Сара Бернар
Сара Бернар (Париз, 23 октомври 1844 - Париз, 2 март 1923), француска артистка со исклучително убав глас и дарба. Нејзината глума одбележала цела една епоха. Главни нејзини улоги се Корелија во „Кралот Лир“, кралицата во „Ри Блаз“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“ и „Тоска“.
Сара Бернар | |
---|---|
Сара Бернар во 1880 г. | |
Роден(а) | Анриета Розина Бернар[1] 22/23 октомври 1844[2] Париз, Франција |
Починал(а) | 26 март 1923 Париз, Франција | (возр. 78)
Причина за смрт | Уремија |
Националност | Француско |
Занимање | Актерка |
Активен период | 1862–1922 |
Сопружник | Амброаз Аристид Дамала (в. 1882–89) |
Потпис |
Животопис
уредиДетство и младост
уредиСара Бернар е родена како Хенриета-Розина Бернар во Латинската четврт на Париз на 22 или 23 октомври 1844 година[3]. Таа била нелегитимна ќерка на Џудит Бернар (позната и како Џули а во Франција и како Јул), холандска куртизана со еврејско потекло, проститутка на богати клиенти од повисоката класа. Името на нејзиниот татко не е заведено. Според некои извори, тој веројатно беше син на богат трговец од Авр. Бернар подоцна напишала дека семејството на нејзиниот татко го платило нејзиното школување[4], инсистирало да биде крстена како католик и оставило голема сума пари кои требала да ги добие кога ќе порасне.[4] Нејзината мајка често патувала и малку ја гледала нејзината ќерка. Таа го оставила детето со гувернанта во Бретања, а потоа во некоја куќа во Нили, предградие на Париз.[5] Кога Сара имала седум години, мајка ѝ ја пратила во интернат за млади дами во париското предградие Отеј, платено со средствата од семејството на татко ѝ каде за првпат глумела во театарската пиеса Клотилда.[5] Додека Сара била во интернатот, нејзината мајка станала врвна париска куртизана, која се дружела со политичари, банкари, генерали, и писатели. Меѓу нејзините покровители и пријатели бил и војводата Шарл де Морни, полубрат на Наполеон III.[4] На 10 годишна возраст, со помош на Морни, Сара била примена во манастирско училиште во близина на Версај.[6] Во манастирот, таа го глумела Архангел Рафаил во приказната Тобија и ангелот.[4]
Во 1859 година, Сара дознала дека татко ѝ умрел во странство.[5] Првпат присуствувала на театарска претстава во Француската Комедија заедно со мајка ѝ, со Морни и со неговиот пријател Александар Дима. Претставата што ја гледале била Британикус, на Жан Расин, проследена со класичната комедија Амфитрион од Плавт. Морни го искористил влијанието кај композиторот Даниел Обер, раководител на Парискиот конзерваториум, за да организира нејзина аудиција[5]. Таа вежбала со Дима. Жирито било составено од Обер и петте водечки глумци и глумици на Француската Комедија.[5] Требала да рецитира стихови од Расин, но наместо тоа таа ја изрецитирала басната за Двата гулаба од Лафонтен по што била поканета да стане студент во Конзерваториумот.[4]
Дебито и заминувањето Француската комедија (1862-1864)
уредиБернар учела глума во Конзерваториумот од јануари 1860 до 1862 година кај двајца истакнати глумци на Француската комедија, Жозеф-Исидор Самсон и Жан-Батист Прово. Таа напишала во нејзините мемоари дека Прово ја подучувал дикција и гестикулација, додека Самсон ја учел за моќта на едноставноста.[5] Пред првиот испит, таа имала лоша настинка, деловите доделени за нејзината изведба биле класични и барале внимателно стилизирани емоции, додека таа претпочитала романтизам. Била рангирана на 14то место во трагедија а на второ во комедија.[4] Тогаш уште еднаш Морни ѝ помогнал. Тој ургирал кај националниот министер за уметност, Камиј Дусе. Дусе ја препорачал кај Едуар Тјери, раководителот на Францускиот театар,[4] кој ѝ понудил место на Бернар во театарот, за минимална плата.[4]
