Сем Кук

американски пејач и текстописец (1931-1964)

Семјуел Кук (англ. Samuel Cooke;[5] 22 јануари 1931[6] – 11 декември 1964), [5] професионално познат како Сем Кук (англ. Sam Cooke) ― американски пејач и текстописец. Тој бил еден од највлијателните соул-музичари на сите времиња и го викале „Крал на соулот“ поради: неговиот карактеристичен глас, придонесот како основоположник на соул-музиката и значењето во популарната музика.[7] За време на неговата осумгодишна кариера, Кук објавил 29 синглови кои се пласирале во топ-40 на топ-листата за поп-синглови од Билборд, како и 20 синглови во топ-10 на ''Билбордовата топ-листа за црни синглови“. Во 1964 година Кук бил застрелан и убиен од менаџер на мотел во Лос Анџелес.[8] По истрагата, судовите пресудиле дека се работи за оправдано убиство.[9] Кук се наоѓа на Билбордовиот список од „35 најдобри R&B музичари на сите времиња“ објавен во 2015 година.

Сем Кук
Кук во 1963
Животописни податоци
Родено имеСемјуел Кук
Роден(а)22 јануари 1931(1931-01-22)[1][2]
Кларксдејл, Мисисипи, САД
ПотеклоЧикаго, Илиноис, САД
Починал(а)11 декември 1964(1964-12-11) (возр. 33)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД[3]
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
Период на активност1951–1964[4]
Издавачи

Животопис

уреди

Семјуел Кук е роден во Кларксдејл, Мисисипи, во 1931 година (тој додал „е“ во неговото презиме во 1957 година за да означи нов почеток на неговиот живот).[10] [11] Тој бил петто од осумте деца на Чарлс и Ени Меј Кук.

Во 1933 година, неговото семејството се преселило во Чикаго,[12] каде што Кук завршил средно училиште. Кук пеел во хорот на црквата на неговиот татко и ја започнал својата кариера со своите браќа и сестри во групата наречена Singing Children кога имал шест години.[12] Станал познат како пејач на групата Highway QC's на која ѝ се приклучил на 14-годишна возраст.[12]

Кариера

уреди

Почетоци

уреди

Сем Кук професионалната кариера ја започнал во 1950 година, откако станал пејач на госпел-групата The Soul Stirrers, која потпишала договор со Specialty Records.[12]

Успеси во поп-музиката

уреди

Кук имал 30 песни кои се пласирале на американската топ-40 листа во периодот од 1957 до 1964 година, и уште три песни кои биле постхумно објавени. Twistin' the Night Away бил еден од неговите најпродавани албуми.[13] Кук, исто така, бил меѓу првитецрни изведувачи и композитори кои започнале со деловни потфати како поддршка за музичката кариера. Основал дискографска и издавачка куќа. Активно учествувал и во Движењето за граѓански права.[14]

 
Кук во Билборд, 1965 година, објавена постхумно

Негов прв поп/соул сингл бил „Lovable“ (1956), римејк на госпел песната „Wonderful“. Бил издаден под псевдонимот „Дејл Кук“[15] за да не го напуштат неговите госпел-обожаватели; во тоа време имало значително стигматизирање на госпел-пејачите кои изведувале секуларна музика. Сепак, бил препознаен по неговиот карактеристичен и уникатен глас.[9]. Арт Руп, директор на Specialty Records, издавачката куќа на Soul Stirrers, му допуштил на Кук да снима секуларна музика под неговото вистинско име, но тој не бил задоволен од типот на музика која ја правел Кук. Руп очекувал секуларната музика на Кук да биде слична на онаа на друг изведувач од Specialty Records, Литл Ричард. По една кавга со Руп, Кук и неговиот продуцент Блеквел ја напуштиле издавачката куќа.[12]

Во 1957 година, Кук потпишал договор со Keen Records. Неговиот прв хит, „You Send Me“, објавен како Б-страна на „Summertime“,[15] [12] поминал шест недели на прво место на R&B топ-листата од Billboard.[16] Песната, исто така, имала мејнстрим успех, поминала три недели на прво место на поп-листата од Билборд.[17] Со ова, тој од 200 долари неделно почнал да заработува над 5.000 долари неделно.[18]

 
Реклама за билборд, 29 мај 1961 година

Кук потпишал со издавачката куќа RCA Victor во јануари 1960 година, која му понудила гарантирани 100.000 долари.[19] [20] Еден од неговите први синглови со RCA Victor бил „Chain Gang", кој стигнал до второ место на поп-листата на Билборд.[12] потоа следувале и другите хитови, како „Sad Mood“,[12] „Cupid", „Bring It On Home to Me", „Another Saturday Night" и „Twistin' the Night Away".

Во 1961 година, Кук основал своја издавачка куќа, SAR Records.[21] Кук потоа основал и фирма за менаџмент под име Kags.[22]

Смрт

уреди

Кук бил убиен на 11 декември 1964 година во мотелот Хасиенда во Лос Анџелес. Тој се здобил со прострелна рана во градниот кош, за која подоцна било утврдено дека му го прободила срцето.[23]

Менаџерката на мотелот, Берта Френклин, рекла дека пукала во него во самоодбрана. Нејзиното тврдење веднаш било оспорено од познаниците на Кук.[24] [25] Сопственичката на мотелот, Евелин Кар,[note 1] рекла дека разговарала со Френклин на телефон во моментот на инцидентот. Кар рекла дека го слушнала упадот на Кук, расправијата, истрелот и повикала полиција.[12]

Дискографија

уреди
  • Sam Cooke (1958)
  • Encore (1958)
  • Tribute to the Lady (1959)
  • Cooke's Tour (1960)
  • Hits of the 50's (1960)
  • Swing Low (1961)
  • My Kind of Blues (1961)
  • Twistin' the Night Away (1962)
  • Mr. Soul (1963)
  • Night Beat (1963)
  • Ain't That Good News (1964)

Наводи

уреди
  1. Eagle, Bob; LeBlanc, Eric S. (2013). Blues – A Regional Experience. Santa Barbara: Praeger Publishers. стр. 199. ISBN 978-0-313-34423-7.
  2. Cooke's death certificate gives his year of birth as 1932 while his gravestone gives his year of birth as 1930. However, the Social Security Death Master File (number 329-26-4823) indicates 1931.
  3. „Report – HPLA“.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име songsofsamcooke.com.
  5. 5,0 5,1 Празен навод (help)
  6. Cooke's death certificate gives 1932 as his year of birth while his gravestone gives 1930 as his year of birth.
  7. Janovitz, Bill. „Cupid – Sam Cooke“. AllMusic. Посетено на September 5, 2014.
  8. „Manager of motel shoots singing star“. Lewiston Morning Tribune. (Idaho). Associated Press. December 12, 1964. стр. 10.
  9. 9,0 9,1 Bronson, Fred (2003). The Billboard Book of Number 1 Hits: The Inside Story Behind Every Number One Single on Billboard's Hot 100 from 1955 to the Present. Billboard Books. стр. 30. ISBN 0-8230-7677-6.
  10. Guralnick, Peter (2005). Dream Boogie: The Triumph of Sam Cooke. Little, Brown and Company. ISBN 0-316-37794-5.
  11. Note: His headstone gives his birth year as 1930.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 12,7 12,8 Guralnick 2005.
  13. Eder, Bruce. „Sam Cooke AllMusic“. AllMusic. Посетено на August 21, 2017.
  14. Празен навод (help)
  15. 15,0 15,1 „Show 17 – The Soul Reformation: More on the evolution of rhythm and blues“. Pop Chronicles. Digital Library, University of North Texas. June 22, 1969. Посетено на September 22, 2010. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „pc17“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  16. „Sam Cooke“. Rock & Roll Hall of Fame. Посетено на October 10, 2017.
  17. Dean, Maury (2003). Rock 'N' Roll Gold Rush: A Singles Un-cyclopedia. Algora Publishing. стр. 176. ISBN 0-87586-207-1.
  18. Празен навод (help)
  19. Празен навод (help)
  20. . New York. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  21. Warner, Jay; Jones, Quincy (2006). On This Day in Black Music History. Hal Leonard Corporation. стр. 10. ISBN 0-634-09926-4.
  22. Goodman, Fred (2015). Allen Klein: The Man Who Bailed Out the Beatles, Made the Stones, and Transformed Rock & Roll. Houghton Mifflin Harcourt. стр. 40. ISBN 978-0-547-89686-1.
  23. Krajicek, David. „The Death of Sam Cooke“. Crime Library. Архивирано од изворникот на February 10, 2015. Посетено на September 9, 2016.
  24. „Singer Sam Cooke Shot To Death“. Jet. December 24, 1964. стр. 62–63.
  25. Goodman 2015.

Надворешни врски

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „note“, но нема соодветна ознака <references group="note"/>.