Фридрих „Фриц“ Валтер (германски: Friedrich "Fritz" Walter, 31 октомври 1920, Кајзерслаутерн - 17 јуни 2002, Енкенбах-Алсенборн) — поранешен германски фудбалер . Тој играл во офанзива и полу шпиц позиција, и со германската репрезентација, тој го освоил Светското првенство во 1954 година како нејзин капитен .

Фриц Валтер
Валтер ви дресот на Кајзерслаутерн во 1956.
Лични информации
Целосно име Фридрих Валтер
Датум на раѓање 31 октомври 1920(1920-10-31)
Место на раѓање Кајзерслаутерн, Германија
Датум на починување 17 јуни 2002(2002-06-17) (возр. 81)
Место на починување Енкенбах-Алсенборн, Германија
Положба среден ред
Младинска кариера
1928–1929 ФК Кајзерслаутерн
1929–1937 1. FC Kaiserslautern
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
1937–1959 1. FC Kaiserslautern 364 (357)
Меѓународна кариера
1940–1958 Germany 61 (33)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Клупска кариера уреди

Фриц Валтер ја поминал младинската школа Кајзерслаутерн и дебитирал за првиот тим во 1938 година со само17 години. Неговите браќа Отар и Лудвиг играле за екипата на Кајзерслаутерн . Во 1942 година тој бил регрутиран во германската армија . Крајот на војната ја дочекал како воен заробеник во кампот во Советскиот Сојуз, каде што еден ден заиграл фудбал со другите затвореници. На половина од овој натпревар, еден од унгарските чувари го препознал, и така Фриц Валтер е спасен од одење во сибирски гулаг .[1]

По враќањето од војната, тој продолжил да игра за Кајзерслаутерн, од 1945 година до 1949 година . Тој исто така бил тренер. Со Кајзерслаутерн, тој бил двапати германски шампион: 1951 и 1953 година, додека германски вице-шампион бил 3 пати: 1948, 1955 и 1956 година. година.

Репрезентативна кариера уреди

Фриц Валтер дебитирал за германската репрезентација на 14 јули 1940 година против репрезентацијата на Романија и постигнал 3 гола во тој натпревар.[2] По Втората светска војна, репрезентацијата на Германија не бил во можност да учествува на Светското првенство во 1950 година, а Фриц Валтер се врати во репрезентацијата во 1951 година и станал капитен на репрезентацијата. Германија се квалификувал на Светското првенство во 1954 година, каде што во групна фаза се сретнале со Унгарија, која убедливо ги освоиле со неверојатни 8: 3. Германија ја поминала групната фаза по победата над Турција, а потоа во четвртфиналето и полуфиналето ја победиле Југославија и Австрија, и на тој начин стигнале до финалето. Во финалето Германија повторно се сретнала со Унгарија. На тој ден, во Берн, каде што играле, дождот паѓал. Ваквите услови за играта му кореспондирале на Фрико Валтер, за разлика од топлите временски услови, кога изиграл послаби серии затоа што страдал од маларија за време на Втората светска војна, и затоа дождливото време било наречено Фриц-Валтер-време ( ).[3] По само 8 минути од натпреварот, Унгарија водела со 2: 0, и се чинело дека дебаклот ќе се повтори во групната фаза. Сепак, Германија брзо изедначила на 2: 2, а во 84. минута постигнал гол за 3: 2, голем пресврт и победа на Германија. Така, Фриц Валтер како капитен ја предводел Германија до првата титула за светскиот шампион. Заедно со Фриц, оваа светска шампионска титула ја освоил и неговиот брат Отар Мартин.

Германија, исто така, учествувала на следното Светско првенство во 1958 година, но овој пат Фриц Валтер не бил капитен на тимот. Германија завршила како четврта во првенството, а Фриц Валтер се повлекол од репрезентацијата .

Трофеи уреди

Кајзерслаутерн

Поединечно

  • Орден за заслуги на ФИФА: 1994 [4]
  • Дел од тимот на Светскиот куп: 1954 [5]
  • Златен играч на Германија по избор на УЕФА: 2003

Наводи уреди

  1. „Fritz Walter: A Footballing Grandmaster“. goaldentimes.org. 19 ноември 2011. Посетено на 28 јануари 2018.
  2. „Fritz Walter - Goals in International Matches“. rsssf.com. Посетено на 28 јануари 2018.
  3. „Fritz-Walter-Wetter“. fritz-walter-stiftung.de. Посетено на 28 јануари 2018.
  4. „FIFA Order of Merit holders“ (PDF). fifa.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-24. Посетено на 28 јануари 2018.
  5. „All-Star Team“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2016-06-30. Посетено на 28 јануари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди