<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

10 јануари — 10-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 355 денови до крајот на годината (356 во престапна).

Настани:

49 п.н.е.  Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција.
1863  Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија - првата подземна железница во светот.
1920  По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
1975  Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Средна Европа со оние во Данска и во Шведска.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
1996  Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
1996  Република Македонија и Европската унија воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1883  Алексеј Толстој — руски и советски писател.
1897  Методија Шаторов - Шарло — македонски комунист и национален деец.
1902  Добрица Цесариќ — хрватски поет.
1909  Павле Савиќ — српски физичар и хемичар.
1913  Густав Хусак — последниот социјалистички претседател на Чехословачка.
1924  Макс Роуч — американски џез-музичар.
1931  Јован Зизјулас — грчки теолог и Митрополит Пергамски на Вселенската патријаршија.
1935  Леонид Кравчукукраински политичар.
1945  Род Стјуарт — англиски пејач.
1948  Никола Плеќаш — хрватски и југословенски кошаркар.
1948  Доналд Фејген — американски рок-музичар.
1949  Џорџ Формен — американски боксер.
1950  Вецко Домазетовски — македонски есеист, критичар и книжевен теоретичар.
1959  Курт Кирквуд — американски рок-музичар.
1959  Маурицјо Сари — италијански фудбалски тренер.
1963  Франческо Панета — италијански атлетичар.
1973  Феликс Тринидад — порторикански боксер.
1978  Иво Ивановскиминистер за информатичко општество и администрација на Македонија.
1987  Цезар Сиело — бразилски пливач.
1991  Гонсало Перес де Варгас — шпански ракометен голман.
1992  Шиме Врсаљко — хрватски фудбалер.
1994  Фејт Кипјегон — кениска атлетичарка.
1999  Мејсон Маунт — англиски фудбалер.
1999  Јусуф Фофана — француски фудбалер.

Починале:

1778  Карл фон Лине — шведски ботаничар и систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња.
1862  Семјуел Колт — американски пронаоѓач.
1891  Лаза Лазаревиќ — српски писател.
1917  Вилијам Коди (познат како Бафало Бил) — американски каубоец.
1951  Синклер Луис — американски писател.
1971  Коко Шанел — француска модна дизајнерка.
1986  Јарослав Сајферт — чешки поет, добитник на Нобеловата награда за литература во 1984 година.
1991  Александар Лазаров — редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.
2003  Жулињо — бразилски фудбалер.
2006  Фадил Тоскиќ — босански и југословенски пејач.
2007  Карло Понти — италијански филмски продуцент.
2011  Бора Костиќ — српски и југословенски фудбалер.
2011  Бошко Петровиќ — хрватски џез-музичар.
2015  Тим Драмонд — американски рок-музичар.
2016  Дејвид Боуви — англиски рок-музичар.
2018  Димитар Димитров — македонски гинеколог.
2018  Еди Кларк — британски рок-музичар, член на групата Моторхед.
2020  Неда Арнериќ — српска и југословенска глумица.
2023  Џеф Бек — англиски рок-гитарист.