Понеделник е денот во седмицата помеѓу недела и вторник.

Според ISO 8601, понеделник е првиот ден од седмицата. Во многу јазици, името означува „прв ден“, иако во други јазици како грчки или хебрејски означува „втор ден“.

Понеделник, најчесто во модерното западно општество е и првиот ден од работната недела бидејќи понеделник најчесто е денот кога вработените се враќаат на работа, а децата во училиште по неработниот викенд.

И во македонската традиција понеделник е т.н. делник, еден од деновите за работа.

Понеделник во уметноста и во популарната култура

уреди

Понеделник се јавува како инспирација за голем број автори од областа на уметноста и популарната култура:

  • „Понеделник наутро“ - 16. глава во романотЕден ден“ на Дејвид Николс.[1]
  • Понеделнички приказни“ — книга на францускиот писател Алфонс Доде од 1873 година.[2]
  • „Понеделник“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[3]
  • „Не ги сакам понеделниците“ - песна на пејачката Тори Амос (Tori Amos) од 2001 година.[4]
  • „Не ги сакам понеделниците“ (англиски: I don't Like Mondays) — песна на британската рок-група The Boom town Rats од 1979 година.[5]
  • „Понеделник“ (српски: Ponedeljak) — песна на српската рок-група Goblini од 1994 година.[6]
  • „Бурен понеделник“ (англиски: Stormy Monday) — песна на американскиот блуз-музичар T-Bone Walker од 1947 година.
  • „Понеделник, понеделник“ (англиски: Monday, Monday) — песна на американската група The Mamas & The Papas од 1966 година.[7]
  • „Понеделник“ (англиски: Monday) — песна на британското техно-дуо Орбитал (Orbital) од 1993 година.[8]
  • „Понеделничка ноќ од сателит“ (англиски: Monday Night by Satellite) — песна на австралискиот поп-пејач Мајкл Хачинс (Michael Hutchence) од 1989 година.[9]
  • Среќни понеделници (англиски: Happy Mondays) — англиска рок-група.[10]
  • „Понеделник никогаш нема да биде ист“ (англиски: Monday Will Never Be The Same) — песна на американската хардкор панк група Hüsker Dü од 1984 година.[11]
  • „Понеделник“ (англиски: Monday) — песна на британската рок-група Џем (The Jam) од 1980 година.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди