Ѓорѓи Здравев
Проф. Д-р Ѓорѓи Здравев (Радовиш, 2 април 1941 - Скопје, 8 јануари 2007) — истакнат македонски етнолог и костимограф, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. [1]
Ѓорѓи Здравев | ||
![]() | ||
Роден | 2 април 1941 Радовиш, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 8 јануари 2007 Скопје, Македонија | (возр. 65)
Ран живот и обрзование
уредиЃорѓи Здравев е роден во Радовиш во 1941 година, каде и го стекнал основното образование, а во 1961 година го завршил средното образование во Училиштето за применета уметност во Скопје. По завршувањето на средно образование, Здравев студирал на Академиајта за применети уметности – оддел костимографија, на Универзитетот во Белград, привремено работејки како наставник по ликовно во Радовиш.
Студиите ги завршил во 1967 година, а веднаш потоа се запишал на постдипломски студии на истиот факултет. По отслужувањето на воениот рок, во 1968/69 година се вработил во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје на работно место асистент-истражувач на текстилна народна орнаментика. Во 1972 година ги завршил постдипломските студии и магистрирал со темата „Благородничкиот костим во Македонија во XIV и XV век“ (ментор: проф. д-р Павле Васиќ).
Кариера
уредиЕдна учебна година работел како наставник во Училиштето за примената уметност во Скопје, а 1974 година се вратил во Институтот за фолклор.
Во тој период бил избран во звањето научен соработник и станал раководител на Одделот за народна орнаментика. Во истото звање и на истата функција бил преизбиран повеќе пати. Во два наврата вршел должност на директор на Институот.
Во 1981 година бил избран во звањето доцент по предметот костимографија на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Во меѓувреме пријавил и му била прифатена докторска теза на Одделението за етнологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград (ментор: проф. д-р Ѓурѓица Петровиќ).
Во 1991 година јавно ја одбранил докторската теза на тема „Социјалните и естетските аспекти на македонските народни носии“ и се здобил со академскиот степен на образование доктор на етнолошки науки. Во 1992 година, во Институтот за фолклор го добил звањето виш научен соработник. Истата година (1992) на Факултетот за драмски уметности ги добил звањето вонреден професор. Потоа се вработил во Институтот за старословенска култура – Прилеп, каде 1995 година го добил звањето научен советник. Во 1996 година, на Факултетот за драмски уметности – Скопје, бил преизбран во звањето вонреден професор по предметот костимографија и историја на костимот.
Во 1999 година се вработил на ПМФ во Заводот за етнологија при Институтот за географија, со наставно-научно звање вонреден професор. Бил избран за предметот „Воневропски народи 2“, но веднаш му бил доделен и предметот „Етнологија на Македонците 1“. Во 2004 година бил избран по свањето редовен професор. Кон крајот на 2005 година на свое барање заминал во пензија.
За време на својот работен век проф. Здравев учествувал на повеќе домашни и меѓународни семинари конференции форуми и други стручни и научни собири. За неговиот особено важен придонес треба да напомене неговата издвачка дејност од областа на етнологијата со неговите две научни дела „Македонски народни носии 1“ (1996) и „Македонски народни носии (ткаеници, везови, плетила, китење и накит)“ (2006), кои претставуваат сублимација на неговата многугодишна научно-истражувачка дејност. Има објавено повеќе од 80 стручни и научни трудови. Како најзначајни се посебните изданија на Институтот за фолклор Марко Цепенков меѓу кои: "Народните тантели и сорки во Овчеполието" Македонски фолклор 5 Скопје 1975, "Современата состојба на текстилното народно творештво и народната носија во Велешко" Македонски фолклор 22 Скопје 1988.
Дел од неговото творештво претставуваат и повеќе уметнички изложби во земјава и надвор самостојни или групни преку ДЛУПУМ. Во 1987 г. од ДЛУПМ ја добива наградата „Бигорски следбеници“.
