Мирјана Карановиќ
Мирјана Карановиќ (српски: Мирјана Карановић) — српска и југословенска театарска и филмска глумица.
Животопис
уредиДипломирала во 1984. година, на Факултетот за драмски уметности во Белград, со улогата во претставата „Големо и мало“ на Бото Штраус. За нејзиниот општествен ангажман била одликувана со наградата „Освојување на слободата“.[1]
Кариера
уредиСвојата прва филмска улога Мирјана Карановиќ ја остварила на возраст од 23 години, во филмот „Венецот на Петрија“. Паралелно со филмската кариера, таа настапувала на театарските сцени во повеќе театарски куќи, како: „Југословенско драмско позориште“, „Звездара театар“, „Београдско драмско позориште“, „Битеф театар“, „Атеље 212“, „Камерни театар 55“, „Центар за културну деконтаминацију“, итн. За остварените улоги, Карановиќ ги добила сите релевантни српски и југословенски награди за театар и за филм, а некои од нив и повеќапати. Исто така, таа е наградена и со „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, како и со Францускиот орден „Витез на културата и уметноста“.[2]