Лука Паолини
Лука Паолини (италијански: Luca Paolini; р. 17 јануари 1977 во Милано) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин. Ја започнал неговата спортска кариера во почетокот на 2000-тите со придружувањето на Мапеи-Квик Степ (2000-2002), екипата предводена од Патрик Лефевр. Во рамките на Мапеи-Квик Степ и потоа во екипата Квикстеп (2003-2005), Лука Паолини забележал голем број на победи. Меѓу нив се, првите места на Гран Премио ди Лугано, Џиро дел Пиемонт и Гран Премио Бруно Бегели. Станувајќи помошник на познатиот Паоло Бетини, тој исто така освоил етапи на Трката околу Британија и Тур де Валони.
Паолини на Омлоп Хет Ниувсблад 2013 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Лука Паолини | ||||||||||||||
Прекар | Ил Џерва (Il Gerva) | ||||||||||||||
Роден | 17 јануари 1977 Милано, Италија | ||||||||||||||
Висина | 1,74 м | ||||||||||||||
Маса | 66 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2002 2003–2005 2006–2007 2008–2010 2011–2015 | Мапеи-Квик Степ Квик Степ-Давитамон Ликвигас Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо Катјуша | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 24 јануари 2016 |
Кариера
уредиСезоните 2006-2007 и 2008-2010, Лука Паолини ги поминал во две италијански велосипедски екипи - Ликвигас и Аква & Сапоне, соодветно. Како нивен член, тој победил на некои етапи на Вуелта а Еспања и Три дена Де Пане, ги освоил еднодневните трки ГП Сита ди Камаиоре, Трофео Лаквалија, Копа Плаки, како и Копа Барноки. Во меѓувреме, неговите големи победи го привлекле вниманието од институциите задолжени за антидопинг. Бидејќи неговото име се појавило во снимените телефонски разговори со Иван Басо и неговата сестра Елиса, тој бил обвинет за нелегално користење на лекови[1]. Во септември 2006, домот на Паолини бил пребаруван во истрагата за допинг, која била наречена Operazione Athena[2] – меѓутоа не нашле докази, кои би довеле до покренување на обвинение, па така Ликвигас одбиле барањето да го суспендираат[3].
Во 2011, потпишал со руската екипа Тим Катјуша, каде бил помошник на Филипо Поцато, како на класиците, така и на големите трки. Меѓутоа, поради слабите резултати на Поцато и повредите во 2011, тој се приклучил кон другите совозачи и поставил одредени свои цели во групата. Есента 2011, завршил трет на Џиро дел Пиемонт, земајќи го неговиот прв подиум за Тим Катјуша[4].
Во 2013 година, Паолини го освоил Омлоп Хет Ниувсблад откако се одвоил од водечката група со возачот на Омега Парма-Квик Степ Стејн Ванденберг. Двоецот опстанал пред групата, а Паолини победил во спринтот откако Ванденбург презел долги смени во последните километри.[5] На Милано-Санремо, Паолини завршил во водечката група на петтото место, откако возачот на МТН Кубека Гералд Чолек ја освоил трката.[6]
Во 2015 година, Паолини го освоил ветровитото и тешко издание на Гент-Вевелгем, каде само 39 возачи од вкупно 160 ја завршиле трката. Паолини нападнал од малата група на бегалци на пет километри пред целта и ја искористил неорганизираната потера за соло-победа.[7] Во мај било објавено дека договорот на Паолини со Катјуша бил продолжен за една година, до крајот на 2016 година.[8] На Тур де Франс, Паолини се покажал позитивен за кокан и бил исфрлен од трката по седмата етапа.[9]
Достигнувања
уреди- 1999
- 2. Џиро дел Мендрисиото
- 2000
- 1. Етапа 1 Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 3 Тур де Норманди
- Планински пласман Трка околу Данска
- 2001
- 1. ГП ди Лугано
- 2002
- 1. Џиро дел Пиемонт
- 2003
- 1. ГП Бруно Бегели
- 2. Копа Сабатини
- 3. Милано-Санремо
- 3. Брабант Пејл
- 2004
- 1. Брабант Пејл
- 3. ГП Чита ди Камаиоре
- 3. Светско друмско првенство
- 2005
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 3 Тур де Валони
- 2. HEW Класик
- 2006
- 1. Етапа 12 Вуелта а Еспања
- 1. ГП Чита ди Камаиоре
- 3. Милано-Санремо
- 3. Копа Берноки
- 2007
- 1. Етапа 1 Три дена де Пане
- 3. Џиро дела Ромања
- 3. Трка околу Фландрија
- 2008
- 1. Трофео Лаигвелја
- 1. Копа Плаки
- 2. Џиро дел Пиемонт
- 3. Париз-Брисел
- 6. Гент-Вевелгем
- 2009
- 1. Копа Берноки
- 2. Меморијал Чимури
- 3. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
- 3. Џиро дел Венето
- 4. Џиро ди Ломбардија
- 2010
- 3. Краен пласман Три дена Де Пане
- 1. Бодовен пласман
- 3. Копа Агостони
- 2011
- 3. Џиро дел Пиемонт
- 2. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
- 10. ГП Бруно Бегели
- 2012
- 2. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
- 2. Џиро дел Пиемонт
- 4. Гран при Квебек
- 7. Трка околу Фландрија
- 9. Олимписка друмска трка
- 2013
- 1. Омлоп Хет Ниувсблад
- 1. Етапа 3 Џиро д’Италија
- 5. Милано-Санремо
- 8. Е3 Харелбеке
- 2015
- 1. Гент-Вевелгем
Распоред на резултатите на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 59 | 111 | 111 |
Тур | — | — | 69 | — | — | 101 | — | — | — | — | — | 108 | — | 136 | СО |
Вуелта | СО | — | — | СО | — | СО | — | — | — | — | 135 | — | 107 | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Т-Мобајл: „Направи го правилно или не прави го воопшто"“. Cyclingnews.com. Посетено на 29 април 2012.
- ↑ „Операцијата Атина не е готова за Паолини“. Cyclingnews.com. Посетено на 2 јануари 2008.
- ↑ „Ликвигас го враќа Паолини по пребарувањето во неговиот дом“. Cyclingnews.com. Посетено на 2 јануари 2008.
- ↑ „97. Џиро дел Пиемонт - Гран Пиемонт“. Dailypeloton.com. Архивирано од изворникот на 2011-12-22. Посетено на 28 април 2012.
- ↑ Едвард Пикеринг (23 февруари 2013). „Het Nieuwsblad analysis: Two against eight – how Omega Pharma won, then lost the race“. Cycle Sports. IPC Media. Посетено на 26 март 2013.
- ↑ Рајан, Бери (17 март 2013). „Sagan rues missed opportunity at Milan-San Remo“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 18 март 2013.
- ↑ Најџел Вин (29 март 2015). „Лука Паолини го освои изданието за паметење на Гент-Вевелгем“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 29 март 2015.
- ↑ Емил Акселгард (25 мај 2015). „Paolini re-signs with Katusha for another season“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 26 мај 2015.
- ↑ „Paolini informed of cocaine positive at Tour de France“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 10 јули 2015. Посетено на 10 јули 2015.
Надворешни врски
уреди„Лука Паолини“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Лука Паолини“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Лука Паолини“. Cycling Quotient.