13 октомври
датум
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
13 октомври — 286-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (287-и во престапна година). Остануваат 79 денови до крајот на годината.
Настани:
1307 | Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се кривоверци. |
1792 | Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон. |
1884 | Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата. |
1943 | Под притисок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виктор Емануел III и неговиот премиер Бадољо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дошло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија. |
1952 | Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески. |
1972 | Над Андите се урнал авионот во кој се наоѓала репрезентацијата на Уругвај во рагби. |
2016 | По смртта на татка си, Маха Вачиралонгкорн е прогласен за крал на Тајланд (со владетелско име Рама X). |
Родени:
1474 | Мариото Арбертинели — италијански сликар, претставник на француската школа на високата ренесанса. |
1911 | Андре Навара, француски виолончелист. |
1923 | Драга Чаловска - Секуловска — македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. |
1925 | Маргарет Тачер — првата жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“. |
1927 | Ли Кониц — американски џез-музичар. |
1931 | Рејмон Копа — француски фудбалер. |
1932 | Душан Макавеев — српски и југословенски режисер. |
1941 | Пол Сајмон — американски поп-музичар. |
1948 | Нусрет Фатех Али Кан — пакистански музичар. |
1941 | Нана Александрија — грузиска шахистка. |
1956 | Синан Сакиќ — српски и југословенски фолк-пејач. |
1967 | Хавиер Стомајор — кубански атлетичар. |
1971 | Саша Барон Коен — британски глумец и комичар. |
1977 | Пол Пирс — американски кошаркар. |
1989 | Карлос Бетанкур — колумбиски велосипедист. |
1990 | Милица Тодоровиќ — српска пејачка. |
- 1925 - Маргарет Тачер, британски премиер
- 1932 - Душан Макавеев, српски режисер
- 1982 - Ијан Торп, австралиски пливач
Починале:
1822 | Антонио Канова — италијански неокласицистички вајар (р. 1757) |
1984 | Илија Зафировски — македонски новинар. |
2003 | Ѓорѓи Колозов — македонски глумец, прочуен по улогите во ТВ-серијалите „Македонски народни приказни“. |
2016 | Пумипон Адунљадет — крал на Тајланд. |