Историја
Историја — поим што означува сознанија за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е сè што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.
Историски извори
уредиИсторичарите добиваат податоци за минатото од различни извори, како што се пишаните или печатените, монети и други артефакти, градби и споменици, како и преданија. Се што се случило пред забележаната историја се означува како праисторија.
Како историски извори може да послужат визуелните извори (извори кои можат да бидат во облик на илустрации, цртежи, слики, мапи, постери, фотографии, археолошки ископини и др.), писмените извори (кои се во облик на написи, тестаменти, книги, пописни материјали, дневници, мемоари и др.), усната историја (во вид на раскажување или сеќавања на постари лива), и аудиовизуелните извори. Предметите и пишаните сведоштва за животот и дејноста на луѓето во минатото се викаат историски извори.Изворите се делат на материјални и пишани.Исто така се користат и усните кажувања за минатото.Материјалните извори се разновидни.Во нив спаѓаат стари орудија, садови, облека, накит,уметнички дела и други. Материјалните остатоци се многу драгоцени.Затоа се чуваат во музеите,а некои,како остатоци од градбите,се наоѓаат на местото каде што се откриени.
Во пишаните историски извори спаѓаат извештаи,патописи,писма,записи,весници,книги...Тие се чуваат на разни места:во библиотеки,музеи,архиви и на други места.Пишаните извори се многу сигурни и даваат значајни податоци за минатото.
Во усните кажувања спаѓаат разни кажувања за историски настани кои се пренесуваат усно од генерација на генерација.На пример,тука спаѓаат легендите,митовите и песните.Во нив има доста неточности,измислени настани и личности,па историчарите ги користат многу внимателно.
Поделба по периоди
уредиПраисторија
уреди- првобитно општество - од појавата на човекот до изумот на првите орудија.
- праисторија, периодот пред појавата на пишаните докумнети го делиме на:
- постаро камено време или палеолит ( - до 35.000 пр. не.)
- средно камено време или мезолит (35.000 пр.не. - до 10.000 пр. не. )
- младо камено време или неолит (10.000 пр. не. - до 3.000 пр. не.)
- бакарно време, бронзено време и железно време (8.000 пр. не. - до 750 пр. не.)
- варварско време, во општествените односи превладува родовско-племенско уредување
Историја (од појава на писмото)
уреди- стар век - појава на писмо, стариот век се дели според културите чии траги се зачувани до денес (3.500 пр. не. - V век)
- среден век - после падот на Западното Римско Царство во Европа започнува среден век.
Средниот век се дели на:
- Ран среден век - од Јустинијан I до Крстоносните војни
- Доцен среден век - Од Крстоносните војни до средината или крајот на XV век.
Средниот век може да се подели и според уметничките правци; во општествените односи преовладува феудализмот
- предромантика (X век)
- романтика (XI и XII век)
- готика (XIII и XIV век)
- Новиот век започнал со Колумбовото откривање на Америка во 1492 г.; во општествените односи се појавува капитализмот.
На полето на уметноста Новиот век се дели на:
- модерно време - време на денешницата, се смета дека почнало по Првата светска војна во 1918 г.
Посебни истории
уредиИсторија на области или народи
уредиИсторија се може да се проучува според областити или народи:
Историја на Европа
уредиИсторија на Северна и Јужна Америка
уредиИсторија на Азија
уреди- Кинески династии
- Кинеска граѓанска војна (1926-1949)
Историја на Африка
уредиИсторија на Австралија
уредиИсторијата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Историја“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[1]
- „Цикличниот од на историјата“ (Циклични ход историје) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[2]
- „Историја“ - песна на рускиот поет Александар Ревич.[3]
- „Лекција по историја“ (англиски: History Lesson) — песна на американската хард-кор група Минитмен Minutemen од 1981 година.[4]
- „Лекција по историја - втор дел“ (англиски: History Lesson - Part II) — песна на американската рок-група „Минитмен“ (Minutemen) од 1984 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 126-128.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 138-139.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 26.
- ↑ Minutemen – The Punch Line (пристапено на 9.4.2023)
- ↑ Discogs, Minutemen – Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)