Бернар го направила своето деби на 31 август 1862 во главната улога во „Ифигенија“[б 1] на Расин. Нејзината премиера не доживеала успех. Таа имала трема и брзала со текстот. Некои од публиката се исмејувале на нејзината тенка фигура. Кога претставата завршила, Прово ѝ рекол: "Јас можам да ти простам, и ти со време ќе си простиш на себе, но Расин во гробот никогаш нема да ти прости."[7]
Бернар не останала долго во Француската комедија. Таа ја глумела Хенриета во Учени жени на Молиер, но не оставила впечаток кај критичарите. Време поминувало, а нејзе не ѝ биле давани дополнителни улоги. Нејзиниот жесток темперамент, исто така ја ставал во неволја: кога вратарот на театарот ѝ се обратил со "малата Бернар", таа го удрила со чадор по главата. Потоа му се извинила, и 20 години подоцна, кога вратарот заминал во пензија, му купила куќа во Нормандија.[7] На церемонијата во чест на роденденот на Молиер на 15 јануари 1863, Бернар ја поканила и нејзината помала сестра, Режина која случајно ја згазнала наметката на една од водечките глумици на театарот, Заир-Натали Мартел (1816-1885), позната како Госпоѓица Натали. Натали ја турнала Режина по што таа си го повредила челото. Бернар заради тоа ѝ удрила шлаканица на Мадам Натали.[8] Таа побарала Бернар да се исклучи од улогата доколку не се извини а бидејќи Бернар го одбила тоа, раководителот бил принуден да побара од Бернар да си замине.
Гимназиумот и Брисел (1864-1866)
уредиПо заминувањето, Бернар отишла во популарниот театар, Гимназиум, денешниот Театар од Лиеж, каде што била замена на две од водечките глумици. Речиси веднаш предизвикала друг скандал, кога театарот гостувал во дворецот Тилери на Наполеон III.Таа одбрала да рецитира две романтични поеми од Виктор Иго, не знаејќи дека Иго бил зајадлив критичар на царот.[7] По првата песна, царот и царицата станале и си заминале. Потоа нагло одлучила да се откаже од театарот за да патува. Патувала во Шпанија, а потоа, на предлог на Александар Дима, заминала за Белгија.[7]
Во Брисел со себе ги носела писмата со препораки од Дима, и ја примиле во највисоките сталежи на општеството. Според некои тврдења, таа присуствувала на маскенбал во Брисел, каде што го запознала младиот белгиски аристократ, принц де Лињ, и имала љубовна врска со него. Според други тврдења, тие се запознале во Париз, каде принцот доаѓал често на театар.[7] Врската набргу прекинала, но таа останала бремена по врската со принцот. На 22 декември 1864, 20-годишната глумица го родила нејзиното единствено дете, Морис Бернар.[7]
Подоцна таа врската ја нарекла "нејзина отворена рана" но таа никогаш со никого не дискутирала за родителството на Морис. Кога ќе ја прашале кој му е татко, понекогаш одговарала, "Никогаш не можам да се одлучам дали татко му е Гамбета, Виктор Иго, или генералот Буланже."[7] Многу години подоцна, во јануари 1885 година, кога Бернар веќе била позната, наводно принцот дошол во Париз и понудил формално да го признае Морис како негов син, но Морис учтиво го одбил, кажувајќи дека тој е сосема задоволен да биде син на Сара Бернар.[4]
Одеон (1866-1872)
уредиЗа да заработи по раѓањето на Морис, Бернар играла мали улоги во народниот театар Пор-Сен-Мартен. Во почетокот на 1866, добила читање со Феликс Дикезнел, директор на театарот Одеон на левиот брег. Дикезнел, години подоцна, го опишал читањето велејќи: „Пред мене стоеше суштество кое беше прекрасно талентирано, интелигентно до генијалност, со огромна количина на енергија под изнемоштениот и кревок изглед и со страшна волја." Тој ја ангажирал во театарот за скромна плата од 150 франци месечно, која ја плаќал од сопствениот џеб.[4] Одеон бил втор во престиж по Француската комедија, со посовремен репертоар.
Првите настапи поминале незабележително и таа играла главно во комедии. Наскоро, со различни претстави и со повеќе искуство, нејзините изведби се подобриле. Добила пофалби за нејзината изведба на Корделија во Кралот Лир. Во јуни 1867, одиграла две улоги во Атали на Жан Расин: улога на млада жена и на момче, Захариј, прва од многуте машки улоги што ги одиграла во нејзината кариера.
