<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

31 октомври — 304-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (305-и во престапна година). Остануваат 61 денови до крајот на годината.

Настани:

1517  На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“.
1876  Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести.
1892  Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс.
1924  Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.
1956  Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет.
1984  Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики.
1994  Водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата.
1995  Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ.

Родени:

1345  Фердинанд Iкрал на Португалија.
1391  Едвард Португалскикрал на Португалија.
1424  Владислав IIIкрал на Полска и Унгарија.
1705  Климент XIVримски папа од (1769-1774).
1835  Адолф фон Бајер — германски хемичар.
1838  Луис Iкрал на Португалија.
1892  Александар Алехин — руски шахист.
1903  Џоан Робинсон — англиска економистка.
1905  Хајнрих фон Штакелберг — германски економист.
1919  Димитар Богоевски - Митенароден херој на Македонија.
1920  Фриц Валтер — германски фудбалер.
1921  Бранко Станковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1929  Бад Спенсер — италијански глумец.
1930  Мајкл Колинс — американски космонаут.
1939  Али Фарка Туре — музичар од Мали.
1942  Атанас Ќушкоски — македонски драмски писател.
1947  Херман ван Ромпој — белгиски политичар.
1961  Питер Џексон — новозенландски режисер.
1963  Џони Мар — англиски рок-музичар, член на групата „Смитс“ (The Smiths).
1964  Марко Ван Бастен — холандски фудбалер.
1968  Ванила Ајс — американски рапер.
1971  Сашо Гешовски — првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избиле во 1991 година во СФРЈ.
1972  Григорис Георгатос — грчки фудбалер.
1976  Гути — шпански фудбалер.
1979  Симао Саброса — португалски фудбалер.
1995  Предраг Рајковиќ — српски фудбалски голман.
1997  Маркус Рашфорд — англиски фудбалер.
1999  Јани Атанасов — македонски фудбалер.
2002  Ансу Фати — фудбалер од Гвинеја-Бисау.

Починале:

1448  Јован VIII Палеолог — претпоследен византиски цар.
1851  Петар Петровиќ - Његошвладика и владетел на Црна Гора.
1898  Јосиф Ковачев — македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник.
1984  Индира Ганди — премиер на Индија и истакнат водач на Движењето на неврзаните.
1987  Џозеф Кемпбел — американски митолог.
1993  Ривер Феникс — американски глумец и музичар.
1993  Федерико Фелини — италијански филмски режисер.
1997  Тадеуш Јанчар — полски глумец.
2002  Михалис Стасинопулос — претседател на Грција.
2002  Раф Валоне — италијански фудбалер и глумец.
2005  Амрита Притам — индиска писателка.
2006  Питер Бота — претседател на ЈАР.
2011  Флоријан Алберт — унгарски фудбалер.
2020 Шон Конери — шкотски глумец.

Празници:

Светски ден на штедењето
Ноќ на вештерките
Ден на реформацијата — празник во протестантството, особено за лутеранците. Државен празник во Чиле.