Вејн Марк Руни (англиски: Wayne Mark Rooney) (роден на 24 октомври 1985, во Ливерпул) — англиски фудбалер, напаѓач на Ди Си Јунајтед и поранешен репрезентативец на Англија. Тој е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед. Тој исто така е еден од најтрофејните англиски играчи кој ги освоил сите можни титули во англискиот, европскиот и континенталниот фудбал со исклучок само на Суперкупот на Европа.

Вејн Руни
Руни со Манчестер Јунајтед во 2017
Лични податоци
Роден на 24 октомври 1985(1985-10-24)(38 г.)
Роден во Ливерпул, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Дарби Каунти Дарби Каунти (менаџер)
Младинска кариера
Евертон Евертон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2005 Евертон Евертон 67 (15)
2005-2017 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 393 (183)
2017-2018 Евертон Евертон 31 (10)
2018-2020 Ди Си Јунајтед Ди Си Јунајтед 48 (23)
2020-2021 Дарби Каунти Дарби Каунти 30 (6)
Репрезентација
2001-2002 Англија Англија 15 4 (2)
2002-2003 Англија Англија 17 12 (7)
2003 Англија Англија U19 1 (0)
2004-2018  Англија 120 (53)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 14 август 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 26 март 2011

На возраст од девет години, Руни се приклучил на младинскиот тим на Евертон, за кого го направил своето професионално деби во 2002 година. Тој поминал две сезони во тимот од Мерсисајд, пред да се преселил во Манчестер Јунајтед за сума од 25.600.000 £ во 2004 година во летниот трансферен прозорец. Руни освоил 16 титули со Јунајтед, вклучувајќи четири титули во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите во сезоната 2007-2008. Тој, исто така има по два вицешампионски медали од Премиер Лигата и од Лигата на шампионите. Тој постигнал 253 гола за Јуанјтед во сите натпреварувања што го прави нивниот најдобар стрелец на сите времиња, а 183 гола во Премиер лигата е најмногу постигнато од некој играч за кој било клуб.

Руни го направил своето деби за сенирскиот тим на Англија во 2003 година и стана најмладиот играч што ја претставувал Англија (рекордот подоцна е скршен од Тио Волкот), а исто така тој е најмладиот стрелец на Англија досега. Тој играше на Евро 2004 и постигна четири гола, со што стана најмлад стрелец во историјата. Руни играше и на Светските првенства во 2006 и 2010 година и нашироко се смета како најдобар играч на неговата земја. Тој е добитник на награда играч на годината во Англија двапати, во 2008 година и 2009 година. Почнувајќи од септември 2003 година, тој има одиграно 73 репрезентативни меча и постигнато 28 гола. Заедно со Дејвид Бекам, Руни е играчот со најмногу црвени картони за Англија.

Во сезоната 2009-10, на Руни му била доделена наградата за играч на годината во Премиер лигата и фудбалер на годината. Руни има освоено исто така трофеј и за Гол на сезоната во Премиер лигата, награда од страна на ББС. Тој бил именуван во "ФИФА про World 11" за 2011 година. Руни е третиот најскапо платен фудбалер во светот по Лионел Меси и Кристијано Роналдо, со годишен приход од € 20.7m (£ 18m), вклучувајќи и спонзорски договори.

Ран живот уреди

Руни е роден во Ливерпул како дете на Томас Вејн и Жанет Мари Руни. Тој е одирско потекло и израснат е како римокатолик со помладите браќа Греам иЏон. Тој израснал во неговиот локален клуб Евертон.

Клупска кариера уреди

Евертон уреди

младински категории уреди

Руни дошол во Евертон на 9 години и импресионирал во младинските категории пошто го добил прекарот "Чудо од дете". Во сезоната 1995-96 тој постигнал 114 голови во 29 меча за академијата на Евертон под 11 години и потоа со само 15 години започнал да игра за екипата до 19 години. Во 2002 постигнал осум гола во осум меча до финалето на ФА Младинскиот Куп.

Пробивот во првиот тим уреди

Руни бил неискористена резерва во мечот на Евертон на гости кај Саутемптон во победата на "карамелите" од 1-0 во април 2002 година. Неговото сениорско деби било следната сезона на 17 август во ремито 2-2 против Тотенхем и во тоа време тој станал вториот најмлад играч на Евертон во историјата зад Џо Ројл. Неговиот прв сениорски гол бил постигнат на мечот од Лига купот на 2 октомври против Рексам кога тој се запишал во списокот на стрелците двапати. Со овие голови тој станал најмладиот стрелец на тимот. На 19 октомври, пет дена пред неговиот 17-ти роденден, Руни го постигнува својот прв погодок во премиерлигата погодувајќи ја мрежата на Арсенал во 90-тата минута со што му носи победа на својот тим. Овој негов гол ја прекинала серијата од 30 меча без пораз на топчиите, но исто така Руни станува и најмладиот стрелец на гол во историјата на премиерлигата, рекорд подоцна надминат од Џејмс Милнер и Џејмс Вон. Петнаесет дена подоцна тој го постигнал единствениот гол на гостувањето кај Лидс Јунајтед.