Нејзината изведба во Минувачот на Франсоа Копе, чија премиера била во Одеон на 14 јануари 1868[7], во улогата на момчето трубадур, Ѕането[9], доживеала успех. Критичар Теофил Готје го опишал "деликатниот и нежен шарм" на нејзините изведби. Претставата се прикажала 150 пати, плус била изведена во Тилери за Наполеон III. Потоа, царот ѝ испратил брош со неговите иницијали напишани во дијаманти[7].
Во нејзините мемоари, таа напишала за времето во Одеон:
"Тоа беше театар што го сакав најмногу и од каде заминав со жалење. Сите се сакавме. Сите бевме весели. Театарот беше како продолжение на училиштето. Сите млади доаѓаа таму... се сеќавам на моите неколку месеци во Француската комедија. Тој мал свет беше крут, озборувачки, љубоморен. Се сеќавам на моите неколку месеци во Гимназиумот. Таму, зборуваа само за фустани и шапки и разговараа за сто работи што немаа никаква врска со уметноста. Во Одеон, јас бев среќна. Мислевме само на претставите. Имавме проби наутро, напладне, цело време. Го обожавав тоа."[5]
Бернар живеела со синот и со нејзината долгогодишна пријателка и помошничка, госпоѓицата Герар, во мала куќа во предградието Отеј. Таа развила блиско пријателство со писателката Жорж Санд, и играла во две нејзини претстави. Во нејзината гардероба доаѓале славни личности, вклучително Гистав Флобер и Леон Гамбета.[5] Во 1869 година, кога станала пославна, се преселила во поголем седмособен стан во центарот на Париз. Мајка ѝ почнала да ја посетува, за првпат по повеќе години, а баба ѝ, ортодоксна Еврејка, се преселила во станот за да се грижи за Морис. Бернар вработила слугинка и готвач и ја започнала својата колекција на животни. Со неа секојпат имало едно или две кучиња а две желки се движеле слободно низ станот.[7]
Во 1868, пожар целосно ѝ го уништил станот, заедно со сите нејзини предмети. Таа немала осигурување. Брошот што ѝ го дал царот и нејзините бисери се стопиле, како и тијарата што ѝ ја подарил еден од љубовниците, Калид Бег. Таа ги нашла дијамантите во пепелта, а директорите на театарот Одеон организирале хуманитарна претстава за неа каде настапила Аделина Пати, најпознат сопран на тоа време. Покрај тоа, семејството на татко ѝ донирало 120,000 франци. Бернар била во можност да купи уште поголем стан, со два салона и голема трпезарија.
Избувнувањето на војна меѓу Франција и Прусија нагло ја прекинала нејзината театарска кариера. Веста за поразот на француската армија, предавањето на Наполеон III во Седан, и прогласувањето на Третата француска Република, на 4 септември 1870 година, било проследено со опсадата на градот од страна на пруската војска. Париз бил отсечен од вести и од снабдувањето со храна а театрите биле затворени. Одеон бил претворен во болница.[6] На почетокот на јануари 1871 година, после 16 недели опсада, Германците почнале да го бомбардираат градот. Бернар организирала сериозните случаи да се префрлат во друга воена болница и изнајмила стан на улицата Прованса за да ги згрижи преостанатите 20 пациенти. Француската влада потпишала примирје на 19 јануари 1871 година а Бернар, дознала дека нејзиниот син и семејството се преселиле во Хамбург. Таа успеала да добие дозвола да оди во Германија и да ги врати. Кога таа се вратила во Париз неколку недели подоцна, градот бил под власта на Париската комуна. Таа се преселила повторно, заедно со семејство во Сен-Жермен-ан-Ле. Кога Комуната била поразена од страна на француската армија, повторно се вратила во Париз.
Враќањето во Француската комедија (1872–1878)
уредиПов војната Тилери бил оштетен а театарот Одеон останал речиси непроменет. Директорите на Одеон одлучиле на сцената да се постави Ри Блас, пиеса напишана од Виктор Иго во 1838 со Бернар која требала да ја игра улогата на кралицата на Шпанија. Самиот Иго присуствувал на сите проби. Бернар станала негова страстна обожавателка. Премиерата на претставата била на 16 јануари 1872 година. Вечерта на отворањето присуствувал Иго и принцот од Велс.[7]
Неколку месеци по премиерата, Бернар добила покана од Емил Перен, директор на Француската комедија, кој побарал да се врати, нудејќи ѝ 12,000 франци годишно, во споредба со помалку од 10.000 што ги земала во Одеон.[4] Секогаш притисната од нејзините трошоци и растечкото домаќинство да заработи што повеќе пари, таа го најавила своето заминување од Одеон по прикажувањето на Ри Блас. Шили одговорил со тужба и таа била принудена да плати 6,000 франци отштета. По 100 изведби на Ри Блас, Иго организирал вечера за Бернар и за нејзините пријатели, со здравица "За симпатичната кралицата и нејзиниот златен глас“.[9]
Таа формално се вратила во Француската комедија на 1 октомври 1872, и набрзо презела некои од најпознатите и тешки улоги во францускиот театар. Ја играла Џуни во Британикус на Жан Расин, машката улога Шерубен во „Бракот на Фигаро" од Пјер Бомарше и главната улога во трагедијата во пет чина Заир на Волтер.[4] Во 1873, со само 74 часа да го научи текстот и да го извежба делот таа ја одиграла водечката улога во Федра на Расин, играјќи наспроти славниот трагичар, Жан Муне-Сили, кој наскоро станал нејзин љубовник. Водечкиот француски критичар Сарсе напишал:
"Ова е чистата природа на која ѝ служи прекрасна интелигенција, огнена душа, најмелодичниот глас што некогаш го слушнале човечките уши. Оваа жена игра со нејзиното срце, со нејзината утроба."
Федра станала нејзината најпозната класична улога, изведувана со години низ целиот свет, честопати за публика која знаела малку или не знаела француски. Ја разбирале само со нејзиниот глас и со гестовите.
Во 1877 година, таа имала уште еден успех како Дона Сол во Ернани, трагедија напишана пред 47 години од Виктор Иго. Нејзиниот љубовник во пиесата ѝ бил љубовник и вон сцената, исто како Муне-Сили. Самиот Иго бил дел од публиката и по завршувањето на претставата ѝ подарил златна алка.[5]
Во 1878 година, за време на Париската универзална изложба, таа летала над Париз со балонистот Пјер Жифар и сликарот Жорж Клерен, во балон украсен со името на нејзиниот тогашен хит, Дона Сол. Неочекувана бура го однела балонот подалеку од Париз до еден мал град. Кога се вратила со воз, Перен бил бесен и ја казнил Бернар со парична казна од илјади франци, повикувајќи се на правилото на театарот кое барало глумците да побараат дозвола пред да заминат од Париз. Бернар одбила да плати и се заканила дека ќе поднесе оставка од Комедијата. Перен признал дека тој не можел да си дозволи таа да си замине. Перен и министерот за уметности договориле компромис, таа ја повлекла својата оставка, а за возврат ја унапредиле на местото секретар, највисок ранг на театарот.[7]
Триумфот во Лондон (1879–1880)
уредиБернар заработувала значителен износ во театарот, но нејзините трошоци биле сѐ поголеми. Од тоа време имала осум вработени и ја изградила нејзината прва куќа, замок на улицата Фортини, недалеку од паркот Монсо. Барала дополнителни начини да заработи пари. Во јуни 1879, додека театарот на Француската комедија се реконструирал, Перен ја однел трупата на турнеја во Лондон. Непосредно пред турнејата да започне, импресариото на британскиот театар по име Едвард Џарет допатувал во Париз и ѝ предложил на Бернар да има приватни настапи во домовите на богатите Англичани а надоместокот што го добивала за секоја претстава бил поголем од нејзината месечна плата со Комедијата. Воедно, театарот во Лондон побарал Бернар како ѕвезда да ја отвори претставата, спротивно од традицијата на Комедијата, каде улогите биле доделувани по стаж. На 4 јуни 1879 во Лондон била изведена Федра а претставата била триумф. Иако поголемиот дел од публиката не можела да го разбере класичниот француски јазик на Расин, таа ја восхитила публиката со својот глас и гестови. По успехот на сцената давала приватни рецитали во домовите на британските аристократи во организација на Џарет, кој исто така организирал изложба на нејзини скулптури и слики во Пикадили каде присуствувале и принцот од Велс и премиерот.
