Маргарет Тачер
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Маргарет Хилда Тачер, Баронеса Тачер (англиски: Margaret Hilda Thatcher) (13 октомври 1925 — 8 април 2013) — британска политичарка и премиер позната и како „Железната дама“. По занимање била адвокат и хемичар. Тачер во 1974 година станува првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство и ја извршувала функцијата од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година. Позната е по блиските односи со американскиот претседател Роналд Реган. За нејзиното владеење, Британија влегла во Фолкландската војна со Аргентина поради спорот околу Фолкландските острови 1982 година.
Баронеса Тачер | |
---|---|
Премиер на Обединетото Кралство | |
На должноста 4 мај 1979 – 28 ноември 1990 | |
Монарх | Елизабета II |
Заменик | Вилијам Вајтло Џефри Хау |
Претходник | Џејмс Калахан |
Наследник | Џон Мејџор |
Водач на опозицијата | |
На должноста 11 февруари 1975 – 4 мај 1979 | |
Монарх | Елизабета II |
Премиер | Харолд Вилсон Џејмс Калахан |
Претходник | Едвард Хит |
Наследник | Џејмс Калахан |
Претседател на Конзервативната партија | |
На должноста 11 февруари 1975 – 28 ноември 1990 | |
Претходник | Едвард Хит |
Наследник | Џон Мејџор |
Лични податоци | |
Роден(а) | Маргарет Хилда Робертс 13 октомври 1925 Грантам, Линколншир, Англија |
Починал(а) | 8 април 2013 Лондон, Англија | (возр. 87)
Партија | Конзервативна партија |
Сопружник | Данис Тачер (1951–2003) |
Деца | Карол Тачер Марк Тачер |
Живеалиште | Честер Сквер |
Установа | Сомервилски кол., Оксфорд Судско здружение |
Професија | хемичар правник |
Вероисповед | англиканство (1951–2013)[1] методизам (1925–1951) |
Потпис | Податотека:Signature of Margaret Thatcher.svg |
Животопис
уредиРаниот живот го поминува во родното место Грантам. Израсната е во куќата на Алфред и Беатрис Робертс, и двајцата методисти. Имале семеен бизнис –продавница, која се наоѓала на првиот спрат во нивната куќа. Маргарет Робертс учела основно и средно училиште во родниот град, од каде образованието го продолжува на Оксфорд каде учела хемија. Но хемијата отсекогаш и се наоѓала во втор план, споредено со политиката. Конзервативната политика отсекогаш заземала место во животот на Маргарет. Нејзиниот татко бил советник во Грантам, и често знаел да разговара со Маргарет за изминатиот ден. На Оксфорд била избрана за претседател на студентската комора на конзервативната партија.
Тачер двапати се кандидирала како кандидат на Конзервативците за место во Парламентот од Дартфурд. И иако и двата пати не била одбрана, се стекнала со голема слава затоа што била најмладата жена-кандидат за оваа позиција. Во Дартфурд го запознава и својот сопруг, Денис Тачер, локален стопанственик. Се венчале во 1951 година, а во 1953 година им се родиле близнаците Марк и Керол. Во времето кога Конзервативците стапиле на власт, 1970, Тачер е одбрана за министер за образование, не баш толку добар период за Тачер поради постојаните протестим кои сепак успеала да ги смири. По катастрофалниот пораз на владата на Хет во 1974, Маргарет се кандидирала за претседател на Конзервативната партија, што и станала во февруари 1975 г. Успешно ја водеше опозицијата од 1974—1979, кога на изборите во мај 1979 стана премиер на Велика Британија.
Премиерска функција
уредиПрв мандат
уредиНова влада настапи со една основна цел-подобрување на економијата во Британија. Се преземама драстични мерки, кои и беа потребни! Се скратија даноците, буџетот беше балансиран. Но економија веќе влегуваше во рецесија. При крајот на првиот мандат на Тачер невработеноста во Англија веќе изнесуваше околу 3 милиони, и почна да се намалува дури во 1986 г. Земјата се наоѓаше во инфлација. Но влада некако успеа да излезе од таа криза, со преземање на најразлични мерки, и влада донекаде успеа да ги исполни ветувањата. Но реизбирањето на владата не беше сигурно сè до еден непредвиден настан: Фолкландските Острови. Инвазијата на Аргентинската Хунта на овие острови наиде на Маргарет Тачер на најцврст можен начин. Иако претходно се обиде на дипломатски начин да го реши проблемот, кога заклучи дека тоа нема да испадне успешно, Тачер употреби воена сила. Овој потег се покажа како успешен и Фолкландските Острови беа под британска контрола во јуни 1982. Оваа постапка всушност и го сервира на Маргарет Тачер вториот мандат. Во јуни 1983 владата беше реизбрана и тоа со високо мнозинство од 144 пратеници.
Втор мандат
уредиИ на почетокот на вториот мандат, Тачеровата влада наиде на проблеми-штрајк на рударите. Овај штрајк траел од 1984—1985 и е запаметен како еден од надолгите и најнасилните во Британската историја. Штарјкувачите не биле задоволни од новите економски реформи. Меѓутоа владата на Тачер уште еднаш докажала дека знае како да се справи со ваквите ситуации, и го решила проблемот. Во октомври 1984, кога штрајкот сѐ уште траел, Ирската републиканска армија (ИРА), се обидела да ја убие Тачер, и некои членови на нејзината влада, со бомбардирање на хотелот во кој престојувале, за време на конференција на Конзервативната партија. Иако Тачер била неповредена, нејзини колеги завршиле трагично, а собата до нејзината била сериозно оштетена. И покрај тоа конференцијата била одржана. Британската полиција во Северна Ирска отсекогаш била проблем за британскиот државен врв, но Маргарет особено ги налутила со тоа што одбила да излезе во пресрет на нивните политички барања. Сепак, во 1985, го потпишала Англо-ирскиот договор, со кој се предвидувало подобрување на односите меѓу Британија и Ирска, со цел да се добие поголема безбедност. Но исто договорот служел и за политичко признавање на Католиците во Северна Ирска, постапка која наишла на поздрав од Роналд Реган и американскиот конгрес. Што се однесува до економијата, таа се наоѓала во доста добра состоја, особено по преземањето на одредени потези од страна на Тачер. Со економијата на високо ниво, Маргарет Тачер беше повторно избрана за премиер на Обединетото Кралство, овојпат со мнозинство од 101 пратеник во јуни 1987.
Трет мандат
уредиТретиот мандат, беше меѓу најамбициозните премиерски мандати на Британската администрација, воопшто. Имаше голем број на реформи: во образовниот систем, реформи во Националниот Здравствен Сервис, се воведе нов даночен систем. Економија цветаше во периодот од 1987-1988. Меѓутоа имаше несогласувања во рамките на владата во врска со политиката на Европската Заедница. Говорот што го даде во Бругс, во септември 1988, го започна процесот на преод на Конзервативната партија, некогаш про-европски ориентирана, да стане евроскептична. Тачер учествуваше и во последната фаза на Студената Војна, како зацврствувајќи ја Западната Алијанса против Советите, така и како оладувач на конфликтот кој се случува подоцна во истата декада. Советите ја нарекоа Iron Lady поради цврстиот став кој го имаше против нив во говорите кои ги даваше. Во 80-тите изјавуваше голема поддршка кон Регановата политика. Но кога Михаил Горбачов стана потенцијален советски водач, таа го покани во Британија и го декларира како човек со кој може да се води бизнис, иако сѐ уште ненамалувајќи го својата критика кон комунизмот. Кога во 1990, по завршувањето на студената војна, и отворањето на источните економии, Франција се обиде да ја заживее идејата за единствена европска валута. Тоа наиде на несогласување во британската влада, и доведе до уште поголеми поделби во врска со европската политика. Заменик министерот, Џефри Хау, поднесе оставка поради, како што наведе тој, политиката на премиерката во врска со Европа и особено нејзиното противење на идејата за единствена европска валута. Во партиското гласање што следеше, Тачер го доби мнозинството, но беше информирана дека е потребено второ гласање. Добивајќи ја веста на една конференција во Париз, Тачер веднаш одлучува да продолжи да се бори. Но кога се вратила во Лондон, наишла на противење на колеги од нејзината партија, кои се сомневале дека ќе добие четврт мандат. Немајќи друг излез, одлучува да се откаже од премиерската трка. Ја заменува Јон Мајор, кој пак подоцна бил заменет со либералната власт на Тони Блер.
Маргарет Тачер во популарната култура
уреди- „Ајде да започнеме војна (рече Меги еден ден)“ (англиски: Let's Start A War (Said Maggie One Day)) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1983 година.[2]
- „Меги“ (англиски: Maggie) — песна на британската панк-рок група The Exploited.[3]