Џанлука Вијали (Кремона, 9 јули 1964 - Лондон, 6 јануари 2023) — бил поранешен италијански фудбалер и фудбалски тренер, кој играл на позицијата напаѓач.

Џанлука Вијали
Лични податоци
Роден на 9 јули 1964
Роден во Кремона, Италија
Починал на 6 јануари 2023(2023-01-06) (воз. 58 г.)
Починал во Лондон, Велика Британија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 1999
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1980-1984 Кремонезе Кремонезе 105 (23)
1984-1992 Сампдорија Сампдорија 223 (85)
1992-1996 Јувентус Јувентус 102 (38)
1996-1999 Челси Челси 58 (21)
Репрезентација
1985-1992 Италија Италија 59 (16)
Раководител на екипите
1998-2000 Челси Челси
2001-2002 Вотфорд Вотфорд
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Вијали ја започнал својата кариера во екипата на Кремонезе во 1980 година, каде што тој направил 105 лигашки настапи, постигнувајќи 23 гола. Со неговите настапи го импресионирал раководството на Сампдорија, со која потпишал во 1984 година. За тоа време тој постигнал 85 лигашки голови, освоил 3 Купа на Италија, едно скудето и Купот на победниците на куповите. Во 1992 се преселил во Јувентус за светски рекордна сума од 12.500.000 фунти. За време на неговиот престој во Торино тој со клубот ги освоил речиси сите можни трофеи: Скудетото, Купот на Италија, Суперкупот на Италија, Лигата на шампионите и Купот на УЕФА. Во 1996 година Вијали му се приклучил на Челси, а следната сезона станал играч-менаџер. Во Англија тој го освоил ФА купот, Лига купот, Купот на победниците на куповите и Суперкупот на Европа. Тој е еден од само деветте фудбалери кој ги имаат освоено сите три главни европски клупски натпреварувања и е единствениот играч во европската фудбалска историја кој има победнички и вицешампионски медали во сите три главни европски клупски натпреварувања.

За италијанската репрезентација играл на две Светски првенства во 1986 и 1990 и на едно Европско во 1988. За време на неговата дваесетгодишна кариера како професионален фудбалер, тој има постигнато 259 голови на клупско ниво, 16 гола за репрезентацијата и 11 гола за репрезентацијата под 21 година што прави вкупно 286 гола во повеќе од 500 настапи.

Играчка кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Вијали доаѓа од семејство од Кремона, а својте први фудбалски чекори ги направил во младинскиот центар Ораторио, во селото По ди Кремона.

Тој се приклучил на младинскиот погон на екипата на Пицигетоне, а потоа се преселил во Примаверата на Кремонезе, каде тренер бил Гвидо Сетембрино.

Кремонезе

уреди

Неговата кариера на професионално ниво започнала во 1980. Во првата сезона со Кремонезе, 1980-1981 во Серија Ц1, тој имал два настапи без постигнат гол. Наредните три години играјќи во Серија Б секогаш постигнувал голови за Кремонезе, за вкупно во 103 натпревари да постигне 23 гола. Две сезони во тој период тренер на клубот бил Емилијано Мондонико.

Сампдорија

уреди

По почетокот на кариерата во Кремонезе, клубот од родниот град Вијали преминал во редовите на Сампдорија[1], каде оформува силно партнерство во нападот со својот пријател од детството, Роберто Манчини. Со Вијали во топ-форма Сампдорија ги остварила својте најзначајни успеси во својата клупска историја. За првпат во историјата го освоиле насловот првак на Италија во сезоната 1990-91 во која Вијали бил најдобар стрелец во првенството со постигнати 19 голови. Покрај Серија А, како фудбалер на Сампдорија, Вијали го освоил и Купот на победниците на куповите во сезоната 1989-90, каде во финалето на овој турнир тој ги постигнал двата гола во продолженијата за победа над Андерлехт. Исто така тој освоил и три италијански купа во 1985, 1988 и 1989 година.