Дамата со камелии и првата американска турнеја (1880–1881)
уредиВо април 1880, кога дознал дека Бернар дала оставка во Комедијата, импресариото Едвард Џарет дошол во Париз и ѝ предложил да направи театарска турнеја во Англија, а потоа и во САД.[4] Таа не ја создала улогата која претходно ја играла Ежени Дошен (1852) но наскоро оваа улога на Сара Бернар ѝ ја донела најголемата популарност. Дамата со камелии ја извела повеќе од 1000 пати и до крајот на нејзиниот живот.
Таа и трупата заминале од Авр за Америка на 15 октомври 1880 година, пристигнувајќи во Њујорк на 27 октомври. Малкумина во публиката разбирале француски, но тоа не било потребно, ја разбирале преку гестовите и гласот и добивала громогласни овации. По нејзината прва изведба во Њујорк, имала уште 27 претстави. И покрај овациите во театарот, таа била целосно игнорирана од страна на високиот сталеж во Њујорк, кој сметал дека нејзиниот личен живот е скандалозен.[7] На првата турнеја во Америка, Бернар извела 157 претстави во 51 град.[10]
Популарност
уредиВо 1880 година, откако си поднела оставка од Францускиот театар, поради тужба требала да плати сто илјади франци отштета поради прекршување на договорот. Таа создала сопствената компанија со која заминува да глуми во странство и да заработи богатство до 1917 година. Како прва меѓународна "ѕвезда", таа е првата глумица што направила триумфални тури на пет континенти, Жан Кокто ја нарекувал "светото чудовиште". Во 1881 година, за време на турнејата на Бернар во Русија, Антон Чехов, колумнист за московскиот весник "Спектатор"[11] злобно ја опишал како "онаа што ги посети двата пола, која со својот воз помина низ петте континенти, ги премина океаните, која повеќе од еднаш се искачи на небесата"[12], зборувајќи за новинарите „кои заборавиле да пијат, и да јадат растрчани по онаа што им станала „манија“[13].
Таа неколкупати ги играла машките улоги (Хамлет, Пелеас), инспирајќи ја драмата на Едмонд Ростанд „Орле“ во 1900 година. Настапила во Лондон, Копенхаген, САД (1880-1881) и во Русија, особено во Театарот Михаил од Санкт Петербург (во 1881, 1892 и 1908). Нејзината лиричност и емфатична дикција ја пленела публиката низ цел свет. За да ја промовира својата изведба, се сретнала со Томас Едисон во Њујорк и на цилиндри снимила рецитал на Федра.[14] Таа била една од ретките француски уметници кои имаат своја ѕвезда на холивудската патека на славните во Лос Анџелес.
Блиска до Оскар Вајлд, го нарачала Саломе, во кое настапила во 1892 година. Од 1893 година станала директорка на театарот на ренесансата, каде што ги поставила некои од нејзините најголеми хитови ( Федра, Дамата со камелии), но, исто така, создала и многу други пиеси како што е Гисмонда од Викториен Сарду, Далечната принцеза на Едмонд Ростан, Љубовниците на Морис Доне, Мртвиот град Габриела Д'Анунцио и Лоренцачо од Алфред де Мисе, а во 1899 година, Театарот на народите, го преименувала во "Театар Сара Бернар" каде меѓу другите ја создала и пиесата Орле од Ростан и на сцена ја поставила Тоска од Сарду. Го поддржувала Емил Зола за време на аферата Драјфус, ја поддржувала Луиза Мишел и заземала став против смртната казна.
Сфаќајќи ја важноста на рекламата, секоја минута од нејзиниот живот бил сцена и не се двоумела да го поврзе своето име со промоција на производи за широка потрошувачка. Нејзиниот стил и силуета ја инспирирале мода, декоративната уметност, но и естетиката на Арт Нуво.
Во 1905 година, за време на турнејата во Канада, премиерот Вилфрид Лориер ја пречекал во Квебек но архиепископот Луј-Назар Бегин, кој го мразел театарот и ѝ забележувал на глумицата за новата игра на телото која можела да се опише како еротска, побарал од неговите парохијани да ја бојкотираат претставата и глумицата навикната на голема публика, претставата ја извела во полупразна сала[15].
