Отвори го главното мени

Скопска Црна Гора

планина во северна Македонија

Скопска Црна Гора — средновисока планина во северна Македонија. Се издига помеѓу Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гниланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад. Планината се протега во правец ЈЗ-СИ, со највисок врв Рамно (1.651 м). Останати повисоки врвови се Соколовец и Душановец. Настаната е со раседнување. Составена е од кристалести шкрилци и еруптивни карпи, преку кои лежат мезозојски карпи и терциерни седименти. Со долината на Липковска Река поделена е на два дела: западен повисок и источен понизок познат под името Карадак. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови. Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу богат со цркви и манастири, на пример манастирите Матејче и Свети Ѓорѓи на источната страна и манастирите Свети Архангел и Света Богородица на западната страна.[1]

Скопска Црна Гора
Skopska Crna Gora-MKD.JPG
Поглед на Скопска Црна Гора од југ
Највисока точка
Надм. вис.1.651 м
Географија
ПокраинаMK

Пoтекло на иметоУреди

 
Стара слика од пред 1920 г. со поглед на с. Чучер

Не е познат периодот од кога оваа област се нарекува со своето денешно име или назив со кој се именува, меѓутоа се смета дека за првпат била спомената во XIII век кога бугарскиот цар Константин Асен ги оставил селата во својата задужбина, потоа Црна Гора повторно се споменува во 1300 г., во повелбата на кралот Милутин во црквата Свети Ѓорѓи во Скопје. Во XV век Црна Гора е спомената во житието на деспотот Стефан Константин Филозоф. Турците по освојувањето на Скопје го превеле името од Црна Гора во името во Кара-Даг, и овој израз сè уште може да се најде во употреба до ден денес. [2]

Населени местаУреди

 
Чешма во с. Бразда
 
Поглед кон Скопска Црна Гора од с. Булачани

Скопска Црна Гора или уште позната и како Света Гора поради присуството на цркви и манастири во поголемиот дел на територијата, преставува населено место со селата (тргнувајќи во правец општина Гази Баба - кон север) Смилковци, Брњарци, Црешево, Горно Оризари, Радишани, Страчинци, Бразда, Глуво, Чучер-Сандево, Мирковци, Булачани, Горњане, Бањане, Кучевиште, Побожје, Раштак, Љубанци, Љуботен, Блаце, Бродец, Брест и Танушевци. Сите овие села се наоѓаат на одалеченост од 1,2.-4-7 км едни од други. Секое православно село се одликува со посебна црква и манастирски комплекс кои изобилуваат со природна убавина и пленат со својата старост.

Манастирски комплексиУреди

 
Манастирот Св. Архангел Михаил и Гаврил с. Кучевиште
 
Манастир Св. Архангел Михаил и Гаврил с. Кучевиште поглед кон Конакот
 
Манастир св. Архангел Михаил и Гаврил с. Кучевиште поглед кон конакот

Не случајно името Света Гора доаѓа од бројните светилишта, меѓу кои се вбројуваат манастирите во :

Во повеќето манастири може да се ноќева, односно манастирот овозможува престој од една ноќ доколку има потреба за истото, а такви се: Св. Никита, Св. Архангел, Св. Илија и тн.

Цркви во Скопска Црна ГораУреди

Училишта во Скопска Црна ГораУреди

На територијата на Скопска Црна Гора има четири основни училишта, и тоа во с. Мирковци - ОУ. „Александар Урдревски“ потоа како подружница на ОУ Александар Урдаревски- с. Мирковци е ОУ „Александар Урдревски“ во с. Блаце - (албанска паралелка) с. Кучевиште ОУ. “ Кирил и Методиј“ (со српска паралелка- односно се изучува материјата за ОУ на српски јазик) и како негова подружница е ОУ „Кирил и Методиј“ - с. Побожје - со паралелки од прво до 4- то оделение.

Дијалект во Скопска Црна ГораУреди

Скопскоцрногорскиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик кој спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Сличен е со вратничкиот дијалект, а негова главна карактеристика е зачестена употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење интервокално В.

Фонолошки карактеристикиУреди

  • употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
  • употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
  • употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут

Морфолошки карактеристикиУреди

  • употреба на интервокално В
  • непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
  • согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу

употреба на предлогот у: во град > у град

Туристички местаУреди

Покрај природните убавини и планинскиот масив неизбежно е да не се споменат туристичките места и локаци за рекреативен одмор, освен во манастирските комплекси и во нивната непосредна близина, во туристички места се вбројуваат и:

ПанаѓуриУреди

Како територија што изобилува со бројни цркви и манастири неизбежно е да се изостават деновите на нивното празнување, на територијата се празнуваат празниците на присатните светци како еден вид на панаѓур, кои имаат бројна посетеност и скоро сите се во траење од два дена.

Имено, како прв панаѓур или народно познат како вашар, започнува на 26. јули, односно празнувањето на празникот и името на светецот е во чест на Св. Архангел Михаил во с. Кучевиште, тој секогаш започнува со празнување еден ден пред празникот односно на 25. јули ноќта, кога се јавува бројна посетеност од околните села и населби. Следен таков панаѓур е празникот на св. Илија кој се празнува на 1. и 2. август, почнувајки од 1-ви вечерта која се празнува во манастирот св. Илија во Чардак, додека на 2. август се празнува исто празникот на светецот св. Илија но на друго место односно во с. Бањане. Следен таков празник е празникот за 27, и 28 Август кога се празнува празникот на Голема Богородица, во манастирот Св. Богородица во с. Бањане, потоа на 11. септември се празнува празникот Св. Јован во с. Бањане каде што манастирот дава ручек за присутните, 21. септември Мала Богородица во с. Мирковци (Чардак), се дава ручек, потоа св. Никита 28. септември во с. Горњане и тн.

ПоврзаноУреди

Користена литератураУреди

  • "Споменици на Културата Македонија" - Балабанов, Николовски, Ќорнаков Скопје 1980
  • Мала енциклопедија Просвета, Треће издање (1985); Београд: „Просвета“; ISBN 86-07-00001-2
  • Јован Ђ. Марковић (1990): Енциклопедијски географски лексикон Југославије Сарајево: „Свјетлост“; ISBN 86-01-02651-6

НаводиУреди

  1. Т. Андоновски, И. Милевски, Геоморфолошки карактеристики на Кумановската Котлина, „Географски разгледи“, кн. 36, Скопје, 2001
  2. С. Томић, Скопска Црна Гора, Српски етнолошки зборник 3, Београд 1905, 409-417.

Надворешни врскиУреди