Теренс Патрик Дејвид Балсамо (анг.Terence Patrick David Balsamo роден 8 октомври 1972 во Тампа, Флорида) е американски гитарист. Тој е еден од оние кои го формирале бендот Cold, a е сегашен гитарист на рок групата Evanescence.

Тери Балсамо
Balsamo свири на гитара на концерт од Evanescence, 2009
Животописни податоци
Роден(а)8 октомври 1972(1972-10-08)(52 г.)
Тампа, Флорида
ЖанровиАлтернативен метал, пост-гранџ
ЗанимањаМузичар, текстописец
ИнструментиГитара
Период на активност1994 - Present
СоработнициEvanescence
Cold
Limp Bizkit
Мреж. местоEvanescence.com

Животопис

уреди

Рани проекти

уреди

Тери Балсамо влегол во светот на музиката како член на групата Limp Bizkit. Откако заминал од тој бенд станал член на групата Cold во 1999 година.

Evanescence

уреди

Откако Бен Муди заминал од Evanescence за време на Европската турнеја, Тери привремено ѝ се приклучил на групата, а кога иднината на Cold не била сигурна, тој станал траен член на бендот. Тој станал и текстописец на бендот заедно со Ејми Ли.

Тери може да биде виден и слушнат на албумот во живо од Evanescence, Anywhere but Home (2004), а исто така и на вториот студиски албум, The Open Door (2006). Тој станал главен соработник на Ејми Ли, и помогнал во пишувањето на поголем број песни од албумот The Open Door, вклучувајќи ги и првиот сингл од албумот "Call Me When You're Sober", и третиот сингл "Sweet Sacrifice". Тој исто така учествува во снимањето на тртиот студиски албум кој треба да биде издаден во текот на оваа година.

Проблеми со здравјето

уреди

Во ноември 2005 Тери претрпел мозочен удар, Докторите го информирале дека тоа е бидејќи многу ја нишал главата за време на настапите во живо[1]. Тери оттогаш заздравил и повторно изведува на настапите во живо.

Дискографија

уреди

Evanescence

уреди

Наводи

уреди
  1. „Evanescence Guitarist: Filling Ben Moody's Shoes“. Ultimate Guitar. 2006-03-11. Архивирано од изворникот на 2006-11-16. Посетено на 2006-02-04.