Александар Балабанов
Александар Балабанов — роден во Штип. Во македонската општественост познат е како врвен литерат, преведувач и критичар. Долги години бил професор на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и член на Македонскиот научен институт. Исполнувал важни мисии кои му биле доверувани од ВМРО.
Александар Балабанов | ||
![]() | ||
Роден | 18 јануари 1879 Штип, денес Република Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 ноември 1955 Софија, Бугарија |
Александар Балабанов завршил класична филологија во 1904 година во Лајпциг и Ерланген, Германија. Во 1904-1912 работел како учител по класични jазици во Прва машка гимназиjа во Софија. Во 1921 година е основач на Катедрата за класична филологија на Софискиот универзитет.
Балабанов ги објавил книгите "Еволуција на мотивите во грчката поезија" (1911), "Историја на класичната литература" (1914, 1917, 1931), "Љубов и поезија" (1939).
Покрај научната дејност Балабанов се занимавал со журналистика и бил редактор на списаниjата "Художник" ("Уметник", 1905-1906) и "Прометеj" (1937-1943), на весниците "Време" (1908-1909) и "Развигор" (1921-1937).
ИзвориУреди
- "Из един живот. 1898-1934", Софиjа, 1934 г. - сборник со произведениjа на Александар Балабанов во "Библиотека Струмски"
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |