Марио де Андраде (португалски: Mário de Andrade) (9 октомври 1893, Саун Пауло, Бразил - 25 февруари 1945, Саун Пауло, Бразил) - бразилски писател.

Марио де Андраде (португалски: Mário de Andrade) 1893 - 1945

Творештво

уреди

Марио де Андраде се смета за камен-темелник на книжевноста на Бразил и централна личност на модернизмот во Саун Пауло во текот на повеќе од 20 години, поради што е наречен „татко на модернизмот“. Тој бил есист, книжевен критичар, романописец, фотограф, историчар на уметноста, ликовен критичар, прозаист, фолклорист и музиколог. Во 1922 година застанал на чело на „Неделата на модерната уметност“, што се одржувала во Саун Пауло, исфрлајќи го мотото „Отфрлање на странските влијанија и свртување кон сопствените корени“. Од 1935 година до смртта, тој бил директор на одделот за култура на Саун Пауло, одговорен за истражување на бразилскиот фолклор. Неговото огромно значење се состои и во тоа што тој бил првиот писател што почнал да го употребува колоквијалниот бразилскиот говор, ослободувајќи го од граматичките и книжевните правила на португалскиот јазик. Неговите романи го одразуваат влијанието на бразилскиот фолклор при што тој се обидел да ги спои амазонското минато со латиноамериканската сегашност. Најзначајни дела на Андраде се: поетската збирка „Занесената Паулисеа“ (1922), збирката поезија „Разгневен град“ (1922), „Сакам, непреоден глагол“ (1927), „Макунаима, херој без карактер“ (1928), збирките раскази „Белазарте“ (1927) и „Нови раскази“, итн.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 287.
  2. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 288-289.