25 јануари
датум
Предлошка:Јануари 2025 25 јануари — 25-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 340 денови до крајот на годината (341 во престапна).
Настани:
1533 | Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катерина Арагонска. |
1579 | Во Утрехт побунетите покраини Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадале Утрешки сојуз за борба против Шпанија. |
1904 | Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“. |
1918 | Со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија. |
1924 | Во францускиот град Шамони почнаа првите Зимски олимписки игри. |
1942 | Втора светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД. |
1955 | Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија. |
1971 | Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин. |
1991 | Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија. |
1996 | Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија. |
1996 | Република Македонија и Белиз воспоставиле дипломатски односи. |
Родени:
- 1928 - Едуард Шеварнаѕе, грузиски претседател
- 1975 - Тим Монтгомери, американски атлетичар
- 1983 - Ексел Цедрич Конан, фудбалер од брегот на слоновата коска, кој настапува за Лече во Серија А
Починале:
844 | Григориј IV — римски папа. |
1756 | Кристоф Томас Шефлер — германски фрескописец. |
1824 | Теодор Жерико — француски сликар и графичар. |
1896 | Фредерик Лејтон — англиски сликар. |
1920 | Амадео Модиљани — италијански сликар. |
1987 | Асим Ферхатовиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1987 | Предраг Милосављевиќ — српски и југословенски сликар, дипломат и писател. |
1990 | Ава Гарднер — американска глумица. |
2015 | Демис Русос — грчки поп-пејач. |
2017 | Џон Херт — англиски глумец. |
2019 | Душан Макавеев — српски и југословенски филмски режисер. |
2022 | Вим Јансен — холандски фудбалер. |
- 1947 - Ал Капоне, американски гангстер
- 1990 - Ава Гарднер, американска глумица