38°42′49.72″N 9°8′21.79″W / 38.7138111° СГШ; 9.1393861° ЗГД / 38.7138111; -9.1393861

Лисабон (португалски: Lisboa) — главен и најголем град во Португалија со население над половина милион во рамките на неговите административни граници[1] со површина од 84,8 км2. Урбаната област на Лисабон се протега надвор од административните граници со население од над 3 милиони[2] на површина од 958 км2,[2] правејќи ја 11. најнаселена урбана област во рамките на Европската Унија. Околу 3.035.000[3][4] луѓе живеат во метрополитенската област Лисабон (која претставува околу 27% од населението на земјата). Лисабон е најзападниот голем град сместен во Европа, како и најзападен главен град на европскиот континент и единствен долж атлантскиот брег. Се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров на Океан и реката Тежо.

Лисабон
Lisboa
Главен град
Алфама, најстариот округ на Лисабон
Знаме
Грб
Официјално име: Concelho de Lisboa
Потекло на името: Lisboa, португалска одредница од феникискиот збор Allis Ubbo за сигурно пристаниште; латински Ulyssippo од Ulysses и/или римски Olissipona, за името на реката Тежо
Прекар: A Cidade das Sete Colinas (Град на седум ридови), Rainha do Mar (Кралица на Морето)
Земја  Португалија
Регион Лисабон и Долина Тежо
Подрегион Голем Лисабон
Округ Лисабон
Општина Лисабон
Реки Тежо
Место Лисабон
 - височина м
 - координати 38°42′49.72″N 9°8′21.79″W / 38.7138111° СГШ; 9.1393861° ЗГД / 38.7138111; -9.1393861
Највисока точка 227 м
 - местоположба Сера де Монсанто, Бенфика, Лисабон
 - височина 199 м
 - координати 38°43′42.97″N 9°11′4.80″W / 38.7286028° СГШ; 9.1846667° ЗГД / 38.7286028; -9.1846667
Најниска точка морско ниво
 - местоположба Атлантски Океан
 - височина м
Површина 84,8 км2
 - градска 958 км2
 - метрополска 2.957 км2
Население 547.631 (2011)
 - градско 3.051.000
 - метрополско 3.035.000
Густина 6.458 /km² (16.726 /sq mi)
Населба околу 719
 - Град околу 1256
Локална единица Конселјо/Камара Мунисипал
 - местоположба Праса до Мунисипио, Лисабон, Голем Лисабон
 - височина 33 м
 - координати 38°42′29″N 9°8′18″W / 38.70806° СГШ; 9.13833° ЗГД / 38.70806; -9.13833
Претседател Антонио Кошта (PS)
Општинско собрание Марија Симонета Бјанки Аирес де Карвалјо Луз Афонзо (PS)
Часовен појас WET (UTC0)
 - лете (ЛСВ) WEST (UTC+1)
ISO 3166-2 код PT-
Поштенска зона 1149-014 Лисабон
Телефонски код (+351) 21 XXX-XXXX
Демоним лисабонци
Патрон Сао Висенте и Санто Антониу ди Лизбоа
Општинска адреса Praça do Município, 1
1149-014 Лисабон
Местоположба на општината Лисабон во Португалија
Местоположба на општината Лисабон во Португалија
Местоположба на општината Лисабон во Португалија
На Ризницата: Лисабон
Портал: http://www.cm-lisboa.pt/

Лисабон е признат како глобален град поради неговото значење во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието и туризмот.[5][6] Тој е еден од главните економски центри на континентот, со растечки финансиски сектор и најголемо/второ најголемо контејнерско пристаниште во Европа на атлантскиот брег.[7] Аеродромот Лисабон-Портела опслужува 15,3 милиони патници годишно (2012); автопатската мрежа и системот на големобрзинска железница го поврзуваат со поголемите градови во Португалија.[8] Градот е седми најмногу посетуван град во Јужна Европа, по Истанбул, Рим, Барселона, Мадрид, Атина и Милано, со 1.740.000 туристи во 2009.[9] Лисабонскиот регион е најбогат регион во Португалија, БДП ПКМ по главна на жител е 26.100 евра (4,7% повеќе од европскиот просек). Таа е десетта најбогата метрополитенска област по БДП на континентот со 39.275 евра по глава на жител,[10] 40% повеќе отколку европскиот просек. Градот се наоѓа на 32. место на највисоки бруто заработки во светот.[11] Поголем дел од седиштата на компаниите во земјата се наоѓаат во неговиот регион и е деветти град во светот по одржани меѓународни конференции.[12] Исто така претставува политички центар на земјата, како седиште на владата и резиденција на претседателот. Градот претставува и административно седиште на истоимениот округ и центар на Лисабонскиот регион.

