Јован VIII Палеолог

Јован VIII Палеолог (грчки: Ίωάννης Η 'Παλαιολόγος, 18 декември 1392 - 31 октомври 1448, Цариград), бил византискиот цар кој владеел од 1425 до 1448 година.

Јован VIII Палеолог
Ίωάννης Η' Παλαιολόγος
Византиски цар
Јован VIII Палеолог, во капелата Трите Свети крала во Палацо Медичи Рикарди во Фиренца, дело на Беноцо Гоцоли.
На престол1425 – 1448
ПретходникМануил II Палеолог
НаследникКонстантин XI Палеолог
СопружникАна Василиевна
Софија Монфератска
Марија Велика Комнина
ТаткоМануил II Палеолог
МајкаЕлена Драгаш
Медал изработен во Фиренца во текот на 1438 година на кој Јован VIII Палеолог е претставен со византиска капа.
На медалот е напишано: Јован VIII Палеолог цар и автократ на Римјаните.
Јован VIII Палеолог, во капелата Трите Свети крала на Палацо Медичи Рикарди во Фиренца, дело на Беноцо Гоцоли.

Јован VIII Палеолог бил најстар син на Мануил II Палеолог и на Елена Драгаш, ќерка на српскиот кнез Константин Драгаш. Јован VIII бил коцар заедно со неговиот татко уште од 1416 и станал единствен цар во 1425.

Во јуни 1422 година, Јован VIII Палеолог ја надгледувана одбраната на Цариград за време на опсада од страна на Мурат II. Но, мораше да го прифати губитокот на Солун кој неговиот брат Андроник ѝ го дал на Венеција во 1423 година.

За да обезбеди заштита од Турците, тој го посетил Папата Евгениј IV и се согласил да унија на православната и католичјата црква. Унијата била ратификувана во Собирот во Фиренца во 1439 година каде Јован VIII присуствуваа со уште 700 следбеници, вклучувајќи го патријархот Јосиф II од Цариград. Унијата не успеа поради противењето во Цариград од каде стигнале вести дека Подобро туртскиот турбан него папската мистра.[се бара извор]

Портрет на Јован VIII во манастирот Св. Катерина на Синај.

Јован VIII Палеолог го именувал својот брат Константин XI Палеолог, кој служел како регент во Цариград во 1437-1439, како негов наследник. И покрај спротивставувањето на неговиот помлад брат Димитриј Палеолог неговата мајка Елена успеала да ја осигура позицијата на цар за Константин XI Палеолог во 1448.

Владеењето на Јован VIII

уреди

За да добие помош од папството против проширувањето Отоманското Царство на сметка на Византија тој се сложува на обединување на православната црква со католичката црква. Во 1438 и 1439, присуствува на Соборот во Фиренца кој се одржал во Ферара. Овој собор бил свикан од страна на папата Евгениј IV). Во текот на оваа мисија Јован VIII e придружуван од 700 лица, меѓу кои биле и најважните научници и свештеници од империјата во тоа време, вклучувајќи ги:

Сепак, унијата на црквите не успеала поради спротивставувањето на свештениците во Цариград.

 
Византиското Царство по смртта на Јован VIII Палеолог.

Кога царот пристигнал во Фиренца, целта му била да фасцинира со својата појава. Во тоа и успеал. Фасцинирани не само со неговата голема придружба, туку и со неговиот начин на облекување[1] тој успеал да влијае на модата во Фиренца повеќе од еден век. Тој сепак, не бил обожуван од страна на луѓето во Италија. Таму бил го сметан за лоша и саркастична личност, единствено поради тоа што тој бил Византиец.

Некои историчари сметаат дека долгиот престој на царот во Фиренца не бил многу продуктивен и дека во тој период Јован VIII можел повеќе да стори доколку времето го поминел во Византија.[1]

Помош од Западот била испратена во Цариград под команда на кралот на Унгарија Јанош Хунади и кралот на Полска, Владислав III. Покрај првичните успеси крстоносците биле поразени во Битката кај Варна во 1444 година, а Јован VIII и понатаму останал соочен со османлиската закана.

Во домашната политика Јован се обидел да ја реорганизира империја и да ја поврати нејзината репутација. Се обидел да ги подобри одбранбените капацитети на империјата со на градење на флота од 48 галии.

Со оглед на тоа што немал наследници, по неговата смрт бил наследен од неговиот брат Константин XI Палеолог (1449-1453), кој ќе биде последен византискиот цар, иако Јован VIII бил последниот цар да бидат официјално крунисан од страна на патријархот на Цариград.

Браковите на Јован VIII

уреди

Јован VIII се женал трипати.[2] Неговиот прв брак бил со Ана од Москва, ќерка на великот кнез Василиј I од Москва (1389-1425) и на Софија од Литванија, во 1414. Таа почина во август 1417 година на чума.

Вториот брак, бил договорен од неговиот татко Мануил II и од папата Мартин V, со Софија Монферат во 1421. Софија била ќерка на Теодор II од Монферат и на неговата втора сопруга.

Неговиот трет брак, бил со Марија Требизон (1427). Таа била ќерка на Алексеј IV од Требизон и Теодора Кантакузен. Марија Требизон починала во текот на зимата на 1439, исто така од чума. Во ниту еден од браковите тој не добил деца.

Јован VIII во уметноста

уреди

Тој е насликани од страна на неколку сликари по повод неговата посета на Италија.[3] Можеби најпознатиот од неговите портрети е еден од Беноцо Гоцоли, на јужниот ѕид на капелата Трите кралеви, во Палацо Медичи-Riccardi, во Фиренца.

Еден портрет на Јован VIII се наоѓа во еден ракопис во манастирот Света Катерина на Синај.

Литература

уреди
  1. 1,0 1,1 Иван Ѓуриќ, Самракот на Византија — времето на Јована VIII Плаеолог (1392—1448), Ѓурѓа, Скопје, 1992.
  2. Dear John by Diana Gilliland Wright
  3. Drawings of John VIII Palaiologos by Pisanello, Florence 1439