Николо Паганини
Николо Паганини (Џенова, 27 октомври 1782 - Ница, Франција, 27 мај 1840) бил италијански виртуоз на виолина и композитор. Бил ненадминат мајстор на виолинската техника и му била припишувана дури и маѓиска моќ. Компонирал виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите „каприча“ за соло виолина.
Детство
Паганини е роден во Џенова, Италија, како трето од шест деца на Антонио и Тереса Паганини. Неговиот татко бил неуспешен трговец, но успеал да заработува со свирење на мандолина.На петгодишна возраст, Николо почнал да учи да сви мандолина од татко му, а започнал со виолина на седумгодишна возраст. Неговите музички таленти биле брзо препознаени што му донеле многубројни стипендии за часови по виолина. Тој учел кај многу локални виолинисти, вклучувајќи ги Џовани Сервето и Џакомо Коста, но напредокот на Паганини ги прекорачил нивните способности.Тој и неговиот татко тогаш отпатувале во Парма за да бараат понатамошно упатство од Александро Рола. Кога го чул Рола Паганини веднаш го испратил кај неговиот учител Фердинандо Паер а подоцна бил препратен кај учителот на Паер Гаспаро Гирети. Иако Паганини ни кај двајцата не останал долго ,тие имале значително влијание на неговиот стил.
Раните години на неговата кариера
Семејството Паганини побарало засолниште во нивниот имот во Ромерон, близу Болзането. До 1800 Паганини и татко му патувале во Ливорно, каде Паганини свирел на концерти а татко му продолжил со неговата работа. Во 1801, осумнаесетгодишниот Паганини бил именуван како прва виолина од Република Лука. Неговата слава како виолинист била иста како репутација на коцкар и женскарош. Со присоединување на Лука со Франција, регионот бил во рацете на сестрата на Наполеон, Елиза Бачиочи со што Паганини станал виолинист во нивниот двор и приватен учител на нејзиниот сопруг, Фелис. Кога дворот на Бачиочи се префрлил во Фиренца, Паганини заминал.
Виртуозот што патува
Следните неколку години Паганини се враќа во територијата на Парма и Џенова. Иако бил многу популарен со околната јавност, не бил доволно прочуен во другите делови на Европа. Неговиот прв пробив дошол со концертот во Ла Скала во Милано 1813 година. Концертот бил многу успешен. Како последица на ова, тој го привлекол вниманието на други истакнати, но конзервативни музичари од Европа. Неговите среќавање со Чарлс Филип Лафонт и Луис Спохр создале соперништво меѓу нив.Неговите концерти во следните години биле ограничени само во Италија. Неговата слава се проширила во Европа со турнеја која започнала во Виена во август 1828 со застанување во секој поголем европски град во Германија, Полска и Бохемија сè до Стразбур февруари 1831. Ова продолжило со турнеја во Париз и Британија. Покрај неговите дела тој свирел и изменети верзии на делата напишани од неговите предци како што се Рудолф Крузер и Џовани Батиста Виоти. Доцни години на кариера и влошување на здравје Низ неговиот живот, Паганини не бил странец на хроничните заболувања. Иако нема прецизни лекарски докази, се верува дека бил заболен од синдром на Марфан.Неговите чести концерти и екстравагантниот начин на живот му наштетиле на неговото здравје. Му бил дијагностициран сифилис и неговото лекување вклучувало меркур и опиум што предизвикале сериозни физички и психолошки последици.Додека бил во Париз заболел од туберкулоза. Иако неговото оздравување било брзо, неговата кариера била проследена со чести откажувањата заради неговите проблеми со здравјето, од најобичниот грип до депресија, која што траела од денови до месеци. Во септември 1834 Паганини ставил крај на неговата кариера и се вратил во Џенова. Тој го посветил своето време на објавување на неговите композиции и методи. Прифаќал ученици од кои двајца доживеале умерен успех: виолинистот Камило Сивори и Гаетано Чиандели кој свирел на виолончело.
Последни години, смрт и погреб
уредиВо 1836 Паганини се вратил во Париз за да отвори казино. Неговото моментално пропаѓање го довело до финансиски пропаст и морал да ги продаде сопствените инструменти на аукција за да ја поправи загубата. На Божиќ 1838, тој заминал за Марсељ и накај Нис состојбата му се влошила. Во 27 мај 1840 Паганини починал од внатрешно кварење. Поради асоцијацијата со ѓаволот бидејќи не успеал да се исповеда Црквата не сакала да го закопа неговото тело. Требало 4 години и влијание од папата за да Црквата го пренесе телото во Џенова, но тоа пак останало непогребано. Конечно тоа се случило во 1876 на гробиштата во Парма.
Значење и влијание
уредиЖивотот и творештвото на Паганини се опишани во биографскиот филм „Паганини“ од 2013 година во режија на Бернард Руз (Bernard Rose) при што улогата на Паганини ја игра Дејвид Герет (David Garrett).[1]