21 октомври
датум
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
21 октомври — 294-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (295-и во престапна година). Остануваат 71 денови до крајот на годината.
Настани:
1805 | Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години. |
1824 | Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент. |
1941 | Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца. |
1967 | Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата. |
1995 | По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка. |
1997 | Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора. |
2010 | Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма). |
Родени:
1833 | Алфред Нобел — шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец |
1917 | Дизи Гилеспи — американски џез-музичар. |
1919 | Димче Јанко — македонски копаничар од Охрид. |
1933 | Франциско Генто — шпански фудбалер. |
1942 | Елвин Бишоп — американски блуз-музичар. |
1942 | Кристофер Симс — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
1945 | Никита Михалков — руски филмски режисер и глумец. |
1955 | Френк Херш — американски џез-музичар |
1956 | Андро Кнего — хрватски и југословенски кошаркар. |
1957 | Џулиен Коуп — англиски рок-музичар. |
1967 | Пол Инс — англиски фудбалер. |
1981 | Немања Видиќ — српски фудбалер. |
1987 | Георги Братоев — бугарски одбојкар. |
1987 | Валентин Братоев — бугарски одбојкар. |
1990 | Рики Рубио — шпански кошаркар. |
1995 | Јулимар Рохас — венецуелска атлетичарка. |
Починале:
1494 | Џан Галеацо Сфорца — војвода од Милано. |
1641 | Хорацие Мажибрадиќ — хрватски поет. |
1927 | Бора Станковиќ — српски писател. |
1931 | Артур Шницлер — австриски писател. |
1969 | Џек Керуак — американски писател, претставник на таканаречената „бит-генерација“ |
1984 | Франсоа Трифо — француски филмски режисер. |
2003 | Елиот Смит — американски рок музичар. |
2022 | Масато Кудо — јапонски фудбалер. |
2023 | Боби Чарлтон — англиски фудбалер. |