По повеќе од 120 настапи, Сара Бернар станала филмска глумица. Нејзиниот прв филм бил Двобојот на Хамлет, направен во 1900 година. Тоа е еден од првите обиди за звучен филм со процесот на фоно-кино-театар, каде цилиндричен фонограф го синхронизирал гласот на глумицата со проектираните подвижни слики[16]. Таа снимила и други неми филмови, со две автобиографски дела, од кои последното е Сара Бернард во Бел Ил во 1912 година, кој го опишува нејзиниот секојдневен живот[17].
Последните години
уредиВо 1914 година, министерот Рене Вивиани ѝ го доделил Витешкиот крст на Легијата на честа, за "ширење на францускиот јазик низ целиот свет" и за нејзините услуги за време на Француско-пруската војна од 1870-1871[18].
Во 1915 на Сара Бернар ѝ ја ампутирале десната нога [19] на возраст од 70 години поради коскена туберкулоза на коленото. Првите симптоми ги добила уште во1887, кога го повредила коленото на некој брод при турнејата во Америка[19]. Во 1902 година, за време на турнејата, еден професор во Берлин дијагностицирал остеоартикуларна туберкулоза и ѝ пропишал шестмесечно мирување, кое глумицата не можела да си го дозволи.[20]. При втора повреда, со ногата во гипс, коленото развило гангрена[21]
Ногата ѝ ја ампутирале над коленото, во клиника во Бордо но ова не ја спречило да продолжи да глуми на сцена[б 2] седејќи.
На снимање на филмот за Саша Гитри, Гледачката, на 26 март 1923[22], во присуство на синот. Владата ѝ приредила национален погреб. Закопана била во Париз, на гробиштата Пер Лашез.
Дела на Сара Бернар
уреди- Dans les nuages, Impressions d'une chaise (1878)
- L'Aveu, прозна драма во еден чин (1888)
- Adrienne Lecouvreur, драма во шест чина(1907)
- Ma Double Vie (1907), на англиски: My Double Life: Memoirs of Sarah Bernhardt (1907), William Heinemann
- Un Cœur d'Homme, пиеса во 4 чина (1911)
- Petite Idole (1920) на англиски: The Idol of Paris, 1921)
- L'Art du Théâtre: la voix, le geste, la prononciation, etc. (1923; as The Art of the Theatre, 1924)
Посмртна почест
уредиЛикот на Сара Бернар се појавил во многу дела на современата популарна култура:
- Како главен лик
- Гленда Џексон ја толкува Сара Бернар во филмот на Ричард Флишер, Неверојатната Сара(1976)[23] ;
- Сара Бернар е главен лик во пиесата Спомени на Џон Мирел Спомени, преведена од Ерик Емануел Шмит во 2002 под наслов Сара.
- Други споменувања
- Во Фицкаралдо на Вернер Херцог, Жан Клод Драјфус го толкува ликот на Сара Бернар.
- Филмот за групата Дорс го покажува гробот на Сара Бернар на гробиштата Пер Лашез.
- Во Уметнички пансион, столот на кој седи Бернар е елемент на декорот на приказната.
- Еден од ликовите на Божествена илузија, драма на Мишел Марк Бушар (2015) е Сара Бернарt[24].
- Еден од ликовите на Едмонд на Алексис Мишалик е Сара Бернар.
Библиографија
уреди- Bernhardt, Sarah (2017). L'art du théâtre (француски). Paris. ISBN 979-10-95066-08-8.
- Duckett, Victoria (2015). Seeing Sarah Bernhardt: Performance and Silent Film. University of Illinois Press.
- Gold, Arthurv & Fizdale, Robert (1991). The Divine Sarah: A Life of Sarah Bernhardt. New York: Knopf. ISBN 0394528794.
- Gottlieb, Robert (2010). Sarah: The Life of Sarah Bernhardt. Yale University Press. ISBN 978-03-0019-2599.
- Skinner, Cornelia Otis (1967). Madame Sarah. New York: Houghton-Mifflin.
- Tierchant, Hélène (2009). Sarah Bernhardt- Madame Quand même. Paris: SW Télémaque. ISBN 978-2-7533-0092-7.
