Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929Скопје, 22 мај 2010) — македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист.[1]

Гане Тодоровски
Гане Тодоровски
Роден/аГане Тодоровски
11 мај 1929
Скопје, Македонија
Починат/а22 мај 2010(2010-05-22) (возр. 81)
Скопје, Македонија
Занимањепоет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист.
НационалностМакедонец
Образованиедипломиран филозоф и академик
Апсолвент наФилозофски факултет - Скопје
Периодсовремена македонска книжевност, книжевноста на македонскиот јазик после Втората светска војна.
Жанрлингвистика, филологија, македонист, историја, етнографија и аналитика
Предметмакедонска историја, книжевност, филологија, аналитика и политика
РодниниТрајко Тодоровски (татко)

Животопис

уреди

Гане Тодоровски завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевностXIX век на Филолошкиот факултет во Скопје.

Со книжевна активност започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на книжевните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм „Проштевање“ (1963), како ко-сценарист.

Во 1951 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврати (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Член е на МАНУ од 1997 година.

Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.

Починал на 22 мај 2010 година.[2] Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај 2010 г. Со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Негова последна желба било токму во ова село да биде погребан и неговата песна „Завет“ да биде прочитана на закопот. И желбата му била исполнета.[3]

Творештво

уреди
  • Во утрините (поезија, 1951)
  • Тревожни звуци (поезија, 1953)
  • Спокоен чекор (поезија, 1956)
  • Божилак (поезија, 1960)
  • Апотеоза на делникот (поезија, 1964)
  • Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968)
  • Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970)
  • Снеубавен ден (поезија, 1974)
  • Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974)
  • Веда Словена (1979)
  • Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979)
  • Скопјани (поезија, 1981)
  • Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983)
  • Со збор кон зборот (студии и критики, 1985)
  • Поход кон Хеликон (студии, 1987)
  • Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987)
  • Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987)
  • Недостижна (поезија, 1995)
  • Осамен патник (поезија на англиски, 1996).

Составувач е на антологиите:

  • Песната - храброст (1975)
  • Австриската поезија на XX век (1982) и други.

Како соавтор ги приредил антологиите:

  • Словенечки поети (1956)
  • Езерска земја (1967)
  • Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968)
  • Нова хрватска поезија (1973)
  • Современа хрватска поезија (1981).

Награди

уреди

Преведувачките награди

  • Григор Прличев
  • Кирил Пејчиновиќ
  • Златно перо

Рекоа за Гане Тодоровски...

уреди
 
Гробот на Гане Тодоровски во Кожле
Нашиот Гане се вреднува меѓу доминантните личности во балканските, но и дел од европските книжевности и култури, со испрекинат континуитет и задоцнети ренесанси, кои со нивната исклучителна творечка мисија, речиси сами го носат митот на континуитетот, драмата на обновата. Сведоштво за оваа исклучителна мисија, се и овие десет томови, извлечени од големата Ганева библиотека-живот која останува отворена во сите годишни времиња на постоењето. Гане е верниот и достоен потомок на претскажаното Прличево племе, кое требаше еден ден да стаса и на вистинскиот јазик, на мајчиниот јазик, да ја искаже поетиката на идентитетот и вистината за својот народ. Гане, како никој друг ќе го разбере кодот на јазичниот егзил на Прличев, ќе го преточи генијот на својата уметност.Луан Старова[4]

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 259 -260.
  2. Почина академик Гане Тодоровски Архивирано на 5 март 2012 г., МИА, 23 мај 2010.
  3. „Гане Тодоровски беше единствен во македонската поетска фаланга“. Архивирано од изворникот на 2010-06-02. Посетено на 2010-05-26.
  4. „Гане Тодоровски е доминантна личност во балканската култура“

Надворешни врски

уреди