Роберт Ален Палмер (англ. Robert Allen Palmer; 19 јануари 1949 г – 26 септември 2003) ― англиски пејач и текстописец. Бил препознатлив по неговиот моќен, соул-глас и по пеењето разновидни стилови музика: соул, фанк, џез, рок, поп, реге и блуз. Негова најпопуларна песна во четиридецениската кариера била „Adicted to Love“, а спотот за песната бил „олицетворение на гламурот и изобилието од 1980-тите“.[1]

Роберт Палмер
Palmer singing into a microphone onstage
Роберт Палмер во 1986
Животописни податоци
Родено имеРоберт Ален Палмер
Роден(а)19 јануари 1949(1949-01-19)
Батли, Јоркшир, Англија
Починал(а)26 септември 2003(2003-09-26) (возр. 54)
Париз, Франција
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
Период на активност1964–2003
Издавачи

Кариера

уреди

1964–1973: Први групи

уреди

Палмер е роден во 1949 година во Батли, Јоркшир.[1] Кога имал само неколку месеци, неговото семејство се преселило во Малта,[2] каде што татко му работел како британски поморски разузнавач.[1][3] Неговото семејство се вратило во Обединетото Кралство кога тој имал 12 години.[4]

Во 1969 година се преселил во Лондон, каде што се придружил на ритам и блуз групата Alan Bown Set.[5] Во 1970 година, се приклучил на 12-члената џез-рок група Dada. Дел од членовите на Dada во 1971 година ја основале соул/рок групата Vinegar Joe. Тие потпишале договор со издавачката куќа Island Records и објавиле 3 албуми: Vinegar Joe (1972), Rock 'n' Roll Gypsies (1972), and Six Star General (1973). Групата се распаднала во 1974 година.[6][7]

1974–1978: Почетоци на соло-кариерата

уреди

Island Records потпишал соло-договор со Палмер во 1974 година.[8] Неговиот прв соло-албум, Sneakin' Sally Through the Alley, бил издаден во 1974 година. Албумот не бил успешен во Обединетото Кралство, но албумот и синглот од тој албум се пласирале во топ-100 во САД.[5]

Откако со неговата сопруга се преселил во Њујорк, Палмер во ноември 1975 година го издал албумот Pressure Drop.[5] Во 1976 година го објавил албумот Some People Can Do What They Like и одлучил да се пресели во Насау на Бахами за да биде поблиску до студиото за реге-музика Compass Point Studios.[9] Во 1978 година, тој го издал Double Fun, колекција на карипски рок-мелодии.

1979–1984: Поголема популарност

уреди

На албумот Secrets (1979) била песната "Bad Case of Love You (Doctor, Doctor)" која Палмер ја испеал заедно со Мун Мартин и таа станала негова втора песна во топ-20.[5] Во 1980 година бил објавен албумот Clues, продуциран од Палмер заедно со Крис Франц и Гери Њуман, од кој произлегле хитови на двете страни од Атлантикот.[5]

Во април 1983 година го објавил албумот Pride. Не бил комерцијално успешен како Clues.[5] На 23 јули 1983 година, Палмер настапил на хуманитарниот концерт на Дуран Дуран на стадионот Вила Парк во Бирмингем, каде што се спријателил со членовите на Дуран Дуран со кои ќе ја создаде супергрупата Power Station.

1985–1989: Член на The Power Station и успех на MTV

уреди

Откако групата Дуран Дуран заминала на пауза, гитаристот Енди Тејлор и басистот Џон Тејлор заедно со поранешниот тапанар од Chic, Тони Томпсон и Роберт Палмер основале нова група под името The Power Station.[10] Нивниот истоимен албум стигнал до топ-20 во Обединетото Кралство и во топ-10 во САД. Палмер, таа година само еднаш настапил во живо со групата, во Saturday Night Live. Групата била на турнеја и свирела на Live Aid, а потоа Палмер ја напуштил групата за да продолжи со неговата соло-кариера.

Во 1985 година, Палмер го снимил албумот Riptide. На албумот се наоѓала песната „Addicted to Love“, која стигнала до прво место во САД и петто место во Обединетото Кралство.[11] [12] [13] Во спотот за песната, во режија на Теренс Донован, Палмер е опкружен со група речиси идентично облечени атрактивни манекенки кои глумат дека се музичари.[5] Донован режирал спотови и за хитовите „Simply Irresistible“ и „I Didn't Mean to Turn You On“. Трите спота имаат слични елементи, со нашминкани жени со речиси идентичен изглед и во иста облека.[14] Во 1987 година, за „Addicted to Love“ тој добил Греми за најдобра машка рок вокална изведба. На доделувањето на Брит наградите во 1987 година, Палмер бил номиниран за „Најдобар британски пејач“.

Поради зголемената стапка на криминал во Насау и откако потпишал договор со ЕМИ, Палмер во 1987 година се преселил во Лугано во Швајцарија каде што основал свое музичко студио.[15] Во неговиот албум Heavy Nova (1988), Палмер експериментирал со ритми на боса нова и хеви-рок. Во 1989 година, за песната „Simply Irresistible“ тој ја освоил неговата втора Греми-награда.[16] На Британските музички награди во 1989 година, Палмер по втор пат бил номиниран за „Најдобар британски пејач“, а „Simply Irresistible“ бил номиниран за најдобар британски сингл. Списанието Rolling Stone го прогласило Палмер за најдобро облечена рок-ѕвезда за 1990 година.

1990-ти: Понатамошни успеси

уреди

Од неговиот следен албум, Don't Explain (1990) произлегле два топ-10 хита во Велика Британија, преработката на песните: од Боб Дилан „I'll Be Your Baby Tonight“ (во соработка со UB40) и „Mеrcy Mercy Me“ од Марвин Геј. Во 1994 година, Палмер го издал албумот Honey, кој добил мешани критики.

Во 1995 година, Палмер издал албум со најголеми хитови, кој стигнал до 4-то место во ОК.[17] Исто така во 1995 година тој повторно се обединил со другите членови од Power Station за да снимат втор албум. Басистот Џон Тејлор се повлекол од проектот и бил заменет со Бернард Едвардс. Тие го снимиле албумот Living in Fear (1996) и штом започнале турнеја Едвардс починал од пневмонија.

Во 1997 година, Палмер настапил со Род Стјуарт на Вембли. [18]

Смрт

уреди

Палмер починал од срцев удар во хотел во Париз на 26 септември 2003 година, на 54-годишна возраст. Во Лугано се одржала комеморација, а неговото тело било погребано во Лондон, Англија.[4] [19]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Sneakin' Sally Through the Alley (1974)
  • Pressure Drop (1975)
  • Some People Can Do What They Like (1976)
  • Double Fun (1978)
  • Secrets (1979)
  • Clues (1980)
  • Maybe It's Live (1982)
  • Pride (1983)
  • Riptide (1985)
  • Heavy Nova (1988)
  • Don't Explain (1990)
  • Ridin' High (1992)
  • Honey (1994)
  • Rhythm & Blues (1999)
  • Drive (2003)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Obituaries: Robert Palmer“. The Daily Telegraph. 27 September 2003. Архивирано од изворникот на 11 January 2022. Посетено на 19 December 2013.
  2. „Obituary: Robert Palmer“. BBC.co.uk. BBC. 26 September 2003. Посетено на September 20, 2023.
  3. „Music: Some guys have all the luck“. Independent.co.uk. Посетено на 16 July 2018.
  4. 4,0 4,1 Marlowe, Gary (3 May 2021). „Simply Irresistible: The life and times of Robert Palmer“. Medium.com. Посетено на 5 October 2022.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 Strong, Martin C. (2014). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 2–3. ISBN 978-1-84195-017-4.
  6. Strong, Martin C. (2014). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 2–3. ISBN 978-1-84195-017-4.
  7. Tobler, John (1992). NME Rock 'N' Roll Years (1st. изд.). London: Reed International Books Ltd. стр. 262. CN 5585.
  8. Roberts, David (1998). Guinness Rockopedia (1st. изд.). London: Guinness Publishing Ltd. стр. 307. ISBN 0-85112-072-5.
  9. Strong, Martin C. (2014). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 2–3. ISBN 978-1-84195-017-4.
  10. Roberts, David (1998). Guinness Rockopedia (1st. изд.). London: Guinness Publishing Ltd. стр. 307. ISBN 0-85112-072-5.
  11. Whitburn, Joel (2006). The Billboard Book of Top 40 Hits. Billboard Books.
  12. Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums. London: Guinness World Records Limited.
  13. „Robert Palmer“. Billboard. Посетено на 27 February 2019.
  14. Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 415–416. ISBN 1-904994-10-5.
  15. Roberts, David (1998). Guinness Rockopedia (1st. изд.). London: Guinness Publishing Ltd. стр. 307. ISBN 0-85112-072-5.
  16. Tobler, John (1992). NME Rock 'N' Roll Years (1st. изд.). London: Reed International Books Ltd. стр. 453. CN 5585.
  17. „Singer Robert Palmer dies“. BBC.co.uk. BBC. 26 September 2023. Посетено на 19 April 2012.
  18. Kovats, Tom. „Rod Stewart Robert Palmer Some Boys Have All The Luck Live Songs & Visions Concert Wembley 1997“. Посетено на 28 December 2017. Archived at Ghostarchive and the Wayback Machine
  19. „Palmer to be Buried in Switzerland“. NME.com. 28 September 2003.

Надворешни врски

уреди