- Snel, Harmen (2007). The Ancestry of Sarah Bernhardt; a Myth Unravell. Amsterdam: Joods Historisch Museum. ISBN 978-90-802029-3-1.
Литература
уреди- Brandon, Ruth. Being Divine: A Biography of Sarah Bernhardt. London: Mandarin, 1992.
- Duckett, Victoria. Seeing Sarah Bernhardt: Performance and Silent Film. University of Illinois Press, 2015. ISBN 978-0-252-08116-3.
- Garans, Louis, Sarah Bernhardt: itinéraire d'une divine, Éditions Palatines, 2005, ISBN 978-2911434433
- Léturgie, Jean and Xavier Fauche: Sarah Bernhardt, Lucky Luke (49). Dupuis, 1982.
- Lorcey, Jacques. Sarah Bernhardt, l'art et la vie, Paris : Éditions Séguier, 2005. 160 pages. Avec une préface d'Alain Feydeau. ISBN 2-84049-417-5.
- Ockmann, Carol and Kenneth E. Silver. Sarah Bernhardt: The Art of High Drama New York: Yale University Press, 2005
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ Larousse, Éditions. „Encyclopédie Larousse en ligne – Henriette Rosine Bernard dite Sarah Bernhardt“. www.larousse.fr.
- ↑ „Sarah Bernhardt – French actress“.
- ↑ Some uncertainty exists about the date. See Encyclopedia Brittanica online Tierchant (2009), page 15 and Skinner (1967) page 1, and section below on birthdate
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 Hélène., Tierchant (2009). Sarah Bernhardt : madame "Quand même". Paris: Télémaque. ISBN 9782753300927. OCLC 461309684.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 5,8 1844-1923., Bernhardt, Sarah; impr.), Normandie roto (impr. 2012). Ma double vie ([Nouvelle éd.]. изд.). Paris: Phébus. ISBN 9782752907509. OCLC 793484156. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) - ↑ 6,0 6,1 Arthur., Gold (1991). The Divine Sarah : a life of Sarah Bernhardt (1. изд.). New York: Knopf. ISBN 0394528794. OCLC 23652208.
- ↑ 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 Skinner, Cornelia Otis (1967). Madame Sarah. New York: Houghton-Mifflin
- ↑ Monval, Georges (1900). Comédie-française (1658–1900): Liste alphabétique des sociétaires depuis Molière jusqu'à nos jours. Paris: Aux Bureaux de l'Amateur d'autographes. p. 93.
- ↑ 9,0 9,1 Elaine., Aston (1989). Sarah Bernhardt : a French actress on the English stage. Oxford: Berg. ISBN 0854960198. OCLC 18962166.
- ↑ Sarah Bernhardt at the Internet Broadway Database
- ↑ Le Spectateur, ноември 1881.
- ↑ Noëlle Guibert, Portrait(s) de Sarah Bernhardt, Bnf, 2001, 166.
- ↑ Françoise Darnal-Lesné, Dictionnaire Tchekhov, L'Harmattan, 2010, 33.
- ↑ Louis Forestier, « », revue de l'AMOPA, no 188, 2010, p. 31-34.
- ↑ Jean-Marie Lebel, Québec 1608-2008 : Les Chroniques de la capitale cité par Baptiste Ricard-Châtelain dans Le Soleil[мртва врска], 13 juillet 2008.
- ↑ Tierchant 2009, стр. 282 .
- ↑ René Navarre, Fantômas c'était moi : Souvenirs du créateur de Fantômas en 1913, L'Harmattan, 2012 (aperçu sur Google Livres).
- ↑ Tierchant 2009, стр. 321 .
- ↑ 19,0 19,1 Предлошка:Article.
- ↑ Le diagnostic est précisément « atteinte de l'articulation fémoro-tibiale, probablement d'origine tuberculeuse ». Cf. Tierchant 2009, стр. 294 .
- ↑ Предлошка:Article.
- ↑ Tables décennales des décès pour le Архивирано на 17 август 2016 г. Предлошка:17e (vue 12/21) sur le site des archives numérisées de la ville de Paris.
- ↑ Jackson, Glenda; Massey, Daniel; Mitchell, Yvonne (1978-12-15), The Incredible Sarah, Посетено на 2018-02-10
- ↑ Éditions Leméac, Montréal, ISBN 978-2-760-90449-1, 2-760-90449-0.