Социјализам
Социјализмот е идеологија чие централно залагање е замена на капиталистичкото општество со општество што ќе се одликува со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за производство со државна и општествена сопственост, со воведување на мерки на економско планирање и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Од аспект на општественото уредување, социјализмот претставува општествено уредување засновано на средствата за производство и врз распределбата на доходот според принципот: секому според трудот и резултатите на трудот.[1]. Најчесто, социјализмот се сфаќа во значењето што му го дал марксизмот, имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон комунизам.
Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот „социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат социјалдемократите, демократските социјалисти, комунистите и анархистите, потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии.
Социјалистичките идеологии меѓу себе се разликуваат речиси по сите прашања кои нивните приврзаници ги сметаат за клучни:
- Дали замената на капиталистичкото со социјалистичко општество треба да се изврши по пат на револуција или преку еволуција?
- Дали треба да се национализираат сите средства за производство, дали треба да се национализираат само одредени средства за производство, или треба средствата за производство веднаш да преминат во општествена сопственост?
- Дали треба да се укине демократијата по доаѓањето на власт, односно, дали и во која мера треба да се прифати демократијата која постои во капитализмот?
- Кој треба да биде двигател во градењето на социјализмот: обичните граѓани („пролетеријатот“) или партијата што дојде на власт со социјалистички претензии?
- Каков треба да биде односот кон оние што се противат на новата социјалистичка власт? Дали нивните човекови права треба да се почитуваат или не?
- Дали треба да им се посветува посебно внимание на прашањата што предизвикуваат значителен интерес, а не се поврзани со економските односи помеѓу класите, како заштитата на животната средина, феминизмот итн.?
- Дали режимите на чие чело беа или се комунисти (како Советскиот Сојуз, Кина, Куба, СФР Југославија итн.) можат да се сметаат за социјалистички или беа облици на државен капитализам?
Теорија на социјализмот
уредиВо својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски тврди дека „социјализмот не е само работничко прашање... туку, тоа е претежно атеистичко прашање.“[2]
Социјализмот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиНаводи
уреди- ↑ Чокревски, Томислав; Корубин, Благоја; Ацески, Илија (1995). Социолошки терминолошки речник (PDF). Скопје: МАНУ. стр. 287–288. ISBN 9989-43-035-7.
- ↑ Фјодор М. Достојевски, Браћа Карамазови. Београд: Просвета, 1956, стр. 24.
- ↑ YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)