Владислав Ковачев

Владислав Ковачев, познат и како Славчо Ковачев (5 јануари 1875 - 13 септември 1924) бил штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација, пламен приврзаник на една балканска федерација во која Македонија би влегла како рамноправна единица[1]. По завршувањето на Военото училиште во Софија, се вклучил во македонското револуционерно движење[1]. Бил противник на врховизмот на генерал Цончев[1]. Со својата чета водел борби против врховистите во Македонија[1]. Како војвода учествувал во Илинденското востание во Штипско, Кочанско и Кратовско[1]. По востанието се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија[1]. Бил уредник на весникот „Автономна Македонија“ каде остро ги разобличувал непријателите на ослободителното дело на македонскиот народ и оние што довеле до безмилосното распарчување на Македонија[1]. Убиен е среде бел ден од страна на автономистичката ВМРО и платениците на Ванчо Михајлов[1] во текот на Горноџумајските случувања.

Власислав Ковачев - Славчо
Роден 5 јануари 1875
Скопје, денес Македонија
Починал 13 септември 1924(1924-09-13) (возр. 49)
Софија, Бугарија
Четата на Владислав Ковачев, 1903

“Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неa. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот““.

—Владислав Ковачев

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Јован Павловски, уред. (2006). МИ-АНОВА енциклопедија, општа и македонска. 2. Скопје: МИ-АН. стр. 777–778. ISBN 998-61393-1 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).