Претседател на Србија
Претседателот на Република Србија е на шеф на државата во Србија. Се избира на непосредни избори и е со петогодишен мандат. Сегашниот претседател е Александар Вучиќ, победник во првиот круг од претседателските избори од 2017. година.
Претседател на Република Србија
Председник Републике Србије | |
---|---|
Претседателски грб | |
Кабинетот на претседателот на Србија | |
Звање | Неговата Екселенција |
Статус | Шеф на држава Врховен командант |
Предлагач | политичките партии застапени во Националното собрание |
Назначувач | Избори |
Мандат | 5 години |
Прв функционер | Синиша Станковиќ (1945) Борис Тадиќ (5 јуни 2006; сегашен устав) |
Заменик | Претседател на Националното собрание |
Плата | 199,126.45 RSD[1] |
Мреж. место | www.predsednik.rs |
Историја
уредиИако Србија станала република уште во 1945 година, функцијата на Претседател на Републиката за првпат била воведена со Уставот од 1990 година. Пред тоа постоела функција на претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Србија, која била воведена со Уставот од 1974 година, а до тогаш функцијата на претседателот ја извршувал претседателот на Претседателството на Народното собрание.
Надлежност
уредиСпоред Уставот од 2006 година, претседателот на Република Србија:
- се избира непосредно, а го менува Народното собрание;
- може да биде избран најмногу двапати за претседател;
- ја претставува државата во земјата и светот;
- го предложува кандидатот за претседател на Владата на Народното собрание, откако ќе го сослуша мислењето на избраните претставници од изборните списоци;
- има право на вето на донесен закон и право да го врати на повторно разгледување. Доколку законот се изгласа по вторпат, претседателот на Република Србија е должен да го потпише;
- со декрет поставува и оповикува амбасадори на Република Србија врз основа на предлогот на Владата на Србија;
- ужива имунитет како народен пратеник;
- има право да го распушти Народното собрание и да распише избори за народни пратеници;
- прогласува вонредна состојба;
- доделува помилувања и одликувања;
- распишува избори и референдуми;
- не може да извршува друга јавна функција или професионална дејност.
Претседателот на Република Србија е истовремено и врховен командант на Војската на Србија. Во согласност со законот, командува со Војската, поставува, унапредува и разрешува офицери на Војската на Србија.
Ако претседателот на Република Србија е спречен да ги извршува своите должности, нив ги извршува претседателот на Народното собрание.
Мандат
уредиМандатот на претседателот на Република Србија трае пет години и почнува да тече од денот на полагање на заклетва пред Народното собрание. Доколку мандатот на претседателот на Републиката истекува за време на воена или вонредна состојба, тој се продолжува и трае до поминување на три месеци од денот на завршувањето на воената или вонредната состојба. Никој не може да биде избран повеќе од двапати за претседател на Републиката. Мандатот на претседателот на Република Србија престанува со поминување на периодот за кој е избран, со оставка или со разрешување. Претседателот на Републиката поднесува оставка на претседателот на Народното собрание.[2]
Вршители на должноста
уредиПретседателите на Народното собрание на Србија, кои вршеле должност на претседател на Србија:
- Драган Томиќ (јули — декември 1997 година)
- Наташа Миќиќ (декември 2002 — февруари 2004 година)
- Драган Маршиќанин (февруари — март 2004 година)
- Предраг Марковиќ (март — јули 2004 година)
- Славица Ѓукиќ Дејановиќ (април — мај 2012 година)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Otkrivena imovinska karta Vučića: Plata predsednika Srbije iznosi ovoliko“. N1 (српски). 22 May 2023.
- ↑ „COBISS/OPAC“. www.vbs.rs (српски). Посетено на 2018-05-04.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Официјална Интернет презентација на претседателот на Србија
Архивирано на 8 мај 2021 г.