Дражен Ладиќ (роден на 1 јануари 1963 година во Чаковец) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата голман.

Дражен Ладиќ
Лични податоци
Роден на 1 јануари 1963(1963-01-01)(61 г.)
Роден во Чаковец, СФРЈ
Држава  Југославија
 Хрватска (од 1991)
Висина &100000000000001850000001,85 м
Играчки податоци
Позиција голман
Сегашен клуб  Хрватска (асистент тренер)
Младинска кариера
Вартекс Вараждин Вартекс Вараждин
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1983–1984 Вартекс Вараждин Вартекс Вараждин 15 (0)
1984–1986 Искра Бугојно 42 (5)
1986–2000 Динамо Загреб Динамо Загреб 363 (1)
Репрезентација
1991 Социјалистичка Федеративна Република Југославија Југолавија 2 (0)
1990-2000 Хрватска Хрватска 59 (0)
Раководител на екипите
2002–2004  Хрватска (тренер на голманите)
2006–2011 Хрватска Хрватска 21
2013–2014 Ал-Хилал Ал-Хилал (млади)
2014–2017 Ал Аин Ал Аин (асистент)
2018-  Хрватска (асистент)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Во моментов тој е асистент на Златко Далиќ во хрватската репрезентација.

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Ладиќ ја започнал својата кариера во екипата на Вартекс од Вараждин. По само еда сезона во овој клуб бил купен од страна на Динамо Загреб, кој го отсапил на две години на екипата на Искра од Бугојно, клуб со кој Ладиќ се натпреварувал по една сезона и во првата и во втората лига на СФРЈ. Во 1986 година се вратил во Динамо и бил незаменлив на голот на модрите сè до своето пензионирање во 2000 година. Вкупно за 14 сезони во Динамо, Ладиќ одиграл 802 натпревари во сите натпреварување, и сè уште е рекордер по бројот на настапи за загрепската екипа.

Репрезентативна кариера

уреди

За репрезентацијата на Хрватска одиграл 59 натпревари во периодот 1990-2000, а во 1991 двапати настапил и за репрезентацијата на поранешната Југославија.

Ладиќ дебитирал за хрватската репрезентација на 17 октомври 1990 година во Загреб, во првиот историски пријателски натпревар на хрватите против САД, во кој Хрватска победила со 2-1. Исто така настапил и на Европското првенство 1996 во Англија и Светското првенство 1998 во Франција, каде хрватската репрезентација освоила бронзен медал. На тој турнир Ладиќ бил еден од најдобрите во својата репрезентација искажувајќи се со неколку одлични одбрани.

Последниот настап во коцкестиот дрес го имал на 28 мај 2000, играјќи симболични 10 минути (10 години во репрезентацијата) во пријатлескиот натпревар Хрватска-Франција во Загреб. Со тој настап тој го држи рекордот за најстариот играч кој настапил во хрватската репрезентација со 37 години 4 месеци и 27 дена.

Тренерска кариера

уреди

Тренерската кариера ја започнал во 2002 година како тренер на голманите во хрватската сениорска репрезентација. Од 2006 до 2011 бил селектор на младата репрезентација на хрватска под 21 година. Од 2014 до 2017 година бил помошник на хрватскиот тренер Златко Далиќ во екипата на Ал-Аин. Во март 2018 кога Далиќ бил назначен за селектор на хрватската репрезентација тој го назначил Ладиќ за свој асистент заедно со Ивица Олиќ и Марјан Мрмиќ.

Надвоворешни врски

уреди