Гафур Џабир Ахмети
Гафур Џабир Ахмети (албански: Gafur Xhabir Ahmeti) (Пршовце, тетовско, 29 октомври 1945 е македонски писател, публицист и преведувач од албанско етничко потекло.[1]
Животопис
уредиАхмети е роден на 29 октомври 1945 година во тетовското село Пршовце. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Тетово, а потоа дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во весникот Флака е велазеримит, а потоа како дописник на Рилиндја во Приштина. Вработен е во Министерството за надворешни работи на Македонија. Пишува проза, романи и драми. Преведува од албански на македонски и обратно.
Библиографија
уреди- Стеблата на едно дрво, 1982;
- Освен зборовите на песната, раскази 1989;
- Повторно се врати, 1977;
- Pasardhësit e Katit; превод: М. Фотев, Потомците на Кат;
- Цвеќиња во ќерпич, роман, 1984;
- Две драми, 1979.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. I (I. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.