Лисабон е еден од најстарите градови во светот и најстар град во Западна Европа, претходејќи на другите современи европски главни градови како Лондон, Париз и Рим. Гај Јулиј Цезар го направил муниципиум наречен Фелиситас Јулија (Felicitas Julia), додавајќи му го Олисипо. Владеен од низа германски племиња од петтиот век, бил освоен од Маврите во осмиот век. Во 1147, крстоносците под водство на Афонсу Први Велики повторно го освоил градот и оттогаш станал главен политички, економски и културен центар на Португалија. За разлика од многу главни градови, статусот на Лисабон како главен град на Португалија никогаш не бил доделен или потврден официјална – преку статут или во пишана форма. Неговата позиција како главен град произлегла преку уставната конвенција, со што станал де факто главен град како дел од Уставот на Португалија.

Лисабон е седиште на две агенции на Европската Унија: Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги и Европската агенција за безбедност во поморството. Наречен „главен град на лузофонскиот свет“, Заедницата на земји со португалски јазик е сместен во градот.

Лисабон има два објекта заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство: Кула Белем и Црква Јеронимо. Покрај тоа, во 1994, Лисабон бил европска престолнина на културата, а во 1998 го организирал Експо ’98.

Лисабон има средоземна клима. Помеѓу сите главни градови во Европа има најтопли зими, со просечна температура од 15 °C во текот на денот и 8 °C ноќе од декември до февруари. Вообичаената летна сезона трае околу шест месеци, од мај до октомври, иако исто така и во ноември, март и април температурите можат понекогаш да достигнат околу 20 °C.

Лисабон како мотив во популарната култура

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Попис 2011 - Прелиминарни резултати
  2. 2,0 2,1 Демографија: Светски урбани области, март 2010
  3. Департман за економски и социјални прашања на Обединетите нации, World Urbanization Prospects (ревизија 2009) Архивирано на 31 октомври 2013 г., (Обединети нации, 2010), Table A.12. Податоци за 2007.
  4. ITDS, Руј Кампос, Педро Сенос (30 јуни 2009). „Статистика Португалија“. Ine.pt. Посетено на 8 јули 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. „The World According to GaWC 2010“. Globalization and World Cities Study Group and Network, Loughborough University. Архивирано од изворникот на 2012-05-24. Посетено на 3 март 2009.
  6. „Inventory of World Cities“. Globalization and World Cities (GaWC) Study Group and Network. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 1 декември 2007.
  7. "Avance del Plan Territorial Sectorial de la Red Intermodal y Logística del Transporte de la Comunidad Autónoma del País Vasco" – Eusko Jaurlaritza – Gobierno Vasco
  8. „Alta Velocidade em Síntese“. Rave.pt. Архивирано од изворникот на 2010-10-04. Посетено на 21 ноември 2010.
  9. Бремнер, Керолајн (10 јануари 2011). „Euromonitor International's Top City Destination Ranking“. Euromonitor International. Архивирано од изворникот на 2011-10-31. Посетено на 10 јануари 2011.
  10. „Global city GDP rankings 2008–2025“. Pricewaterhouse Coopers. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 16 декември 2009.
  11. "Ranking: The richest cities in the world" – City Mayors.com
  12. "Lisboa é 9ª cidade que mais recebe congressos internacionais" Архивирано на 14 октомври 2007 г. – Agência LUSA
  13. Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021)

Надворешни врски

уреди