Пеле
Едсон Арантес до Насименто (23 октомври 1940 - 29 декември 2022), попознат како Пеле — бразилски фудбалер, кој во негово време, најверојатно, бил најславниот спортист во светот.
Животопис
уредиВо ноември 2014 г., на возраст од 74 години, Пеле бил задржан во една болница во Саун Пауло, поради болки во стомакот. Поради тоа била откажана промоцијата на неговата книга, што требало да се одржи во неговиот роден град, Сантос.[1] Починал на 29 декември 2022 по тешката борба со ракот на дебелото црево.
Клупска кариера
уредиПеле станал член на фудбалскиот клуб Сантос во 1956 г. и го предводел тимот до светското клупско првенство во 1962 год. Во 1969 год. за време на неговиот 909-ти натпревар, тој го постигнал својот 1.000-ти гол. Пеле ја комбинирал неговата сила за удар и прецизноста со извонредната способност да ги предвиди чекорите на другите играчи. Во 1975 год. Пеле станал член на „Космос“ од Њујорк во Северноамериканската фудбалска лига (NASL). Тој се повлекол од фудбалот откако го однел тимот во лигашкото првенство во 1977 год. Во 1978 год., Пеле ја добил меѓународната награда за мир, а во 1980 год. бил прогласен за спортист на векот.[2]
Репрезентативни настапи
уредиПеле бил дел од три бразилски државни репрезентации, кои станале светски прваци (1958, 1962 и 1970).