Здравев бил истакнат македонски костимограф кој подготвил повеќе од педесет костимографии за театарски претстави во Македонија како што се „Црна Комедија“, „Грдиот Нарцис“, „Слепци“, „Легендата за Бошко Буха“, „Чук чук Стојанче“, „Чудото за Св. Ѓорѓи“, „Цар Едип“, „Ослободувањето на Скопје“ и многу други. За костимографија во една од легендарните претстави на Драмскиот театар - „Јане Задрогаз“ во 1975 година ја добил Стериината награда во Нови Сад. Бил добитник на наградите „Војдан Чернодрински“, „Гоце Делчев“ за придонес во науката во 1997 година, „13 Ноември“ за особени достигнувања во областа на науката во 2006 година. Исто така бил и член во стручниот одброр на манифестацијата "Ревија на народни носии" во Струга, член на одборот на Симпозиумот за Балкански фолклор, член на редакцискиот одбор на збрникот на научни трудови "Македонски фоклор", член на Комисијата за фолклор при Републичката културно - просветна заедница. Покрај работата како костимограф работел и како стучен соработник во многу телевизиски емисии и телевизиски драми меѓу кои и серијата „Бушава азбука“.
Влијание врз културното наследство
уредиЦенејќи ја работата на проф. д-р Ѓорѓи Здравев како научник, можеме да кажеме дека во втората половина на 20. век, тој спаѓа меѓу ретките истражувачи и теоретичари на етнографските и естетските карактеристики на македонската народна носија и целокупното текстилно народно творештво. Беше присилен да оди напред со големи чекори за да пополни барем дел од оној неразумно создаден вакуум од повеќе од триесет години непостоење студии по етнологијата во Македонија во периодот 1953-1986.
Соочен со проблемот на фрагментарност на изворите и материјалите од областа на текстилното народно творештво, д-р Ѓорѓи Здравев за време на својот работен век изврши обемни теренски истражувања низ цела Македонија проследени со детална обработка на материјалите. На тој начин успеа да создаде сопствена база и сопствено мислење за процесите поврзани со појавата, развојот и губењето на народната носија како симбол на македонските етнички заедници, групи и подгрупи со локални обележја во рамки на македонската етничка култура.
„Со својата несекојдневна сестраност, што се изразува преку достигнувањата во етнологијата и уметноста, Ѓорѓи Здравев ќе остане дел од нашата културна историја. Верувам дека новите генерации допрва ќе го запознаваат, ќе го изучуваат и ќе го почитуваат“ - Анета Светиева
Врз истражувања
уредиД-р Ѓорѓи Здравев отиде чекор понапред во истражувањето на македонската народна носија преку посебните истражувања на нејзината функција и во таа смисла на нејзината општествена услловеност во рамки на севкупноста на македонската етничка култура до средината на 20. век.
Во народната култура, како свадба, смрт, народен календар, етнички групи, итн., скоро редовно ги цитираат научните резултати на проф. д-р Ѓорѓи Здравев како клучна аргументација и доказ плус во поткрепа на сопствените научни резултати за пресудното влијание на традициската општествена регулатива врз културата и поединецот, во смисла на појава и култура, создадени за да ги маркираат промените на статусот на поединецот/групата во одредени кризни моменти од животот или во некои посебни прилики и поводи.
Врз стручна литература
уредиПосебно значаен е придонесот на д-р Ѓорѓи Здравев за презентацијата на македонските етнографски материјали од Рускиот државен музеј, од кои голем се состојат од носии и делови од носии од другите источни, југоисточни и јужни делови на етничка Македонија (денес во државните граници на Република Бугарија и Република Грција), досега непознати за обемна аналитичка статија за македонските носии и украси, собрани пред околу 130 години од страна на Стефан Верковиќ и други собирачи, претставува непроценлив прилог кон македонската културна историја.
Д-р Ѓорѓи Здравев се формирал како етнолог и фолклорист за време од триесет и седум години работа во специјализирани научни и високообразовни институции од овие области: Институтот за фолклор „М. Цепенков“, Институтот за старословенска култура и Заводот за етнологија при Институтот за географија на ПМФ (сега Институт за етнологија и антропологија), каде што во регуларни постапки ги добил научните и наставно-научните звања. Неговиот работен век бил постојано исполнет со многубројни аранжмани во научноистражувачки проекти. Неговата библиографија е богата со објавени монографии, статии, учества на конгреси и симпозиуми во земјата и во странство.
Врз личностите околу него
уредиКако професор покажа значајни резултати во образовно-педагошката дејност. Беше омилен и почитуван од колегите и студентите. Под неговото менторство беа изготвени дипломски работи, магистерски и докторски тези. Активно се залагаше за осамостојување на студиската група по етнологија и на свој начин постојано работеше на остварување на оваа цел, свесен за големото значење што го има етнологијата како фундаментална општествена наука за културниот континуитет и идентитет на секоја земја и народ, па во таа смила и на Македонија и Македонците.
Признанија за неговото литературно дејствие
уредиВо 1997 година ја доби наградата за наука „Гоце Делчев“ што ја доделува Министерството за наука на Република Македонија, како општествено признание за неговата објавена монографија Македонски Народни носии I, Скопје, 1996.
Во 2006 година ја доби престижната награда „13 Ноември“ за најновата објавена монографија „Македонски народни носии – ткаеници, везови, плетила, китење и накит“, во издание на Матица Македонска (2006).
Врз костимографјата и признанија на истото
уредиНекои од нив денес спаѓаат во македонска класика на својата потесна ликовна област. За илустрација ќе ја спомениме само костимографијата, дело на Ѓорѓи Здравев, во култната телевизиска серија за деца и возрасни „Бушава Азбука“. Натаму, за постигања во оваа дејност зборувааат престижните награди, како Стериинаата награда за костимографија во преставата „Јане Задрогаз“ во Нови Сад 1975 година – со посебна награда за најдобро креиран костим во претставата, потоа наградата „Војдан Чернодрински“ за костимографијата во претставата „Ништо без Трифолио“, во Прилеп во 1987 година, за повеќегодишната успешна уметничка активност.
За неговиот труд
уредиЗа проф. д-р Ѓорѓи Здравев може да се напише уште една биографија и библиографија како за уметник – сликар, цртач и костимограф. Оваа негова дарба и професионална подготовка, преставуваше, меѓу другото, димензија плус за потемелно разбирање на сложениот визуелен јазик на народната уметност, а во таа смисла и на народната носија како нејзин најкомплексен израз.
Од друга страна, како и творештвото, така и Ѓорѓи Здравев настојуваше да се резлизира преку своите омилени ликовни дисциплини. Секогаш не беше задоволен од интензитетот на тој ангажман, бидејки чуствуваше дека може да даде зборови на надеж дека ќе дочека денови кога ќе може слободно да слика, без грижа на совест дека ја запоставува својата редовна работа. Всушност, се реализирани во тешко откинати парчиња време од редовната работа. И во такви услови тој се реализираше како уметник – костимограф со бројни театарси, телевизиски и филмски костимографски остварувања.
Уметничка дејност
уредиМодни ревии
уреди- 1967, Авторска модна ревија, Штип
- 1972, Како гостин на модна ревија на "Националниот салон" во Белград
- 1978, Колекција на женски фустани од свила на "Нонча Камишова"
Костимографска дејност
уреди- "Време за пеење" Македонски Народен Театар Скопје
- "Нинџа желки", Детска радост Скопје (1991)
- "Бура" Драмски театар Скопје (1994)
- "Билет за пеколот" Универзална Сала Скопје
- "Калигула" Драмски театар Скопје (1994)
- "Кумови" Драмски театар Скопје (1995)
- "Амадеус" Драмски театар Скопје (1996)
Библиографија (1975 - 2005)
уредиМонографии
уреди- Народните тантели „сорки“ во Овчеполието, Библиотека на списанието „Македонски фолклор“, 5, Скопје, 1975.
- Современата состојба на текстилното народно творештво и народната носија во Титоввелешко, Библиотека во списанието „Македонски фолклор“, 22, Скопје, 1988.
- Македонски народни носии I. Скопје, Матица Македонска, 1996.
- Македонски народни носии – ткаеници, везови, плетила, китење и накит, Скопје, Матица Македонска, 2005.
Аналитички и шематски етнографски цртежи со туш и боја
уреди- Македонски народни везови. Избор и текст: Ангелина Крстева. Цртежи: Ѓорѓи Здравев, Институт за фолклор – Македонска книга, Скопје 1975.
- Народните музички инструменти во Македонија. Текст: Александар Линин. Цртежи: Ѓорѓи Здравев, Македонска книга, Скопје 1986.
Статии
уреди- За три симбола во македонската текстилна народна орнаментика, Македонски фолклор, IV, 7–8, Скопје, 1971, 187–193.
- Цвеќето во македонската текстилна народна орнаментика, Македонски фолклор, VII, 13, Скопје, 1974, 79–82.
- Везилките се откриваат зиме, „Починка“ – додаток на дневникот „Нова Македонија“, септември 1974.
- Играта „Џамала“ во Агино Село (Кумановско), Македонски фолклор, VIII, 15–16, Скопје, 1975, 369–373.
- Костимирањето и маскирањето во зимските обредни игри во Македонија, Обреди со маски, Зборник на трудови од Меѓународниот симпузиум одржан во Вевчани – Струга 1996, Музеј на Македонија, Скопје, 1998, 53–71.
- Театралноста во македонската фолклорна свадба, Македонската драматика/драматургија помеѓу традицијата и современоста, Зборник на трудови – Приредила: д-р Јелена Лужина, Прилеп, 1998, 99–108.
- Влијанието на турската култура врз облекувањето во Македонија, Балканославика, Прилеп, 1998, 81–92.
- Празничното облекување при колективното прославување на селските празници во македонското патријархално село, Етно-културолошки зборник, књ. IV, Сврљиг, 1998, 85–90.
- За костимографската уметност и критичкиот однос кон неа. Македонска театарска критика, Зборник на трудови, подготвил: д-р Јелена Лужина, Прилеп, 1998, 206–210.
- Носиите од брсјачката етнографска целина. Предавања на XXXI Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 20 август 1998, Скопје, 1999, 190–204.
- Трансформацијата на некои форми од областа на народното ликовно творештво во современиот живот, Фолклорните импулси во македонската литература и уметност XX век, МАНУ, Скопје, 1999, 361–372.
- National costumes, Natural and cultural monuments, Republic of Macedonia, Skopje, 2000, 141–156.
- Аристократијата (благородништвото) во Македонија на фрескоживописот од XIV век, Балканославика, 26–27, Прилеп, 1999–2000, 59–72.
- Носиите од горновардарската етнографска целина. Предавања на XXXIII Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 2000, Скопје, 2001, 209–210.
- Типологизација и класификација на македонските народни носии, 1, „ЕтноАнтропоЗум“ – Списание за Заводот за етнологија при Институтот за географија на ПМФ, Скопје, 2001, 141–156.
- Народната носија во Порече, Симпозиум за Јосеф Обремски, Порече, 2001, Прилеп, 2002, 215–222.
- Македонски етнографски материјали во Рускиот државен музеј во Санкт Петербург. Македонските колекции од фондовите наа Рускиот етнографски музеј. Музеј на град Скопје, Скопје, 2003, 21–32 / 33–77.
- The folk costume of Poreče, Post-Yugoslav Lifeworlds. Between Tradition and Modernity, Edited by Zmago Šmitek and Aneta Svetieva, Ljubljana, 2005, 95–122.
Соопштенија, материјали, поводи, прикази
уреди- Мара Хаџи-Ристић: Збирка народних мотива из Македоније, Косова и Метохије, Издање: Завод за издавање уџбеника СРС, Београд, 1969,97, 8, Македонски Фолклор, III, 5–6, Скопје, 1970, 184.
- Информации за теренските истражувања на Одделот за текстилна народна орнаментика во периодот од 1970 до 1972, Македонски фолклор, V, 9–10, Скопје, 1972, 187–193.
- Narodna umjetnost, Godišnjak instituta za narodni umjetnost, Zagreb, knj.1–7, 1962–1970, Македонски фолклор, V, 9-10, Скопје 1972, 269–272.
- Я. Богуславская: Русская народная вышивка. Государственый музей, Издательство „Изкусство“, Москва, 1972.
- Barbara Bazilich, Zlote hafty w tradycyjnej odziežy na Slasku. Rocznik muzeum Górnoślaskiego w Butomiu. Etnografija, zeszyt, nr.6. Butom. 1973, 166.
- Информација за работата врз класификацијата на народната орнаментика во Македонија – Македонски фолклор, XIV, 27–28, Скопје 1981, 215–218.
- Ѓорѓи Здравев – Ангелина Крстева, Критички белешки за работата на Ѕвезда Ноневска „Термини од областа на Македонска носија и Орнаментика“, Билтен на Одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, XI, Скопје, 1981, 94–114.
- In Memoriam – Велимир Николов (1927–1981), Македонски фолклор, XV, 29–30, Скопје, 1982, 227–228.
- Đurđica Petrović i Mirjana Prošič–Dvornić: Narodna umetnost, Umetnost na tћi Jugoslavije, Jugoslavija Beograd, Spektar Zagreb, Prva književna komuna Mostar, Beograd–Zagreb, 1983, 132. Македонски фолклор, XVI, 32, Скопје, 1983, 190–192.
- На ниво на вистинските вредности. Ѓурѓица Петровић – Мирјана Прошић-Дворниќ: „Народна уметност“ – Уметност на почвата на Југославија – Издавачи „Југославија“ – Белград, „Спектар“ – Загреб „Прва книжевна комуна“ – Мостар, Весник: „Нова Македонија“, 15 септември 1983.
