Момчило Грошев - Грошка (Валандово, 19 јануари 1960[1] - Скопје, 24 февруари 2010) — македонски фудбалер, голман на „шампионската генерација“ на Вардар.[1]

Момчило Грошев
Роден 19 јануари 1960
Валандово, СФРЈ СФР Југославија
Починал 24 февруари 2010
Скопје, Македонија Македонија
Занимање фудбалер

Животопис

уреди

Грошев е роден во Валандово на 19 јануари 1960 година.Тој уште таму ги има направил првите фудбалските чекори, во матичниот клуб Победа Валандово. Оттаму, заминал во прилепска Победа и таму останал две сезони, а потоа застанал на голот на Вардар во чии редови настапувал заедно со Рингов, Панчев, Станојковиќ, Јаневски, Најдоски и др , со кои ја освојуваат единствената шампионска титула во поранешната СФРЈ, во сезоната 1986/87. Еден период бранел и во Грција. По завршувањето на активната кариера, долго време работел во младинскиот погон на Вардар тренирајќи ги младите голмани, потоа и во Стручниот штаб на првиот тим со најдобрите голмани, пренесувајќи им го своето богато голманско искуство кога бранел против Партизан, Црвена звезда, Динамо, Хајдук, Вележ, Сараево. По долго и тешко боледување, по неколку комплицирани операции, умира во Скопје на 24 февруари 2010 година.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Momcilo Grosev“ (турски). Посетено на 2011-12-11.
  2. „Почина Момчило Грошев“. Лихнид. 2010. Посетено на 2011-12-11.[мртва врска]