подрачјето на општеството, наставните содржини треба значително подлабоко да се расветлат, што бара и значително подобро познавање на наставните содржини, а на тој степен постепено се воведуваат предметни наставници, т.е. стручњачи за поединечен предмет.
Организацијата на наставата на средниот степен на основно училиште може да се спроведе на повеќе начини. Најнапред веќе од IV клас според можностите на некои премети може да се воведат предметни наставници, на пример за странски јазик, технчко и производно воспитание, музичко воспитание и сл. Понатаму, работата може да се подели така што во училиштата во кои постојат најмалку две одделенија од IV клас, два наставника меѓусебно да ја поделат наставната работа според своите предметни интереси за природна, односно општествена група предмети, така да, на пример, едниот ја презема наставата по запознавање на природата, математика, техничко и производно воспитание и физичко воспитание, а другиот наставата по запознавање на општеството, мајчин јазик, ликовно и музичко воспитание.
Аналогно решение може да биде и во V клас. Сето тоа би било хоризонтална поделба на работите во класниет оддленија од IV и V клас. Меѓутоа, на тој среден степен работата може да се подели и по вертикала, т.е. така што наставниците во IV и V клас преземат слична група премети, дури и бројчено помала.
Средниот степен на основно училиште е преодна етапа од систем на постојани класни наставници на систем на предметни наставници, па поради тоа тој премин мора да биде благ. Таков благ премин е можен поради тоа што со школувањето на наставникот на педагошките академии се формира единствен статус наставник за работа во основно училиште, кои по стручна и педагошка спрема можат да се вклучат во изведвање на настава на среден степен. Освен тоа, и наставната програма на некои предмети по својата концепција, па дури и по структура е единствена за IV и V клас, што овозможува поделба на наставната работа по вертикала. Но, таква организација на наставата со постепено воведување на предметните наставници на средниот степен на основно училиште е оправдана ако е квалитетна, поекономична и на наставниците полесна за изведување.
Висок степен на основно училиште и средно образование
уредиНа повисокиот степен на основното училиште се спроведува настава со стручни предметни наставници. Но, и овде треба да се нагласи потребата од лична концентрација, покрај напомената дека ако е можно, наставникот во исто одделение ги обучува своите стручни предмети а не да се ограничува на самиот предмет. На повисокиот степен на основно училиште потребна е уште поголема длабочина во расветлување на наставните содржини, потреба е и посебна способност за изведување специфични активноати за поединечен предмет, па е многу потребно воведување на предметни стручњаци.
Според тоа, во помладите класови на основното училиште спроведена е 100 % лична концентрација т.е. еден наставник ги обучува сите предмети пропишани со наставниот план. Во класовите со предметни наставници се препорачува одреден степен на лична концентрација т.е. предметниот наставник во исто одделение ги обучува предметите од својата струка. Но, како и покрај тоа во постарите класови на основното училиште и во средното училиште во едно одделение обучуваат повеќе наставници потребно е тие како членови на класниот совет повремено да се договараат поради ускладување на наставната работа (т.н. методичка концентација), што е во склад со потребата за интеграција на наставата.
Во некои земји се пристапило на воведување на т.н. двојни предметни наставници. Во наставата истовремено работат два наставника кои меѓусебно се помагаат (слично како што на факултетите на наставникот во наставата му помага неговиот помошник, односно асистент), па дури и поголема група наставници со внатрешна поделба на работата (т.н. тимска настава).
Поврзано
уредиНаставникот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Простете, учителе“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[9]
- „Учителот и љубовта“ — краток расказ на македонскиот писател Рамадан Рамадани.[10]
- „Учителот Гароне“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[11]
- „Екстерно тестирање“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[12]
- „Учител“ — краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[13]
- „Учители“ (англиски: Teachers) — песна на француската група Дафт Панк (Daft Punk) од 1997 година.[14]
- „Учители“ (англиски: Teachers) — песна на канадскиот музичар Леонард Коен.[15]
Наводи
уреди- ↑ „наставник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „наставник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „учител“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „учител“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „професор“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „професор“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „даскал“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „даскал“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 75-78.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 213.
- ↑ Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 489-490.
- ↑ Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 223.
- ↑ YouTube, Daft Punk - Teachers (Official Audio) (пристапено на 4.2.2017)
- ↑ YouTube, Leonard Cohen - Teachers (Subtitulado) (пристапено на 28.1.2020)