Кристијан Еуген Киву (романски изговор: [kristiˈan e.uˈd͡ʒen ˈkivu]; роден на 26 октомври 1980 година) е романски поранешен фудбалер. Тој обично играл како лев бек, но исто така бил користен и како централен дефанзивец.

Кристијан Киву
Куву играјќи за Интер во 2011
Лични податоци
Полно име Кристијан Еуген Киву
Роден на 26 октомври 1980(1980-10-26)(44 г.)
Роден во Решица, Романија
Држава  Романија
Висина 1.84m
Позиција одбрана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996–1998 Решица Решица 24 (2)
1998–1999 Университатеја Крајова Университатеја Крајова 32 (3)
1999–2003 Ајакс Ајакс 107 (13)
2003–2007 Рома Рома 85 (6)
2007–2014 Интер Интер 115 (3)
Вкупно 363 (27)
Репрезентација
1997–1998 Романија Романија под 19 12 (1)
1998–2000 Романија Романија под 21 13 (0)
1999–2010[1] Романија Романија 75 (3)
* Ажурирано на: 14 October 2013
** Ажурирано на: 17 November 2010

Кариера

уреди

Тој ја започнал својата кариера во својот роден град во фудбалскиот клуб Решица, пред да се преселил во Университатеа од Крајова во 1998 година, пред да се приклучи на холандскиот клуб, Ајакс една сезона подоцна. Неговите изведби како капетан на Ајакс, биле инспирација за трансфер од €18 милиони евра во Рома во 2003 година. Киву го освоил Купот на Италија , во неговата последна сезона од четирите одиграни за Рома пред да направи трансфер во  Интер, каде што го поминал остатокот од неговата кариера пред да се пензионира во 2014 година.Неговите почести во Интер вклучуваaт тројка од италијанската лига, домашниот куп и Лигата на шампионите во 2010 година .

Киву својте 75-те репезентативни настапи ги одиграл меѓу 1999 и 2010 година, и бил дел од фудбалската репрезентација на Романија на Европските првенства во 2000 и 2008 година.

По пензионирањето, тој станал еден фудбалските критичари за италијанските телевизиски станици Скај Спорт и сега Fox Sports. Тој е, исто така, технички набљудувач на УЕФА.[2]

Наводи

уреди
  1. „Cristian Chivu - International Appearances“. The Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation.
  2. „Chivu learns in UEFA technical role“. UEFA. 23 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-06-03. Посетено на 28 May 2017.