Џорџ Едвард Форман (анг: George Edward Foreman; роден на 10 јануари 1949 г.)[1] [2] ― поранешен американски професионален боксер, познат и како „Големиот Џорџ“ (анг: Big George), а неговата боксерска кариера траела од 1967 до 1997 година. Тој е двократен светски шампион во тешка категорија и има олимписки златен медал.

Фотографија од Џорџ Форман

По проблематичното детство, Форман почнал да се занимава со аматерски бокс и на Летните олимписки игри 1968 година освоил златен медал во тешка категорија. Следната година станал професионален боксер, а во 1973 година ја освоил светската титула во тешка категорија со неверојатен нокаут во втората рунда на дотогаш непоразениот Џо Фрејзер. Тој двапати го одбранал појасот, а потоа го претрпил својот прв професионален пораз од Мухамед Али во незаборавниот боксерки меч Rumble in the Jungle во 1974 година.[3] По поразот од Џими Јанг во 1977 година, поради што не можел да биде предизвикувач во меч за титула, Форман истата година се повлекол од професионалниот бокс.

Следејќи го своето (како што тој го нарекол) религиозно богојавление, Форман станал ракоположен христијански министер.[4] Десет години подоцна најавил враќање во професионалниот бокс, а во 1994 година на 45 години со нокаутирање на 26-годишниот Мајкл Мурер ги освоил обединетите шампионски титули во ВБА, ИБФ и во тешка категорија. Набргу потоа, наместо наместо да ја брани титулата се откажал од појасот на ВБА, а по една успешна одбрана на титулата против Аксел Шулц, Форман на 28 јуни 1995 година се откажал и од титулата во ИБФ. Со 46 години и 169 дена, тој бил најстар светски шампион во тешка категорија во историјата.[5] Форман е највозрасен светски шампион во бокс во тешка категорија и втор по старост во сите тежински категории по Бернард Хопкинс (во полутешка категорија). Од боксувањето се повлекол во 1997 година (на 48 години), со конечен успех од 76 победи (68 нокаути) и 5 порази.

Форман е внесен во Светската боксерска куќа на славата и Меѓународната боксерска куќа на славата. Џорџ Форман се наоѓа на осмо место на листата од најдобри боксери во тешка категорија на сите времиња од Меѓународната организација за истражување на боксот.[6] Во 2002 година, <i id="mwOQ">The Ring</i> го прогласил за еден од 25-те најголеми борци во претходните 80 години. Тhe Ring го ставил на деветто место на лиситата на боксери со најдобар удар на сите времиња. Покрај тоа што е успешен боксер, исто така е успешен претприемач и познат по неговата George Foreman Grill.[7] Во 1999 година, Форман ги продал комерцијалните права на скарата за 138 милиони долари.[8]

Наводи уреди

  1. Porter, David L. (1995). African-American Sports Greats: A Biographical Dictionary. ABC-CLIO. стр. 94. ISBN 978-0-313-28987-3. Посетено на September 1, 2018.
  2. „Amateur Accomplishments“. BoxRec.com. Посетено на 2011-04-20.
  3. Christopher, Paul J.; Smith, Alicia Marie (August 2006). Greatest Sports Heroes of All Times: North American Edition. Encouragement Press, LLC. стр. 75–81. ISBN 978-1-933766-09-6.
  4. Oden, John E. (September 29, 2009). Life in the Ring. Hatherleigh Press. стр. 73. ISBN 978-1578263493. Посетено на October 30, 2019.
  5. „Professional boxing record: George Foreman“. Посетено на March 14, 2020.
  6. „Heavyweight. IBRO All Time Ratings“. Ibroresearch.com. Архивирано од изворникот на November 10, 2011. Посетено на 2011-11-12.
  7. „History of the George Foreman Grill“. georgeforemancooking.com. Архивирано од изворникот на December 8, 2011. Посетено на 2012-01-21.
  8. Coster, Helen (January 30, 2010). „Millionaire High School Dropouts Page 2 of 2“. Forbes. Архивирано од изворникот на January 23, 2013.