Бордо
Бордо (фр. Bordeaux) — град во југозападна Франција, главен град на регионот Аквитанија-Лимузен-Поату-Шаранта и департманот Жиронда. Претставува дел од урбаната општина Бордо. По податоците од пописот од 2006 година[1], бројот на жители во Бордо изнесува околу 232.000 жители, додека вкупното население во општината е над милион. Бордо е светски познат по своите вина, нивниот висок квалитет и лозовите насади, од времето на „златната доба“ од XVIII век. Овој град е и поранешен главен град на Гијен и бил дел од Гаскоња.
Бордо | |
---|---|
Земја | Франција |
Управа | |
• Градоначалник (2008–2014) | Алан Жупе (UMP) |
Население 1 | 250.082 |
Час. појас | CET (GMT +1) |
2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Еден дел од градот познат како Порт де ла Лин (Port de la Lune), од јуни 2007 година е дел од светското културно наследство според УНЕСКО[2].
Историја
уредиПред помеѓу 30 000 и 20 000 години, регионот околу Бордо бил населен од неандарталецот. Останки од овој период се пронајдени во пештерата позната како Пер-нон-пер (Pair-non-Pair) во близина на Бург, северно од Бордо.
Околу 300 година пне, на овие простори се сместило келтското племе, Bituriges Vivisci, кое го нарекло градот Бурдигала. Името Бурд сè уште е име на реката јужно од градот. Бордо потпаднал под римска власт околу 60 година пне и имал голема важност за трговијата со калај и олово. Подоцна станал главен град на Романски Акитен, кој значително се развил за време на династијата Севери (3 век). Во 276 Бордо бил опустошен од Вандалите. Потоа следеле уште неколку опустошувања: повторно од страна на вандалите во 409 година, па западните готи во 414 и Франките во 498 година, по што следело мрачен преиод за градот.
Кон крајот на 6 век, градот повторно се издигнал, станувајќи седиште на грофовијата и архиепископијата во меровинговото кралство на франките. Градот бил опљачкан од трупите на Абд ер Рахман во 732 година.
Од 12 до 15 век, Бордо повторно се здобива со значајност, по бракот на војвотката Елеанор од Акитен со грофот Хенри Плантагенет кој само неколку месеци по венчавката станал крал Хенри II од Англија. Градот почнал да се развива, најмногу благодарение на трговијата со вино. Изградена била катедралата Сент-Андре. Бордо станал и главен град на независната држава на Едвард Црниот Принц (1362-1372), но на крајот по Битката под Касијон (1453), градот потпаднал под Франција. Замокот труба (Château Trompette) и Форт ду а (Fort du Hâ) изградени од страна на Шарл VII од Франција, биле симбол на новата доминација. Ова се одразило на богатството на градот, бидејќи била запрена трговијата со Англија. Во 1463 година, Бордо добива парламент, но важноста е зголемена дури за време на 16 век кога овој град станува центар за дистрибуција на шеќер и робови од Карибите.
Бордо бил целосно вклучен во Франскуското кралство дури во 1653 година кога Луј XIV влегол во градот.
18 век биле „златните години“ на Бордо. Многу градби (околу 5000) кои сè уште стојат во стариот дел на градот се токму од овој период. Виктор Иго градот го сметал за толку убав што еднаш рекол : „земето го Версај, додадете го Антверпен и го имате Бордо“. Барон Осман, го користел Бордо од 18 век за модел, кога бил замолен од императорот Наполеон III да го трансформира тогашниот квазисредновековен Париз во модерена европска метропола со која Франција би се гордеела.
Француската влада била преселана од Париз во Бордо за време на Втората светска војна, која веќе станало очигледно дека градот ќе падне во рацете на германските трупи.
Географија
уредиБордо е сместен во близина на европскиот атлантски брег, во југозападниот дел на Франција и северниот дел на регионот Акитен. Градот е изграден на бреговите на реката Гарона и поделен е на два дела : десен брег на исток и лев брег на запад. Историски гледано, левиот брег секогаш бил поразвиен од десниот. Бордо е пристапен до океанските линии, благодарение на реката Гарона.
Клима
уредиКлимата во Акитен е типично океанска клима, која се одликува со благи зими и топли лета. Врнежите се доста чести и присутни за време на целата година. Годишно поѓаат околу 820 милиметри дожд и има околу 150 дождливи денови. За време на летниот период, врнежите се последица на топлите бури. Во јули 1883 година, најголемите дождови од 30 минути кои биле забележани во Франција, биле во Бордо.
Средната температура во јануари е 6,4 °C, и 20,9 °C во август, со годишна средна температура од 13,3 °C. За време на летниот период во Бордо има 15-20 дена со температури над 30 °C. Екстрамни температури се забележани за време на летото 2003 година, кога достигнале 41 °C. Истото лето имало 12 последователни дена кога максималната температура преминала 35 °C. Бордо годишно профирира од над 2000 сончеви часови, и дури 2200 часови сонце во крајбрежјето.
Бордо имал исклучително ладни зими во 1985 и 1987 година, потоа суша од 1988 до 1992 година. Друг сушен период бил од 2002 до 2005 година.
Месец | Јан | Фев | Март | Апр | Мај | Јуни | Јули | Авг | Сеп | Окт | Нов | Дек | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Просечна максимална температура (°C) | 9 | 11 | 14 | 16 | 19 | 23 | 26 | 26 | 23 | 18 | 13 | 10 | |
Просечна минимална температура (°C) | 2 | 3 | 4 | 6 | 10 | 13 | 15 | 15 | 12 | 9 | 5 | 3 | |
Просечна температура (°C) | 6 | 7 | 9 | 11 | 15 | 18 | 21 | 21 | 18 | 14 | 9 | 7 | |
Просечни врнежи (mm) | 76 | 64 | 66 | 66 | 71 | 66 | 53 | 58 | 71 | 86 | 89 | 86 | |
Извори : The Weather Channel Météo France Архивирано на 14 мај 2008 г. |
Геологија
уредиНа левиот брег на Гарона, на кој се наоѓа поголемиот дел од градот Бордо, е пространа низина, со мочуриштен дел во северниот дел кај Бордо-Лак. Иако постојат некои ритчиња, надморската висина на овој дел останува доста ниска. Овој низински регион е составен од седименти, и земјата е главно составена од чакал. Западно од предградијата почнува песочната низина на Ланд. Почвите во тој дел се неплодни, брзо ја пропуштаат водата и лесно складираат топлина. Овие почви се совршено адаптирани за лозовите насади. Градот Бордо е сместен помеѓу Медок (Médoc) и Грав (Graves) кои се доста слични од геолошка гледна точка.
Десниот брег на Гарона е многу пораличен, затоа што речиси директно преминуваме од низина на варовничка висорамнина. Надморската височина се зголемува до околу 90 метри. На истота висорамнина која почнува во Бордо, околу 20 километри поисточно се наоѓаат светски познатите винарски домени како Сент-Емилион, Померол и Фронсак, каде се произведуваат едни од најскапите вина во светот.
Урбанизам
уредиБордо е поделено на 8 кантони. Кантоните од 1 до 6 се наоѓаат на левиот брег покрај реката. Седмиот кантон се однесува на десниот брег односно на квартот Бастид. Осмиот кантон е квартот Кодеран. Оваа поделба и чисто административна и нема никаква историска поврзаност.
Градот може да се подели на три дела :
- стариот град Бордо
- старите предградија
- надворешните квартови (како Бордо-Лак и Кодеран)
Демографија
уредиГрадот Бордо има 235 878 жители (според пописот од 2009 година), и е деветтиот град по населеност во Франција. Со предградијата вкупното население е 753 931 жител (попис од 1999 година), и е седмата француска агломерација по големина по Париз, Лион, Марсеј, Лил, Тулуза и Ница. Урбаната зона опфаќа 1 009 000 жители (попис од 2005 година). По периодот на нагло опаѓање на населението (280 000 жители во 1946 година, 208 159 жители во 1982 година) и глемите проекти на реновирање на квартовите, популацијата во градот почнува да се зголемува. Општината на Бордо има покачување од 20 000 жители за 20 години.
