Питер Бројгел Постариот
Питер Бројгел Постариот (холандски: Pieter Bruegel de Oude; ~ 1525 — 9 септември 1569) — фламански ренесансен сликар и графичар познат по своите предели и слики со селани. Неговиот прекар е 'Селанецот Бројгел' со цел истиот да се разликува од останатите членови на династијата Бројгел, но неговата големина најчесто дозволува негово повикување само при спомнувањето на името Бројгел (без притоа да се прецизира на кој Бројгел се мисли). Во 1559 година самоволно, Бројгел ја отфрла буквата h од неговото латинско име — Brueghel и своите слики почнува да ги потпишува со називот Bruegel.
Питер Бројгел Постариот | |
---|---|
„Сликарот и љубителот“ (~1565), веројатно автопортрет. | |
Роден(а) | Бреда, Брабант, Ниски Земји |
Познат(а) по | сликарство, графика |
Значајни дела | „Селска свадба“ |
Правец | холандско-фламанска ренесанса |
Живот
уредиПостојат информации дека Бројгел е роден во Бреда, но не е сосема сигурно дали се мисли на истоимениот холандски град, или пак на белгискиот град Бри, кој на латински се пишува сосема исто како неговиот холандски пандан. Дел од својот живот го поминува во Франција и Италија, по што заминува во Антверпен, каде во 1551 година, прогласен е за мајстор на сликарскиот занает во рамките на сликарскиот цех. Наскоро повторно заминува за Италија и на малку наминува во Антверпен, пред да се насели во Брисел каде останува десетина години. Таму и умира на 9 септември 1569 година. Во некои записи, 1590 е годината во која е обележана смртта на Бројгел.
Питер Бројгел Постариот е татко на Питер Бројгел Помладиот, како и на Јан Бројгел Постариот. Двајцата негови синови стануваат подоцна сликари, но со оглед на фактот што и двајцата биле млади кога нивниот татко умрел, ниту еден од нив не прима соодветна обука од големиот мајстор. Според истражувачот на животот на Бројгел династијата, Карел фан Мандер, најверојатно и двајцата биле поддучувани од нивната баба.
Стил
уредиВо последните години од својот живот, Бројгел промовира еден поедноставен начин на сликање во споредба со типичниот практикуван во негово време. Најголемо влијание врз неговата работа има уште еден голем холандски уметник — Јероним Бос, и тоа особено во неговиот ран период, кога Бројгел ги слика своите "демонолошки" слики како Триумфот на смртта. Сепак, најголема инспирација Бројгел наоѓа во природата, поради што со право се смета за еден од најголемите пределни уметници во историјата. Во своите предели, Бројгел успева практично да напише приказна, комбинирајќи низа сцени во една единствена композиција. Ова особено се забележува во неговите слики Падот на побунетите ангели, како и во веќе споменатата Триумфот на Смртта.
Теми
уредиБројгел се специјализира за сликање на предели полни со селани. Често е претставен како еден од првите западни сликари кои пределите ги прават уметност, поради тоа што претходно пределот служи само како позадина на некоја слика од религиозен карактер.
Истовремено неговиот жив дух и смислата за хумор ќе му овозможат да ги создаде едни од првите слики што имаат за цел да служат како прониклив протест кон општеството во историјата на уметноста. Пример за слика од ваков тип е Борбата меѓу Карневалот и Постот, како и резбите Магарето во училиште и Борбата меѓу ковчежињата и прасенцата. На својата смртна постела, Бројгел ѝ наредува на жена му да ги запали сите негови слики од ваков карактер со цел да го спаси семејството од политичко прогонство.[1]
Дела
уредиПостојат 45 автентични слики на Бројгел, од кои една третина се сместени во музеи во Виена. Многу други се изгубени. Исто така постојат и низа скици, резби и студии.
- Предел со Христос и апостолите крај Тиберското Море, 1553, приватна збирка
- Големите риби јадат мали риби, 1556, Виена
- Магаре на училиште, 1556, Берлин
- Параболата за сеачот, 1557, Сан Диего
- Предел и падот на Икар, о.1554-55, Брисел
- Фламански поговорки, 1559, Берлин
- Борбата на карневалот и постот, 1559, Виена
- Морска битка во Неаполскиот Залив, 1560, Рим
- Портрет на една стара жена, 1560
- Детски игри, 1560, Виена
- Умереност, 1560
- Савле (Борбата против Филистејците на Гилбоа), 1562, Виена
- Два мали мајмуни, 1562, Берлин
- Триумфот на смртта, о. 1562, Мадрид
- Падот на побунетите ангели, 1562, Брисел
- Самоубиството на Саул 1562, Виена
- Дул Грит, о. 1562, Антверпен
- Вавилонската кула, 1563, Виена
- Лет кон Египет, 1563, Лондон
- "Малата" Вавилонска кула, о. 1563, Ротердам
- Смртта на Девицата, 1564, Оксфордшајр
- Искачување на Голгота, 1564, Виена
- Обожавање на кралевите, 1564, Лондон
- Месеците. Циклус на 6 слики за сите месеци, од кои останати се само пет:
- Ловци во снегот (дек.-јан.)]] 1565, Виена
- Тмурен ден (фев.-мар.), 1565, Виена
- Жетва на сено (јун.-јул.), 1565, Чешка
- Жетва (авг.-сеп.), 1565, Њујорк
- Враќање на стадото (окт.-ное.), 1565, Виена
- Зимски предел со стапица за птици, 1565, Брисел
- Клеветењето на Апел, 1565, Британски музеј, Лондон
- Колежот на невините, о. 1565, Хемптон Корт, Велика Британија/ Виена
- Сликарот и купецот, о. 1565, Виена
- Проповедите на Јован Крстител, 1566, Будимпешта
- Пописот во Витлеем, 1566, Брисел
- Свадбен танц, о. 1566, Детроит
- Преобразувањето на Павле, 1567, Виена
- Земјата на медот и млекото, 1567, Минхен
- Озборувачите кај бесилката, 1568, Дармштат
- Мизантропот, 1568, Наполи
- Слепиот го води слепиот, 1568, Наполи
- Селска свадба, 1568, Виена
- Селски танц, 1568, Виена
- Питачите, 1568, Лувр, Париз
- Селанецот и крадецот на гнезда, 1568, Виена
- Трите воини, 1568, Њујорк
- Бурата над морето, незавршено дело, веројатно последната слика на Бројгел.
Занимливости
уреди- Во 2005 година, Питер Бројгел Постариот е номиниран за добивање на титулата De Grootste Belg („Најголемиот Белгиец“). Во Фламанското издание, завршува на седумнаесеттото место. Во Валонското пак, на 58то. Една година пред тоа, Бројгел е прогласен за 152ри најголем Холанѓанец (De Grootste Nederlander) на сите времиња.
- Во филмот Соларис на Андреј Тарковски, вселенскиот брод содржи репродукција на Месеците на Бројгел. Во Андреј Рубљов пак, има сцена која многу потсетува на сликата Изкачување на Голгота. Огледало презема еден од своите зимски предели од Бројгеловата слика Ловци во снегот.
Семејна лоза
уредиОва е семејна лоза на уметничката фамилија Бројгел, која започнува со самиот Питер Бројгел.
Питер Бројгел Постариот | |||||||||||||||||||||||||||||||
Питер Бројгел Помладиот | Јан Бројгел Постариот | ||||||||||||||||||||||||||||||
Амброзиј Бројгел | Јан Бројгел Помладиот | Ана Бројгел | Давид Тенирс Помладиот | ||||||||||||||||||||||||||||
Абрахам Бројгел | |||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ Хајат А. Мајор Слики и луѓе: Социјалната историја на сликите. Princeton: Princeton University Press, 1971, стр. 426.
Надворешни врски
уреди„Питер Бројгел Постариот“ на Ризницата ? |
- Биографија на Бројгел на Веб Галеријата на Уметноста
- Питер Бројгел Постариот во "Светската Историја на Уметноста" Архивирано на 10 март 2008 г.
- Комплетна список на сликите. Ги содржи и сите 100 поговорки од истоимената слика со објаснување (на француски). Архивирано на 13 август 2020 г.
- Fine Art Wallpapers - Слики на Бројгел со голема резолуција (комерцијален).