Јирген Колер
Јирген Колер (роден на 6 октомври 1965, во Ламбшајм) — германски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, кој играл на позицијата централен одбранбен играч.
Јирген Колер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 6 октомври 1965 | ||
Роден во | Ламбшајм, Западна Германија | ||
Држава |
Западна Германија Германија (од 1990) | ||
Висина | м | 1,86||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 2002 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1983–1987 | Валдхоф Манхајм | 95 | (6) |
1987-1989 | Келн | 57 | (2) |
1989-1991 | Бајерн Минхен | 55 | (6) |
1991-1995 | Јувентус | 102 | (8) |
1995-2002 | Борусија Дортмунд | 191 | (14) |
Репрезентација ‡ | |||
1988-1999 | Германија | 105 | (2) |
Раководител на екипите | |||
2002–2003 | Германија 21 | ||
2005–2006 | Дисбург | ||
2008 | Ален | ||
2012 | Бонер | ||
2013-2015 | Виргес | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Кариера
уредиТој се повлекол од професионалниот фудбал во 2002 година на возраст од 36 години, а последната сезона ја одиграл во дресот на Борусија Дортмунд, клуб со кој ја освоил Лигата на шампионите во сезоната 1996-97. Пред Борусија, Колер играл за екипите на Манхајм, Келн, Бајерн Минхен и Јувентус. Во својата долга и богата кариера Колер освоил уште три наслови во Бундеслигата (еден со Бајерн и два со Борусија), еден во Серија А (Јувентус), еден Куп на УЕФА (Јувентус) и еден наслов од Интерконтиненталниот куп (Борусија Дортмунд).
За репрезентацијата на Германија, Колер одиграл вкупно 105 натпревари и постигнал 2 гола. Во моментов тој е на петто место на вечната список на играчи со најмногу настапи за германската репрезентација. Најголемите успеси на репрезентативно ниво му се освојувањето на Светското првенство во Италија во 1990 година и на Европското првенство во 1996 година. Вкупно настапил на три Светски и три Европски првенства.
Титули
уредиКлупски
уредиБајерн Минхен
уреди- Бундеслига : 1989–90,
Јувентус
уреди- Серија А : 1994–95
- Coppa Italia : 1994–95
- Куп на УЕФА : 1992–93
Борусија Дортмунд
уреди- Бундеслига (2) : 1995–96, 2001-02
- УЕФА Лига на шампиони : 1996–97
- Интерконтинентален куп : 1997
Репрезентативни
уредиРепрезентативни голови
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
04/06/1996 | Манхајм | Германија | 9 – 1 | Лихтенштајн | Пријателска | 1 | ||
18/02/1998 | Мускат | Германија | 2 – 0 | Оман | Пријателска | 1 | ||
Вкупно | Настапи | 105 | Голови | 2 |
Надворешни врски
уреди- Репрезентативна статистика на RSSSF.com
- Јирген Колер на soccerway