Пописите направени во 2004 и 2005 година покажуваат дека има 126 046 домаќинства и 139 707 живеалишта. Од 229 900 жители на Бордо, 46% се мажи, а 54% се жени. Од вкупнато население над 15 години, 54% се самци, 32% се во брак, 8% се разведени, а 6% се вдовец/вдовица.
1350 | 1375 | 1420 | 1660 | 1750 | 1790 | 1801 | 1936 | 1946 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
30 000 | 10 000 | 20 000 | 40 000 | 60 000 | 111 000 | 91 000 | 258 000 | 280 000 |
1954 | 1962 | 1968 | 1975 | 1982 | 1990 | 1999 | 2006 | |
284 494 | 278 000 | 266 000 | 223 000 | 208 159 | 210 336 | 215 363 | 232 260 |
Стопанство
уредиЛозарство
уредиБордо се смета за светскиот центар на виното. Во околината на Бордо има огромни површини лозја и тука се произведуваат едни од најпрестижните вина во светот. Вината се познати како Вина од Бордо. Во околината има 14 000 производители на вино, 117 514 хектари лозје, 400 трговци со вино и приходи од околу 14,5 милијарди евра. Годишното производство е 700 милиони шишиња.
Се произведуваат и бели и црвени вина. Црвените вина го даваат потеклото на името на бојата бордо. Црвените вина најчесто се произведуваат од сортите каберне совињон, мерло, каберне франк, пети вердо, малбек и малку поретко карменер. Белите вина се произведуваат од сортите совињон блан, семијон и мускадел.
Лозовите површини во бордошкиот регион се поделени на 5 региони: Ентр-д-мер, Либурне, Бурже-Блаје, Грав и Медок. Најпознатите тероари се Сент-Емилион, Појак, Сент-Естеф, Сотерн и Померол. Рангирањето на вината од Бордо е поставено во 1855 година, но е подложено на многу критики поради неговиот непроменлив карактер.
Во последно време, постои криза во индустријта до вина, најмногу поради меѓународната конкуренција и паѓањето на цените. Во последните години, бројот на производители значително се намалил.
Индустрија
уредиБордо е исто така и индустриски град. Во индустријата работат околу 28 000 вработени, од кои најмногу во производителот на автомобили Форд. Агломерацијата на Бордо е главен национален центар на воздухопловната, вселенската и одбранбена индустрија. Токму во овој регион се создадени авионот Falcon и кабината на Airbus A380. Ласерот Mégajoule е во изработка во Бордо. Во овој проект, кој е главен во обновувањето на француската јадрена програма, француското министерство за одбрана инвестирало околу 2 милијарди евра. Во градот е присутна и петрохемиска и фармацевска индустрија.
Автономно пристаниште
уредиГрадот Бордо има и значајна пристанишна активност. На ова автономно пристаниште годишно доаѓаат околу 1600 брода со околу 9 милиони тони производи. Низ Бордо поминуваат и деловите за Airbus A380 кои продолжуваат накај Тулуза.
Туризам
уредиГодишно Бордо го посетуваат околу 2,5 милиони посетители од целиот свет. Овој град е и второто место на атлантскиот брег на кое запираат бродовите кои крстарат. Секоја година дваесеттина од овие големи патнички бродови се закотвуваат во строгиот центар на градот.
Администрација
уредиГрадоначалници на Бордо
уредиПоследни градоначалници на Бордо :
- Жак Шабан-Делмас (Jacques Chaban-Delmas) (RPR) (1947-1995)
- Алан Жупе (Alain Juppé) (UMP) (1995-2004)
- Уг Мартан (Hugues Martin) (UMP) (2004-2006)
- Алан Жупе (Alain Juppé) (2006- )
Административни квартови
уредиВо 1995 година, управата на градот го поделила Бордо на 12 административни кварта. Оваа поделеност овозможува поефикасно решавање на локалните проблеми. Овие 12 кварта содржат и повеќе историски квартови.
