Димитар Цанко

Македонски преродбеник и учител

Димитар Цанко (Бобоштица, Горица (Корча), 18147 октомври 1904) — македонски преродбеник, учител и борец за будење на македонската национална свест во Корчанско.[1] Тој има најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во Југоисточна Албанија.[2]

Димитар Цанко

Животопис

уреди

Основно училиште на грчки јазик завршил во родното село Бобоштица. Во раната младост живеел во местото Питешти, Романија, каде имало голема колонија на бобошчани, со свое здружение „Fratria de Boboscani den Macedonia“, потоа завршил лицеј во Цариград.

Од Цариград се вратил во родното место, каде почнал да учителствува педесетина години и бил активен општественик. Се знаимавал со преведувачка работа, претежно од грчки на македонски, на месниот говор. Пишувал еден вид спомени, автор е на осум песни во ноти. Познат под прекарот Даскал и неговите трудови претставуваат особено богатство за упорноста на Македонецот во употребата на својот јазик.[1]

Во историските документи неговото име се сретнува како потписник на Писмо — Молба од 26 октомври 1873 година, кое било испратено до егзархот Атим I, во Цариград. Молбата на бобошчани и дреновчани била потпишана од 17 првенци во селото Бобошчица, меѓу кои и двајца монаси од истото село. Писмото било напишано со грчки букви, но на македонски јазик, на наречјето што се говори во околината на селото Нестрам, Костурско. Димитар Цанко бил и одличен калиграф.[3]

Димитар Цанко, заедно со Поп Теодор Иконом, превеле од грчки на македонски јазик едно изборно евангелие од село Бобошчица со 17 листа.[3][4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 347. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Илинден, Весник (2020-05-26). „Димитар Цанко (1814 - 1904) — македонски просветен деец од Бобоштица, Корчанско“. Македонски весник Илинден -.
  3. 3,0 3,1 Вистината за Егејска Македонија. Торонто, Канада: Risto Stefov Publications. 2017. стр. 9. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. Илинден, Весник (2020-06-11). „Поп Теодор Икономо (1831, Бобоштица – 1910 Бобоштица) чувар на духот на македонската традиција на Македонците во Албанија“. Македонски весник Илинден -.