Кетрин Елизабет Хадсон (англиски: Katheryn Elizabeth Hudson, 25 октомври 1984) или попозната како Кети Пери (Katy Perry) е американска пејачка и текстописец.

Кети Пери
Биографски податоци
Родено имеКетрин Елизабет Хадсон
Роден(а)25 октомври 1984 (1984-10-25) (35 г.)
Санта Барбара, Калифорнија,
САД
ЖанровиПоп, поп рок, денс-поп, електропоп, еуропоп, CCM
ЗанимањаПејач-текстописец, актерка
ИнструментиВокали, гитара, пијано
Период на активност2001–present
ИздавачиRed Hill, Island, Columbia, Capitol
Мреж. местоkatyperry.com

Потписот на Кети Пери

ЖивотописУреди

Кети Пери е родена и израсната во Санта Барбара, Калифорнија, во религиозно семејство на евангелисти, така што слушала само религиозна музика.

Пери имала долга врска со Трави Меккој, а се омажила со Расел Бренд на 23 октомври 2010 година.[1] Во 2012 година, таа се развела од Расел Бренд, по што започнала бурна врска со музичарот Џон Маер, со кого неколкупати се разделила и повторно се смирила.[2]

Музичка кариераУреди

По завршувањето на средното училиште, Кети Пери ја започнала својата музичка кариера. Како Кети Худсон, таа издала госпел албум наречен како неа во 2001 година, кој поради затворањето на нејзината издавачка куќа, бил прогласен за неуспешен. Таа подоцна снимила албум со продукцискиот тим „The Matrix“ и завршила поголем дел од својот соло албум од 20042005 година, но ниту еден не бил издаден.

Откако потпишала со Capitol Music Group во 2007 година, нејзината четврта издавачка куќа за седум години, таа го присвоила името Кети Пери и во ноември истата година го издала својот прв интернет сингл „Ur So Gay“, кој го привлекол внимание на публиката, но не се искачил на топ-листите. Нејзината слава се зголемила со издавањето на нејзиниот втор сингл „I Kissed a Girl“ во 2008 година, кој се искачил меѓу првите места на топ-листите ширум светот. Подоцна, во истата година, излегол првиот студиски албум на Кети Пери, One of the Boys кој се пласирал на 33. место на списокот на најпродаваните албуми во светот во 2008 година.[3] Албумот добил платинска сертификација од RIAA, додека „I Kissed a Girl“ и нејзиниот втор сингл „Hot n Cold“ добиле повеќеплатинска сертификација. Нејзиниот следен студиски албум Teenage Dream бил издаден во август 2010 година и се искачил на првото место на „Билборд 200“. Албумот ги вклучувал хит-сингловите „California Gurls“, „Teenage Dream“, „Firework“ и „E.T.“ и сите се искачиле на „Билборд Хот 100“.[4]

Во текот на 2014-2015 година, Пери била на светска турнеја, наречена „Призматик“, која започнала во мај 2014 година, а завршила на 22 март 2015 година, при што одржала 128 концерти.

Дрги активностиУреди

Кети Пери се појавила како гостин од судиите на седмата сезона од британското телевизиско шоу The X Factor; издала парфем наречен „Purr“; и се појавила на филмот Штрумпфови. Во февруари 2015 година, Кети Пери била главната ѕвезда на музичкото шоу во рамките на финалето на Американската фудбалска лига „Супербоул“, каде настапила заедно со Лени Кравиц.[2]

АлбумиУреди

ФилмографијаУреди

ТВ
Година Наслов Улога Забелешки
2008 Млади и неуморни Самата 8914 епизода
2008 Див Оган Самата (Сезона 4, епизода 8)
2010 Американски Идол Гостински судија Сезона 9, епизода 5"
2010 The X Factor Гостински судија Сезона 7, епизода 2
2010 Улицата Сезаме Самата Онлајн специјално
2010 Симпсонови Самата 1 епизода, „Борбата Пред Божиќ
2011 Како Ја Запознав Мајка Ви Мед 1 епизода, „Ох, Меду
Филм
година наслов улога забелешка
2010 Get Him to the Greek Кети Пери
2011 Штрумпфови Штрумпфета глас

ВидеографијаУреди

Спот Година Режисер
Ur So Gay 2007 Валтер Меј
I Kissed a Girl 2008 Кинга Бурза
Hot n Cold 2008 Алан Фергусон
Thinking of You 2009 Мелина Мацукас
Waking Up in Vegas 2009 Џозеф Кан
Starstrukk 2009 Марк Класфелд,Steve Jocz
If We Ever Meet Again 2010 Paul "Coy" Allen
California Gurls 2010 Метју Кулен
Teenage Dream 2010 Јоан Лемоин
Firework 2010 Дејв Мејерс
E.T 2011 Флорија Сигисмонди
Last Friday Night (T.G.I.F.) 2011 Марк Класфелд, Дени Локвуд
The One That Got Away 2011 Флорија Сигисмонди
Part of Me 2012 Бен Мор
Wide Awake 2012 Tony T. Datis
Roar 2013 Гради Хол, Марк Кудси
Unconditionally 2013 Брент Бонакорсо
Who You Love 2013 Софи Мулер
Dark Horse 2014 Метју Кулен
Birthday 2014 Марк Класфелд, Дени Локвуд
This Is How We Do 2014 Џоел Кефали
Rise 2016 Пол Гор
Chained to the Rhythm 2017 Метју Кулен
Bon Appétit 2017 Dent De Cuir
Swish Swish 2017 Дејв Мејерс
Hey Hey Hey 2017 Исак Рен
365 2019 Варен Фу
Never Really Over 2019 Филипа Прајс
Small Talk 2019 Tanu Muino
Harleys In Hawaii 2019 MANSON
Cozy Little Christmas 2019 WATTS
Never Worth White 2020 J.A.C.K
Daisies 2020 Лиза Волошин
Daisies (Can't Cancel Pride) 2020 Ешли Еванс, Antony Ginandjar
Smile 2020 Метју Кулен
Harleys In Hawaii (The Smile Video Series) 2020 Hoku & Adam
Cry About It Later (The Smile Video Series) 2020 Sykosan
Champagne Problems (The Smile Video Series) 2020 Кејт Холоуел
Resilient (The Smile Video Series) 2020 Аја Танимура

НаводиУреди

  1. „Katy Perry, Russell Brand Wed in Elaborate Indian Ceremony“. US Weekly. October 23, 2010.
  2. 2,0 2,1 „Им изигрувам мајка на сите околу мене“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 11.
  3. „Top 50 Global Best Selling Albums for 2008“ (PDF). International Federation of the Phonographic Industry. Посетено на June 16, 2010.
  4. "Weekly Chart Notes: Katy Perry, Jennifer Lopez, Tommy Shaw" 31 март, 2011, Billboard.com

Надворешни врскиУреди

Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Претходник
Снуп Дог
Водител на MTV Европски Музички Награди
2008–09
Наследник
Ева Лонгорија