Цепелин — еден вид на воздухоплов со моторен погон.[1] Направен е од страна на грофот Фердинанд фон Цепелин во почетокот на XX век, заснован на претходните дизајни на Дејвид Шварц. По формата и обликот е сличен на диржабл, но за разлика од него, има покрута конструкција.[2]

Станува збор за заоблено, издолжено летало, со сопствен погон. Тоа е контролирано од страна на пилот со помош на големо кормило. На долниот дел на леталото прицврстена е гондола, во која се  екипажот и патниците. На гондолата е прицврстен мотор, кој го придвижува пропелерот. Движењето на авионот не зависи од ветрот. Претходно се полнел со водород, а денес со хелиум. Денес патувањето со цепелин е удобно и безбедно. Најчесто можат да се сместат до 20 патници. Со оглед на тоа што може да мирува во воздухот, цепелинот е погоден за фотографирање, надгледување, како и за снимање на спортски натпревари од птичја перспектива. Се користи и како летечки кран, со кој товарот многу прецизно се спушта на посакуваното место. 

Историја

уреди
 
Првиот цепелин (LZ1) летајќи над Боденското Езеро, 2 јули 1900.

Најпрво вакво летало направил конструкторот со српско потекло Огњеслав Костовиќ Степановиќ, уште во 1888 година, но никогаш не полетало. Неговото конструирање го држел во тајност, но сепак испробувањето во воздух било спречено од трагичен пожар. Грофот Цепелин дошол до слична идеја преку набљудување на употребата на балони за време на Француско-пруската војна, за време на опсадата на Париз, иако слушнал и за слична употреба за време на Американската граѓанска војна. Авионот бил осмислен во 1890 година, врз основа на нацртите на Дејвид Шварц, но конструкцијата започнала во 1899 година година. Првата успешна демонстрација на леталото се случила на  2 јуни 1900 година на брегот на Боденското езеро. Прототипот бил наречен LZ1. Бил долг 128 метри и имал два мотори „Дајмлер“ од 10,6 .

LZ1 е првото летало кое се користело за комерцијални летови, со почеток во 1909 година. До 1914 година германското аеро-здружение извршило 1.500 летови пренесувајќи 35.000 патници без ниту еден несреќен случај. Германското воздухопловство во 1909 година го воведува модел Z1 во вооружувањето и за време на Првата светска војна биле масовно користени во извиднички, но и бомбардирачки цели. Десетина летови беле извршени над територијата на Велика Британија , во која биле фрлани тони бомби со помали воени, но значителни психолошки ефекти. Германскиот пораз во Првата светска војна го спречил развојот на овој вид воздушен транспорт, сè до 1920 година кога започнува ренесансата.Така во 1924 година во САД е конструирано првото американско летало ZR-1, а на 12 октомври ZR-3  "USS Los Angeles" го извршил првиот трансатлантски лет долг 8.050 км, кој траел 82 часа и 2 минути. Врвот е постигнат во 1930-ти кога леталото LZ127 Гроф Цепелин и LZ129 Хинденбург ги вршат првите трансатлански летови.

Цепелинот „Хинденбург“

уреди
 
„Хинденбург“ (LZ129), 6 мај 1937 година

Најпознатиот настан од историјата на овие летала е трагедијата на цепелинот „Хинденбург“ (LZ129), најголемиот цепелин во светот, со должина од 245 метри. Бил произведен во Германија во 1936 година. Тој имал 61 член на екипажот и 36 патници, со две палуби за патниците, еднокреветни и двокреветни кабини, трпезарија, библиотека и салон и можел да лета со брзина од 125 километри на час. Неговото последно патување започнало од Франкфурт на 3 мај 1937 година[3] и го прелетал  Атлантикот за 65 часа. Сепак, на 6 мај, на кејот на Лејкхерст, Њу Џерси, во раните утрински часови илјади гледачи присуствувале на слетувањето на воздушниот брод, кој за неколку секунди се претворил во огромен пожар во кој загинале 35 од 97 патници и членови на екипажот. Со овој настан е запечатена судбината на оваа гранка на воздухопловната индустрија. Од тогаш веќе не се користи водород за полнење.

Цепелините денес

уреди

Во деведесеттите години на XX  век доаѓа до оживување на идејата за цепелинот. Овој пат, сепак, за туристички и промотивни цели. Наречени се нови летала и веќе не се со огромни димензии и се многу побезбедни.

Наводи

уреди
  1. Оксфорд школска енциклопедија, Књига-комерц. Цепелин
  2. http://www.airships.net/dirigible/
  3. Аirships.net: The Hindenburg Disaster, Посетено на 1. 11. 2012.(на језику: енглески)(англиски)

Надворешни врски

уреди