Александар I Караѓорѓевиќ
Александар I Караѓорѓевиќ (српски: Александар I Карађорђевић) (17 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора — 19 октомври 1934 во Марсеј, Франција), познат како Александар Караѓорѓевиќ, Крал Александар и Александар Обединителот бил крал на Кралството СХС од 1921 до 1929 година, а од 1929 до 9 октомври 1934 година, крал на Кралство Југославија.[1][2][3]
Александар I Aleksandar I Karađorđević Александар I Карађорђевић | |||||
---|---|---|---|---|---|
Крал на Југославија | |||||
На престол | 3 октомври 1929 – 9 октомври 1934 | ||||
Наследник | Петар II | ||||
Крал на Србите, Хрватите и Словенците | |||||
На престол | 16 август 1921 – 3 октомври 1929 | ||||
Претходник | Петар I | ||||
Роден(а) | 16 декември 1888 Цетиње, Црна Гора | ||||
Починал(а) | 9 октомври 1934 Марсеј, Франција | (возр. 45) ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | Марија Караѓорѓевиќ (в. 1922) | ||||
| |||||
Династија | Караѓорѓевиќ | ||||
Татко | Петар I Караѓорѓевиќ | ||||
Мајка | Зорка Караѓорѓевиќ | ||||
Вероисповед | Православие | ||||
Потпис |
Младост
уредиАлександар Караѓорѓевиќ е роден на 16 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора како четврто дете (втор син) на Петар I Караѓорѓевиќ (син на кнезот Александар кој триесет години претходно бил приморан да абдицира и да ја предаде власта во Србија на династијата Обреновиќ) и кнегињата Зорка од Црна Гора (најстарата ќерка на тогашниот црногорски кнез Никола Петровиќ-Његош).
Александар имал две години кога неговата мајка, кнегињата Зорка починала во 1890 од компликации за време на пораѓањето со неговиот брат Андрија, кој исто така починал по 23 дена.
Александар го поминал своето детство во Црна Гора; сепак, во 1894 година неговиот татко вдовец ги зел трите деца, меѓу кои и Александар, во Женева, каде што тој го завршил основното образование. Заедно со својот постар брат Ѓорѓе, продолжил со школувањето во царскиот корпус во Санкт Петербург, Руската Империја. Во 1903 година, додека младиот Ѓорѓе и Александар сè уште се образувале, нивниот татко Петар, заедно со група заговорници, успеале да организираат државен удар во Кралството Србија, познат како Мајски преврат, во кој кралот Александар I Обреновиќ и кралицата Драга биле убиени. Така, династијата на Караѓорѓевиќ го презела српскиот престол по четириесет и пет години, а 58-годишниот татко на Александар станал крал Петар I, поради што Ѓорѓе и Александар се вратиле во Србија за да продолжат со нивните студии.
Атентат
уредиУбиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година.
Атентатот на кралот е еден од ретките атентати снимен на филм и е една од поважните снимки во историјата на филмот. Пукањето се случило точно пред објективот на снимателот којшто не успеал да го сними самото убиство, туку последиците од него и успеал да ги сними неколкуте минути после тоа, така што од само неколку сантиметри оддалеченост е снимено и мртвото тело на кралот.
Предци
уредиПредци на Александар I Караѓорѓевиќ[4][5] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Поврзано
уредиАлександар I Караѓорѓевиќ Роден(а): 16 декември 1888 Починал(а): 9 октомври 1934
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Петар I |
Крал на Србите, Хрватите и Словенците 16 август 1921 – 6 јануари 1929 |
Бил прогласен за Крал на Југославија |
Нова титула | Крал на Југославија 6 јануари 1929 – 9 октомври 1934 |
Наследник Петар II |
Наводи
уреди- ↑ Глигоријевић, Бранислав (2002). Краљ Александар Карађорђевић у ратовима за национално ослобођење. Београд: Завод за уџбенике. ISBN 978-86-17-10088-7.
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 224. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 670. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „KO SU KARAĐORĐEVIĆI? Dinastija koja u svojoj krvi ima gene Karađorđa, Nemanjića i Romanova! (FOTO) (RODOSLOV)“. 2013-05-25.
- ↑ „Family Tree“.