12те кварта во Бордо се :
- Бордо-Лак
- Бакалан
- Гранд-парк – Шатрон – Пол Думе
- Бастид
- Отел д вил – Кинконс – Сан-Пјер – Сант-Елоа
- Сен-Серан – Фондодеж
- Кодеран
- Сант-Агустан – Кантан-Лушер – Тонду
- Сен-Бруно – Сен-Виктоар – Мериадек
- Капусан – Виктоар – Сен-Мишел – Сен-Кроа
- Нансути – Сен-Жене – Симиот – Бариер д Тулуза
- Сен-Жан – Белсие – Карл Верне – Алебер I – Сакре кер
Кантони
уредиВо 1965 година, општината Кодеран е припоена кон градот, и денес ја претставува осмата кантона.
- 1. кантона брои 24 453 жители;
- 2. кантона брои 23 855 жители;
- 3. кантона брои 31 634 жители;
- 4. кантона брои 30 994 жители;
- 5. кантона брои 25 184 жители;
- 6. кантона брои 27 302 жители;
- 7. кантона брои 12 993 жители;
- 8. кантона брои 38 948 жители.
Образование
уредиБордо е шести универзитетски град после Париз, Лион, Тулуза, Лил и Марсеј. Во градот живеат околу 70 000 студенти кои се запишани на универзитетите или на високите школи.
Универзитети
уредиУниверзитетот во Бордо е создаден од надбискупот Пеј Берлан (Pey Berland). Укинат е во 1793 година за време на француската револуција, а потоа повторно е обновен од страна на Наполеон I во 1808 година.
Универзитетот во Бордо е поделен на четири дела :
- Универзитет Бордо 1 – наука и технологија (10 693 студенти во 2002 година)
- Универзитет Бордо 2 – медицина, науки за човекот, спорт и енологија (15 038 студенти во 2002 година)
- Универзитет Бордо 3 – општествени науки, книжевност и јазици (14 785 студенти во 2002 година)
- Универзитет Бордо 4 – право, политички науки, економски, социјални науки и менаџмент (12 556 студенти во 2002 година)
Во Бордо има и голем број на државни и приватни високи школи.
Спорт
уредиСтадионот Шабан-Делмас е најголемиот стадион во Бордо со капацитет од 35 000 гледачи. Спортски тимови во Бордо :
- Girondins de Bordeaux - игра во првата француска лига (League 1)
- Union Bordeaux Bègles – игра во втората дивизија (Championnat de France Pro D2)
- JSA Bordeaux – игра во третата машка дивизија (NM1)
- Girondins de Bordeaux HBC – игра во машката националната прва лига - CA Bèglais Handball – игра во женската втора дивизија - Mérignac Handball – игра во женската втора дивизија - US Mios-Biganos Handball Club – игра во женската прва дивизија
Познати личности кои живееле во Бордо
уреди- Ричард II од Англија, крал на Англија роден во Бордо на 6 јануари 1367, (починал 17 февруари 1400 во Англија)
- Пјер Лакур (Pierre Lacour), сликар роден 1745 (починал 1814 во Бордо)
- Мишел д Монтењ (Michel de Montaigne), есеист роден во Бордо 1533 година (
- Шарл-Франсоа Делакроа (Charles-François Delacroix), француски политичар починал во Бордо 1805 година (роден 15 април 1741)
- Франциско Гоја (Francisco Goya), шпански сликар, починал во Бордо на 16 април 1828 година (роден 1746)
- Монтескју (Montesquieu), филозоф и писател
Збратимени градови
уредиБордо е збратимен град со :
|
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Бордо“ на Ризницата ? |
- Мрежно место на градската управа на Бордо
- Tourist office website
- [1]
- Официјална страна на Girondins de Bordeaux
- Sciences Po Bordeaux
- Карти и распореди на трамваите и автобусите Архивирано на 21 април 2006 г.
- Официјална страна за бордошките вина