Манчестер Јунајтед уреди

2004–2008; Победите во Премиер лигата и Лигата на шампионите уреди

По одличната сезона два тима се појавиле како сериозни кандидати за потписот на Руни, Њукасл Јунајтед и Манчестер Јунајтед. Евертон ја одбил понудата на Њукасл од 20 милиони £, за веднаш потоа Манчестер Јунајтед да достави понуда од 25.600.000 £ која била доволна за челниците на Евертон. Оваа понуда била највисоката на сите времиња за играч под 20 години, а Руни тогаш имал 18.

Руни го земал дресот со број 8 по неговото доаѓање на Олд Трафорд. Тој го направи своето деби за Јунајтед на 28 септември во победата од 6-2, дома над Фенербахче во Лигата на шампионите, постигнувајќи хет-трик и забележувајќи една асистенција. Овие голови го направиле Руни најмлад играч кој успеал да постигне хет-трик во Лигата на Шампионите на возраст од 18 години и 335 дена. Сепак, неговата прва сезона со Манчестер Јунајтед завршила без освојување на трофеј бидејќи тие само стигнале до третото место во лигата, и не успеале да се пласираат во последните осум на Лигата на шампионите. Јунајтед имал повеќе успех во куп натпреварите, но биле отстранети од Лига купот во полуфиналето од страна на Челзи кои исто така ја освоил Премиер лигата таа сезона. Тие играле нерешено без голови соАрсенал во финалето на ФА Купот 2005, по што селедело изведување на удари од белата точка по кои Арсенал славел и го освои трофејот.

 
Руни за време на победата на Јунајтед од 3–1 над Манчестер Сити во дербито, во кое тој го постигна првиот гол

Во септември 2005 година, Руни добил црвен картон во Лигата на шампионите против Виљареал во Шпанија (кој завршил нерешено без голови) за саркастично плескање на судијата кои му доделил жолт картон за ненамерен фаул врз противнички играч. Неговиот прв трофеј со Јунајтед бил во Лига купот во 2006 година и тој бил исто така именуван за играч на натпреварот по постигнувањето на два гола во победата од 4-0 на Јунајтед над Виган Атлетик во финалето. Во Премиер лигата, сепак, непредвидливиот старт на сезоната во потрагата за насловот завршил на Јунајтед заврши кон крајот на април кога тие загубиле со 3-0 на гости од шампионотЧелзи и морале да се задоволат со второто место. Руни имал се здобил со скршена коска на тој натпревар по опасниот старт направен од страна на Пауло Фереира. Руни дополнително ја подобрил својата статистика во сезоната 2005-06, така што тој успеал да реализира 16 гола во 36 меча во Премиер Лигата.

Во текот на првата половина од сезоната 2006-07, Руни ја завршил серијата од десет меча без постигнат гол со хет-трик против Болтон, по што тој потпиша продолжување на уште две-години на својот договор до 2012 година. Кон крајот на април, тој постигнал два гола во 8-3 вкупната победа во четврт-финалната победа над Рома и уште два во победата од 3-2 во полуфиналето на првиот натпревар против Милан. До крајот на таа сезона, тој постигнал 14 лигашки голови и Руни го освојува својот прв победнички медал во Премиер лигата на крајот на сезоната 2006-07.

2008-2013; Последните победи со Фергусон уреди

Во јуни 2008, Руни го преземал дресот со број 10 по заминувањето на Руд Ван Нистелрој. Руни ја скршил коската на левата нога на стартот од сезоната во првото коло против тимот на Рединг во ремито на 12 август. Тој паузирле 6 недели и се вратил за меч од Лигата на Шампионите. Руни ја завршил сезоната со 18 гола од кој 12 во лигата. На крајот Руни со својот клуб ги освоил двата најценети трофеи Премиерлигата и Лигата на Шампионите, во кои тие ги совладале соперниците од премиершип тимот на Челси по изведување на пенали во првото се-англиско финале во историјата.

На 12 февруари 2011 Руни постигнал прекрасен погодок со "ножички" во 78. минута, за да донесе победа над градските соперници, тимот на Манчестер Сити од 2-1. По мечот Руни изјавил дека тоа е неговиот најдобар гол којшто го постигнал во кариерата. Овој гол воедно бил избран и за гол на сезоната.

Кон крајот на август 2011 Руни го постигна својот 150-ти гол за Јунајтед, во хет-рикот што го постигнал во победата над Арсенал со убедливи 8-2. На 8 јануари 2012 тој постигна два гола, а еден додаде Дани Велбек во победата над Манчестер Сити од 3-2 нагости во третото коло од ФА Купот. Со тие два гола тој го претекнал, легендата на клубот Марк Хјуз на вечниот список на клубот за најдобри реализатори.

Титули уреди

  Манчестер Јунајтед уреди

Надворешни врски уреди