Во 1992 година Сампдорија играла во финалето на Лигата на шампионите, но тоа единствено финале досега во нивната истотрија го загубиле од шпанската Барселона. Вијали играл до 100-тата минута од натпреварот кога бил заменет, а 12 минути по неговото излегување од игра Барселона го постигнала единствениот гол за победа во тоа финале преку Роналд Куман.

Јувентус

уреди

Во сезоната 1992-1993 тој се преселил во Јувентус за рекордна сума од 12.5 милиони фунти во која била вклучена и размена на четири играчи (Микеле Серена, Еугенио Корини, Никола Занини и Мауро Бертарели), кој од Јувентус отишле во Сампдорија[2].

Во тимот на Јувентус, тој играл во нападот првично со Раванели и Баџо, а потоа со Раванели и Дел Пјеро.

Своето деби за Јувентус, Вијали го направил на 6 септември 1992 во натпреварот без голови нагости против Каљари. Во следното-второ коло од првенството тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб во победата од 4-1 над Аталанта на домашен терен. На 4 септември, Вијали го постигнал третиот погодок за Јуве во победата над Наполи во Неапол со 2-3, со прекрасно изведен слободен удар во десниот горен агол. [3] Во 11-тото коло од првенството во дербито на градот, Вијали го израмнил резултатот во 75-тата минута, а неколку минути пред крајот на натпреварот фудбалерите на ФК Торино си постигнале автогол и Јувентус победил со 2-1. Потоа тој реализирал и во последните минути од натпреварот против Парма, кога со волеј ја зафатил топката која ја нафрлил Андреас Мелер од левата страна за да го спаси својот тим од пораз. Неговите последни два првенствени гола Вијали ги постигнал на Деле Алпи против Фоџа и Лацио. Сепак, со оглед на вложените средства за неговиот трансфер, може да се каже дека Вијали разочарал во својата прва сезона во Торино, која ја завршил со само 6 првенствени гола и останал во сенката на Роберто Баџо кој бил убедливо најдобар стрелец на клубот. Но затоа пак, во неговата деби-сезона во клубот тој го освоил Купот на УЕФА, кој бил единствениот освоен трофеј на Јуве во оваа сезона.

Две години подоцна, во текот на сезоната 1994-1995, Вијали го освоил скудетото, проследено исто така со насловот во италијанскиот Суперкуп каде бил победен неговиот поранешен клуб Сампдорија.

На почетокот од сезоната 1995-96, Вијали станал новиот капитен на клубот по заминувањет на Баџо во Милан. Оваа сезона тој го предводел својот клуб до насловот во Лигата на шампионите победувајќи го во финалето во Рим, Ајакс по изведување на пенали[4]. Така Вијали успевал да го освои трофејот, кој го загуби со Сампдорија четири години порано.

Со Бјанконерите од Торино тој одиграл вкупно 102 натпревари во Серија А во четири сезони, и постигнал 38 голови.

Челси

уреди

По финалето во Лигата на шампионите, Вијали го напуштил Јувентус и се преселил во Англија, потпишувајќи за лондонскиот Челси каде играл три години и ја завршил својата фудбалска кариера. Тука тој ја започнал својата менаџерска кариера, откако во неговата последна сезона како фудбалер тој бил назначен за играч-менаџер.

Репрезентативна кариера

уреди

Тренерска кариера

уреди

Тренерска статистика

уреди
Тим Држ Од До Скор
Н Поб Пор Н Победи %
Челси   12 февруари 1998 12 септември 2000 143 76 29 38 53.15
Вотфорд   1 јуни 2001 14 јуни 2002 52 20 21 11 38.46

Титули

уреди

Играч

уреди

  Сампдорија

уреди

  Јувентус

уреди

  Челси

уреди

  Италија

уреди

Тренер

уреди

  Челси

уреди


Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. 1. Panini. 2012. стр. 10.
  2. panini, уред. (2012). Вијали потпиша за Јувентус. 9. стр. 10.
  3. Наполи-Јувентус 2-3
  4. Јувентус првак на Европа
Спортски позиции
Претходник
 
Роберто Баџо
Капитен на Јувентус
1995–1996
Наследник
 
Антонио Конте