Рита Хејворт
Рита Хејворт (англиски: Rita Hayworth; Бруклин, 17 октомври 1918 — Њујорк, 14 мај 1987 година) е американска глумица.
Животопис
уредиХејворт е родена во Бруклин, Њујорк како Маргарита Кармен Кансино, ќерка на шпанска танчерка Едуардо Кансино Постари и Волга Хејворт, танчери на Ирско и англиско потекло. Парот се венчал во 1917 година, па потоа ја добиле Маргарет и синовите Едвард, Jr. и Верона.
Татко и на Ритни се надевал дека ќе стане професионална танчерка додека нејзината мајка се надевала да стане глумица. Нејзиниот дедо, Антонио Кансино, тој е еден од најдобрите претставници на традиционалните шпански танци болеро. Неговото училиште за танц во Мадрид била светски позната. Рита се присетува: „Кога наполнив три и пол години, штом можев да застане за својте нозе ме учеа лекции по танц. Јас особено не ги сакав многу, но немав храброст да му кажам на татко ми, па почнав со часови по танц. Проби, проби и проби, тоа беше моето детство.“ Таа одела на часови секој ден, неколку години во Карнеги хол во настава на нејзиниот чичко Ангел Кансино. Настапувала јавно уште во шестата година. Во 1926 година настапила во La Fiesta, краток филм на компанијата Ворнер Брос.
Во 1927 година, кога Хејворт имала осум години, семејството се преселило во Холивуд. Нејзиниот татко бил уверен дека таму има голема иднина во танц во филмот и дека неговото семејство може да биде дел од тоа. Тој основал свое училиште за танц, и холивудски џет-сет, вклучувајќи го и Џејмс Кегниј и Џин Харлоу започнуваат со посебни тренинзи во тоа студио. Во текот на големата депресија семејните инвестиции пропаднале. Музичарите веќе не биле во фокусот и комерцијалните интереси за часови по танц на нејзиниот татко исчезнале. Хејворт се здружила во тим со нејзиниот татко и формирале танц група која ја нарекле "Кансиноси". Бидејќи Хејворт не била на законската возраст да работат во ноќни клубови и барови во согласност со законот на Калифорнија, таа и нејзиниот татко отишле преку граница, за Тихуана, Мексико, популарно туристичко место за граѓаните на Лос Анџелес за 30 години. Поради нивната работа, Хејворт не завршила средното училиште, но сепак завршила деветто одделение во Лос Анџелес. Добива мали улоги во филмовите Круз Диабло (1934), кое што води до следната Во калиенте (1935) со мексиканска глумица Долорес Дел Рио. Хејворт играла во такви места, како Странски Клуб и Калиенте Клуб. Неколку недели подоцна Хејворт имала проба за Фокс. Импресиониран од нејзините филмски движења, Шихан потпишал шестмесечен договор со неа, под името Рита Касино.
Филмографија
уредиРита Хејворт настапила во следниве филмови:
- Само ангелите имаат крила (1939)
- Дамата од Шангај (1947)
- Љубовите на Кармен (1948)
- Пријателот Џои (1957)
- Дојдоа во Кордура (1959)
Изглед
уредиВо 1949 година нејзините усни биле прогласени за најдобри во светот од страна на уметниците во Лигата на Америка. Имала моден договор со Макс Фактор, за да ги промовира своите кармини и шминки.