Јован Исаја - Јон (Тетово, 5 јануари 1915 - Скопје, 13 декември 1993) — македонски филмски, театарски и телевизиски глумец.

Јон Исаја
Роден 5 јануари 1915
Тетово, Кралство Србија
Починал 13 декември 1993(1993-12-13) (возр. 78)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Солунските атентатори
Денови на искушение
До победата и по неа
Занимање глумец
Роднини Мара Исаја (сестра)

Животопис

уреди

Јон Исаја бил роден во Тетово на 5 јануари 1915 година.[1] Тој потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминал во Романија каде ја завршил и Театарска академија во Букурешт во 1942 година. Станал член на Драмата на МНТ од 1951 па до 1964 година. Кариерата ја продолжил во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и телевизија. Го негувал сценскиот говор и се залагал за строго психолошко обликување на ликовите.

Филмографија

уреди
Филмографија на глумецот Јон Исаја
Год. Назив Улога
1960-ти
1961 Солунските атентатори /
1961 Мирно лето /
1965 Денови на искушение Христов
1966 До победата и по неа /
1967 Мементо /
1969 Републиката во пламен /
1969 Време без војна /
1969 Книга за Јов ТВ филм /
1969 Враќање од рајот ТВ филм /
1970-ти
1970 Цената на градот Заложник 2
1970 Мртва стража ТВ филм /
1971 Некаде морам да те чекам ТВ филм /
1972 Истрел /
1975 Парадоксот на Диоген ТВ филм Др Алексеј Кондарко
1977 Исправи се, Делфина Судија
1979 Наши години ТВ серија /
1980-ти
1981 Црвениот коњ ТВ-филм /
1982 Илинден ТВ серија /
1983 Црвениот коњ ТВ-серија /
1990-ти
1990 Северна грешка ТВ филм Стариот
1991 Болва в' уво ТВ-филм Доктор Финаш

Наводи

уреди
  1. Најзначајни Тетовчани на 20.век. Архивирано од изворникот на 2013-04-21. Посетено на 2009-10-20.

Надворешни врски

уреди