Изложби и текстови за каталози
уреди- Реализација на изложба на слики и цртежи, Кочани, 1962 година. ** (види во забелешки)
- Реализација на самостојна изложба на слики и цртежи, Радовиш, 1962 година. **
- Успешно учествување на сите колективни изложби на костимографија на ДЛУМУМ "Лазар Личеноски" од 1972 година до крајот на кариерата. **
- Реализација на самостојна изложба на модни цртежи и костими, Скопје, 1973 година. **
- Реализација на изложба „Македонски народен вез“ – преку Институтот за фолклор во рамки на Балканскиот фестивал за народни песни и игри – Охрид, 1974.
- Реализација и текст за каталог на изложбата: „Народно плетиво (чорапите) во Македонија – Балкански фестивал на народни песни и игри – Институт за фолклор – Скопје“, Охрид, 1979 година.
- Реализација и текст за каталог на изложбата: „Народни орнаменти, народни музички инструменти и изданија на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ 1950 – 1980“, Скопје, 1980 година.
- Реализација на изложба: „Македонски народни тантели“ – преку Институтот за фолклор во рамки на V Меѓународен симпозиум на балкански фолклор, Охрид, 1981.
- Текст за каталог за изложбата: „35 години сценографија и костимографија“, Македонски народен театар, Скопје, 1981 година.
- Реализација и текст за каталог на изложбата: „Народните ракотворби од Радовиш и Радовишко“ КОАЖ – Радовиш, Радовиш, 1983.
- Реализација на изложба „Народната материјална култура на Радовиш и Радовишко“ – регионална етнолошка поставка во соработка со КПЗ на Радовиш, Радовиш, 1991.
Енциклопедиски единици
уреди- Народното ликовно творештво во Македонија (за Енциклопедија на Југославија).
- Рада Петрова - Малкиќ, живот и дело (за Ликовен лексикон на Југославија).
- Јелена Патрногиќ, живот и дело (за Ликовен лексикон на Југославија).
- Околу 100 единици за македонската народна носија, ткаениците, везот, плетилото, чакитот и китењето предадени во 2005 година за многутомната енциклопедија на МАНУ (во подготовка).
Статии објавени за печат коишто досега (2009) не се објавени
уреди- Ткајачката традиција и современиот текстил (прочитано на I Симпозиум за ткајачка традиција), Тетово, август 1975, 6. стр (предено за печат).
- Текстилното народно творештво во Македонија (за Зборникот: Словенска етнологија).
- Текстилното народно творештво во Кривопаланечко, 22 стр + илустрации – предадено за печат во Институтот за фолклор како дел од промовиран проект во 1988.
- Прилог кон проучувањето на текстилното народно творештво кај Јуруците во Македонија, Научен собир: Турската народна култура во Македонија, Чанакли – Дојран, мај 1996 (10 стр.).
- Италијански извори од XVI век за начинот на облекувањето во Македонија, Научен собир: Македонско-италијанските културни врски, Битола, мај 1996 (10 стр.).
- Социјалниот аспект на дарувањето во секојдневниот и обичајниот живот на Македонците, III Меѓународен собир, Банско 1997, Р. Бугарија (10 стр.).
- Аристократијата (благородништвото) во Македонија на фрескоживописот од XIV век, III Меѓународен научен собир, Банско 1997, Р. Бугарија (10 стр.).
- Македонски етнолошки атлас 1. – Проект финансиран од МОН, промовиран во 2004 година – Делот за облековни елементи од македонската народна носија презентирани на етнографкси карти. Посебен текстуален дел.
Некатегоризирани
уреди- Здравев, Ѓорѓи. Македонските народни носии според намената и функцијата. Скопје: МАНУ.
- Здравев, Ѓорѓи (1995). Облекувањето во Македонија. Скопје.
- Здравев, Ѓорѓи (1995). Облеките на кралот Волкашин и на кралот Марко на нашиот фрескоживопис во XIV век. Прилеп.
Литература
уреди- Светиева, Анета (2010). Ѓорѓи Здравев (1941-2007) : in memoriam. Етнолог: списание на Здружението на етнолозите на Македонија (Бр. 12/13). стр. 287-297.
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиЗабелешки
уреди- ** - пред уредот на 21ви јануари 2025, овие изложби беа запишани на начин кој е стилски непогоден во споредба со другите кој доаѓаат од гореспоменатата литература, затоа се мошне полабави во спецификата во споредба со останатите изложби кои беа внесени.