Антонио Пједра

друмски велосипедист

Антонио Пједра Перес (шпански: Antonio Piedra Pérez; р. 10 октомври 1985) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2007-2017 година.

Антонио Пједра
Пједра во 2008 година
Лични податоци
Цело имеАнтонио Пједра Перес
Роден10 октомври 1985(1985-10-10)(38 г.)
Севиља,  Шпанија
Висина1,78 м
Маса61 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2002
2003
2004
2005–2006
Ситроен Мартос Тобало (јуниор)
UCOP (јуниор)
Кордоба Патримонио де ла Хуманидад
Комунитат Валенсијана
Професионални клубови
2007
2008–2011
2012–2014
2016
2017
Фуертевентура-Канаријас
Андалусија-Кахасур
Каха Рурал-Сегурос РГА
Фунвик Сул Сајклс-Карфур
Тим Манзана Постобон
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2012)

Еднодневни трки и класици

ГП Рогаланд (2012)

Роден во Севиља, Пједра настапува како професионалец од 2007, натпреварувајќи се за екипите Фуертевентура-Канаријас и Андалусија-Кахасур, пред да се приклучи на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА за сезоната 2012. Пједра однел престижна победа на Рогаланд ГП во мај 2012, победувајќи сам со предност од 35 секунди од најблискиот соперник.[1] Учествувал на Вуелта а Еспања 2012, неговата екипа добила специјална покана и освоил голема победа на етапата 15, планинска етапа со завршница на нагорнина над Езерото Ковадонга. Пједра го следел потегот на неколку возачи, кои се одвоиле на првото искачување на етапата и се одвоил од нив на последното искачување на трката, првото искачување од „екстра“ категорија на Вуелта. Имал 2 минути и 2 секунди предност пред најблискиот соперник, возачот на Еускалтел-Еускади Рубен Перес.[2]

Достигнувања уреди

2006
2. Краен пласман Вуелта а Сеговија
1. Етапа 3
3. Краен пласман Вуелта а Паленсија
1. Етапа 2 (ТТТ)
2009
1. Етапа 5 Волта а Португал
2011
8. Краен пласман Тур де Сан Луис
9. ГП де Љодио
2012
1. Рогаланд ГП
1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
2013
Вуелта а Еспања
Награда за борбеност на етапа 5
2016
10. Краен пласман Тур де Лангкави

Наводи уреди

  1. „Пједра сам до победа во Норвешка“. Cycling News. Future Publishing Limited. 13 мај 2012. Посетено на 14 мај 2012.
  2. Сузан Вестемајер (2 септември 2012). „Пједра победи на етапа на Вуелта а Еспања по целодневно бегство“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 2 септември 2012.

Надворешни врски уреди