Северна Африка
Географска положбаУреди
Северна Африка ја опфаќа територијата од Средоземното Море на север до реката Нигер и езерото Чад на југ. Се простира од Атланскиот Океан на запад до Црвеното Море на исток, односно ги зафаќа териториите што хидрографски главно, гравитираат кон Средоземното Море на север и Атланскиот Океан на северозапад.
ГолеминаУреди
Северна Африк зафаќа околу 13 милиони кm² површина на која живеат околу 200 милиони жители, од кои поголемиот број се Арапи. Поголемиот дел од територијата ја зафаќа пустината Сахара, поради што Северна Африка е најретко населена.
ДемографијаУреди
На територијата на Северна Африка се наоѓаат државите: Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Западна Сахара и Мавританија. Сите тие излегуваат на море. Повеќето држави во Северна Африка се големи по површина, освен Тунис. Но, поради климатските карактеристики, населеноста и економската развиеност се мошне нерамномерни. Населението е најгусто населено во приморските делови, покрај долините на реките и во оазите. Поголемиот дел од териториите во пустините се ретко или воопшто не се населени. Главни стопански дејности се земјдолеството и сточарството. Од земјоделските прозиводи се одгледуваат жита, маслинки, винова лоза, лимони, портокали, памук и др. Сточарството се одликува со одгледување на овци, кози, камили и говеда. Од рудните богатства во Северна Африка се застапени нафта, фосфати, железо, олово и цинк. Покарактеристични индустриски развиени региони се северниот дел на Египет, Алжир, Либија, Тунис и Мароко - каде што се најразвиени прехранбената и петрохемиската индустрија. Населението во Северна Африка е воглавно со исламска вероисповед. Демографската слика на Северна Африка со основните податоци изгледа вака:
држава | население | доминантна религија |
% од вкупното население |
службен јазик | најголема етничка група |
---|---|---|---|---|---|
Египет | 76,699,427 (2006[1]) | Ислам[2] | ~ 90[2] | арапски[3] | Египќани (91 %)[4] |
Судан | 30,894,000 (2008, оспорено[5]) | Ислам | ~ 97 | арапски и англиски | Арапи (39 %), Црнци (52 %) |
Либија | 5,670,688 (попис 2006) | Ислам | 96.7 | арапски | повеќето од населението се машни Арапи-Бербери (арабизирани Бербери) |
Тунис | 10,673,800 (порц. за 2011) | Ислам | 99 | арапски | мешано население од Арапи-Бербери (98%) |
Алжир | 29,100,867 (попис 1998) | Ислам | 99 | арапски | Бербери (над 90%) |
Мароко | 35,657,056 (попис 2011) | Ислам | 98.7 | арапски и берберски | мешано население од Арапи-Бербери (99%) |
Чад | 10,329,208 (проц. 2009) | Ислам | 53 | арапски и француски | нема мнозонска група, види Демографија на Чад |
Нигер | 10,790,352 (попис 2001) | Ислам | 90 | француски | Хауса (56 %), Џерма 22 % |
Мали | 14,517,176 (попис 2009) | Ислам | 90 | француски | Мандејци (Бамбарци, Малинке и Сонинке) 30% до 50 % |
Мавританија | 3,069,000 (проц. за 2009) | Ислам | ~100 | арапски | 30 % Белци (Арапи и Бербери), 30 % Црнци (Сонинке, Тукулери, Фуланци) |
Западна Сахара | 405,210 (проц. за 2010) | Ислам | 99.9 | арапски | Сахарци |
Карти за Северна АфрикаУреди
НаводиУреди
- ↑ „Indicators From Final Results of 2006 Pop. Census Compared With 1996 Census“ (PDF). Central Agency for Public Mobilization and Statistics. Посетено на 15 April 2011.
- ↑ 2,0 2,1 „Background Note: Egypt“. United States Department of State Bureau of Near Eastern Affairs. 10 November 2010. Посетено на 5 March 2011.
- ↑ „Constitutional Declaration: A New Stage in the History of the Great Egyptian People“. Egypt State Information Service. 30 March 2011. Посетено на 15 April 2011.
- ↑ CIA Factbook: Egypt
- ↑ „Discontent over Sudan census“. News24. 21 May 2009. Посетено на 8 July 2011.
ПоврзаноУреди
Оваа статија за место во Африка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |